Таникава низ напукнатите прозорци на поезијата нè учи да си ја простиме суштинската осаменост - Канал 5

Таникава низ напукнатите прозорци на поезијата нè учи да си ја простиме суштинската осаменост

Поетски портрет на лауреатот на „Златен венец“ на „Струшките вечери на поезијата“ за 2022 година, јапонскиот поет Шунтаро Таникава, беше претставен вечерва во црквата „Света Софија“ во Охрид.

Таникава низ напукнатите прозорци на поезијата нè учи да си ја простиме суштинската осаменост

За неговото творештво говореше македонскиот поет Никола Маџиров, кој истакна дека Таникава е еден од најиновативните поети во Јапонија.

- Поезијата на Шунтаро Таникава патува како неуловена птица низ омеѓените простори на јазиците, како семе посеано во ноќта што нечујно се преобразува во музика, во филм, во слика или калиграфско писмо, во вознемирувачка или успокојувачка тишина. Тој е најпродуктивниот и најиновативниот современ поет од Јапонија, чии стихови се појавуваат и во школски учебници и во мас-медиумите, но и во прогресивните книжевни списанија чиј канон се состои во рушењето на каноните - истакна Маџиров.

Осврнувајќи се на неговото творештво тој потенцираше дека неговата поезија е високософистицирана и полна со лирски и звучни асоцијации.

- Речиси во секоја книга поезија тој свесно и храбро усвојува различен модус, стил, стиховна хармонија. Иако неговите зборови се јасни, исчистени од формалност и фигуративност, а неговите стихови лесно се разбираат, сепак неговата поезија е високо софистицирана, остро исцртана како разгранети корења кон небото. Таа е полна со лирски и звучни асоцијации и со иновативни игри на зборови, но под ритамот на песните течат длабоки филозофски мисли и емотивни копнежи. Таникава има способност миговно и без особен напор да ги претопи секојдневните нешта во драматизиран концепт и токму тоа ѝ дава една магнетска особеност на неговата поезија. Неговите песни прво нè освојуваат со зборовите и сликите што изгледаат познати и лесни за разбирање, за потоа да нè поведат во длабочините на една пресекувачка стварност - рече Маџиров.

Тој додаде дека поезијата на Таникава нѐ учи како да си ја простиме суштинската осаменост.

- Корењата на поезијата на Таникава растат меѓу минералите на длабоката осама, каде што тишината е почеток на создавањето, вдишување пред издишувањето на првиот збор. Арс поетиката на современиот јапонски поет е болна и алхемичарска - од тишината да создадеш јазик, со тишината да кажеш за гласноста на светот, како птица што со молкот навестува бомбардирање. Стихот на Роберт Фрост вели: „да бидеш социјален, значи да простуваш“, а Шунтаро Таникава низ напукнатите прозорци на поезијата нè учи да си ја простиме суштинската, универзумска осаменост - заклучи Маџиров.

На манифестацијата синот на лауреатот, Кенсаку Таникава, прочита неколку песни од својот татко, а потоа изведе неколку композиции на пијано.

Таникава поради возраста не присуствува на фестивалот, а „Златниот венец“ во негово име ќе го прими неговиот син Кенсаку.

Годинашното издание на „Струшките вечери на поезија“ се одржува под мотото „Ритам на стихот, ритам на животот“, на кое присуствуваат над 20 поети од странство и 30-ина од државата.

Свеченото затворање на фестивалот, традиционално ќе биде утре на Мостот на поезијата, со традиционалното поетско читање „Мостови“ и врачување на наградите „Златен венец“,„Браќа Миладиновци“ и наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата и УНЕСКО ја доделуваат за најдобра дебитантска книга.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хутите со пет балистички ракети ја погодија претседателската палата во Јемен (ВИДЕО)

Во ракетен напад на Хутите врз претседателската палата во јужниот јеменски пристанишен град Аден, седиште на меѓународно признатата јеменска влада, загинаа двајца припадници на безбедносните сили.

Хутите со пет балистички ракети ја погодија претседателската палата во Јемен (ВИДЕО)

Министерот за информации Моамар ал-Ерјани изјави за Би-Би-Си дека премиерот и другите министри биле неповредени кога пет балистички ракети ја погодиле палатата ал-Маашик, но многу други биле ранети.

Медиумите контролирани од Хутите објавија дека групата го нападнала „штабот на воените операции, командуван од саудиски офицери“, како и складиштата за оружје.

Хутите напаѓаат и цели во Саудиска Арабија

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија ја поддржува јеменската влада и обезбедува воздушна поддршка на офанзивата на провладините сили против Хутите поддржани од Иран.

Како одмазда за нападите врз областите под нивна контрола во западен Јемен, вклучувајќи го и главниот град Сана, Хутите, исто така, лансираа ракети и беспилотни летала врз аеродроми, нафтени и гасни постројки и воени бази во Саудиска Арабија.

Во саботата, во ракетен напад на Хутите врз меѓународниот аеродром во Ријад загинаа 13 лица. Тоа беше најсмртоносниот напад во Саудиска Арабија во последната деценија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска на Techmech 2026: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Саемот за пракса и вработување TECHMECH 2026 на Машинскиот факултет.

Божиновска на Techmech 2026: Зелената транзиција отвора нови можности за младите инженери

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествуваше на Саемот за пракса и вработување TECHMECH 2026 на Машинскиот факултет, каде ги посети штандовите на компаниите и се запозна со можностите за пракса и вработување на младите инженери.

На панел-дискусијата посветена на зелената транзиција, Божиновска истакна дека обновливите извори на енергија, енергетската ефикасност и новите технологии се важни двигатели на индустрискиот развој и конкурентноста.

„Нашата цел не е само да произведуваме повеќе чиста енергија, туку да изградиме економија што ќе ја користи енергијата поефикасно, ќе создава поголема додадена вредност и квалитетни работни места“, нагласи министерката.

Таа ја потенцираше важноста од поврзувањето на образованието со стопанството преку практична работа, заеднички проекти и истражување, со цел младите да ги применат своите знаења и да ја градат професионалната иднина во државата.

„Младите инженери и претприемачи имаат потенцијал своите идеи да ги претворат во иновативни решенија што ќе придонесат за модернизација на индустријата и економскиот развој“, порача Божиновска.

Саемот TECHMECH 2026 овозможува директно поврзување на студентите со компаниите и отворање нови можности за професионален развој и вработување.

Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Прва научна експедиција за куче- робот, ќе ја истражува планината Ајлао (ВИДЕО)

Роботското куче M20S, развиено од DEEP Robotics, со седиште во Хангжу, учествуваше во научна експедиција за зачувување на биодиверзитетот во шумите на планините Ајлао во покраината Јунан во југозападна Кина

Прва научна експедиција за куче- робот, ќе ја истражува планината Ајлао (ВИДЕО)

„Глобал тајмс“ објави дека ова е прва примена на отелотворен робот со вештачка интелигенција во вистински научни истражувања.

Експедицијата, заеднички организирана од програмата за научна документарна литература ifeng.com и Кинеската асоцијација за научни експедиции, се фокусираше на истражување на биодиверзитетот во планините Ајлао, област позната по својата богата разновидност на флора и фауна и предизвикувачки терен.

Роботот, со тркала и нозе, се користеше во густи шуми, стрмни падини и други локации до кои е тешко или небезбедно пристапот на луѓето.

„За време на мисијата, роботот вршеше извидување на рутата, биолошки набљудувања, снимање слики и транспорт на снабдување, помагајќи им на истражувачите да собираат податоци со минимално нарушување на животната средина“, се вели во соопштението на DEEP Robotics.

YouTube video

Временските услови во оваа област во југозападна Кина можат брзо да се менуваат, со чести врнежи од дожд, магла и грмотевици, заедно со остри температурни промени, поставувајќи високи барања за сигурноста и прилагодливоста на опремата кон животната средина. Според DEEP Robotics, роботското куче LYNX M20S е дизајнирано за предизвикувачки терен и сурова надворешна употреба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер