Талат Џафери со пцости и навреди во Собранието, опозицијата бара оставка

Вие што сте на плата, и уште си е** мајката овде ! Ајде бегај ! Бегај таму ! Бегај ! Сус бре, да ти е** ! Што бараш овде ?! Бегај таму, излези !“

Собранискиот спикер Талат Џафери не сака да ја коментира снимката на која се слуша како со навредливи зборови и висок тон се обраќа кон вработените од собраниското обезбедување, a од неговиот кабинет нема одговор ниту дали чувствува некаква одговорност за неговото однесување. Според информациите, снимката е направена завчера попладнето по гласањето на дневниот ред по завршувањето на седницата. Џафери веројатно не знаел дека микрофоните и натаму се вклучени и дека преносот на собранискиот канал сѐ уште трае.

„Сите од служба, конкретно седници, веднаш кај мене ! Покрај седници, сите позади што седат, сите до еден ! Вие што сте на плата, и уште си е** мајката овде ! Ајде бегај ! Бегај таму ! Бегај ! Сус бре, да ти е** ! Што бараш овде ?! Бегај таму, излези !“-Талат Џафери – Претседател на Собранието.

Иако Џафери не е достапен за коментар во врска со инцидентот, вчера на почетокот на собраниската седница тој се правдаше дека неговата реакција била изнудена.

„ Да, ги избркав двајцата службеници кои што дојдоа овде пред да излезам јас од тука, не може он да се доближи тука ако не сум го повикал јас да дојде да ми донесе материјал. Да, тоа е фактичката состојба. Читај ги вашите портали Талат Џафери им се заканил на обезбедувањето на Собранието дека ќе ги избрка од работа, аман те луѓе барем тоа го знаете дека кое е мое однесување. “-Талат Џафери – Претседател на Собранието.

Однесувањето на Џафери, за опозициската ВМРО-ДПМНЕ е примитивизам, за кој сметаат дека треба да си поднесе оставка од местото Претседател на Собранието...

„ За ваков примитивизам, насилство, вулгарности, нема место во било кое Собрание најмалку во македонското. Почитувани, оваа потврдена снимка од Талат Џафери во прашање ја доведува и неговата деловна способност, но и дали зад вулгарностите постојат зависности на Талат Џафери коишто предизвикуваат апстиненцијални кризи и невозможност за рационално водење на седниците на Собранието?“-Наум Стоилковски – Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Снимката со Џафери ја видел и премиерот Димитар Ковачевски, но не сакаше да ја коментира бидејќи на неа не се гледало кој зборува.

„ Јас таа снимка ја погледнав, меѓутоа се работи за некој разговор за кој не ес гледа ниту кој разговара ниту со кого разговара и од таа причина не можам да коментирам дали претседартелот на Собранието разговара со некого во сала, дали е тој вработен или не е. Навистина не можам да дадам конкретен одговор бидејќи на снимката не се гледа кој зборува и со кого зборува. Се слуша но не се гледа со кого зборува. “Димитар Ковачевски – Претседател на Владата.

Засега коментар за однесувањето на собранискиот спикер нема од неговата партија ДУИ.

Балканци прават скара на вулкан- лавата врие, тие пеат (ВИДЕО)

На TikTok профилот „bata.osovina“ неодамна беше објавено видео кое привлече внимание кај корисниците од оваа област.

Авторот покажа како тој и неговиот пријател прават скара, пеат и уживаат во близина на активен вулкан.

Од нивниот говор е јасно дека момчињата се по потекло од Балканот, а нивната авантура не остана незабележана во медиумите, особено од Босна и Херцеговина.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Снимката од скарата, додека вулканот исфрла лава и чад, собра повеќе од 1,1 милион прегледи, а гледачите во голем број ја коментираа сцената.

„Честитки, какви императори“, „Цел свет доаѓа, се слика и бега кога има ерупција, само Балканот прави скара и слуша музика“, „Нам Балканците ни лава не ни може ништо“ , пишува во дел од пораките.

Во меѓувреме, авторот објави уште едно видео и објасни што се случува:

„Ова не е прв пат да правиме вечера на вулкан, печевме колбаси, пици, јајца... Беше опасно, но не бевме единствените таму. На сите им препорачувам да купат билет, да дојдат на Исланд и да го посетат вулканот. Не толку блиску како што сме ние, затоа што е опасно. Вакво нешто гледате само еднаш. Но, внимавајте, ќе треба да го оставите автомобилот на час и 20 минути од вулканот и да дојдете пешки“, вели момчето.

@bata.osovina Odgovor korisniku @Leo Freeze #iceland #srbija #bosna #hrvatska ♬ original sound - Bata Osovina

Меѓу многуте коментари го забележавме следново: „Да имаше активен вулкан на Балканот, околу него ќе печевме свињи и јагниња“, „Ова не се карамелизирани туку вулканизирани ќебапи“, „Балканска скара во близина на активен вулкан. Ништо необично“.

@bata.osovina #viral ♬ original sound - Bata Osovina

Има и такви кои веруваат дека се работи за монтажа, па ви оставаме да ја погледнете снимката и сами да процените.

Лондонскиот аеродром Хитроу за летово предвидува најголем промет во историјата

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ .

Лондонскиот аеродром Хитроу (LHR) денеска соопшти дека сезоната на летни одмори ќе биде „најпрометната досега“ и дека вработените ќе вложат големи напори аеродромот да работи непречено „дури и ако има повторување на штрајковите на персоналот“ кои ја одбележаа минатата година .

Бројот на патници кои го користат аеродромот се очекува оваа година да надмине 82,4 милиони. Тоа би била најпрометната година досега, за 1,5 милиони патници „поуспешно“ од 2019 година, кога низ аеродромот поминале 80,9 милиони патници, пишува британскиот дневен весник „Гардијан“.

Ова го потврди комерцијалниот директор на аеродромот, Хавиер Ечав, бидејќи Хитроу се соочува со неизвесна иднина, а предложената продажба на најголемиот британски аеродром во вредност од 6 милијарди фунти се уште е доведена во прашање.

Намерата на шпанската компанија Ferrovial да го купи аеродромот заедно со австралиската инвестициска компанија Macquarie е „на чекање“, откако фирмата од Сиднеј одлучи да се откаже од својот удел од 35% во Хитроу. Во меѓувреме, нема други понудувачи. Покрај нив, за преземање на 25% удел во сопственоста на аеродромот беа заинтересирани и Државниот инвестициски фонд на Саудиска Арабија и француската приватна инвестициска компанија Ардијан.

На почетокот на овој месец, аеродромските власти ја повикаа владата да го укине воведувањето на нова наплата од 10 фунти за транзитните патници, предупредувајќи дека тоа ќе влијае на бројот на патници и ќе ги стави аеродромите во Британија во неповолна положба во однос на европските конкуренти. Хитроу го повтори овој повик во средата, а истовремено ги повика министрите да ја разгледаат „анти-развојната“ туристичка такса, што значи дека туристите плаќаат ДДВ за набавките.

Девојка скока во базен од огромна височина, снимката има над 39 милиони прегледи (ВИДЕО)

Џени Ван Кавијк се занимава со нуркање, а неодамна изведе трик на крузерот „Harmony of the Seas“, четвртиот по големина во светот.

На почетокот ја гледаме на скокалницата, додека покажува кон „малиот“ базен. Признаваме дека ни се заврти од висината, додека девојката „уживаше во сѐ“.

Неколку моменти подоцна таа скокна, изведе неколку акробации и се втурна во водата, токму онаму каде што „нишанеше“.

Клипот дефинитивно не е за секого, а собра повеќе од 39,6 милиони прегледи.

„Вие сте фантастични! Не би имал храброст да се искачам на скала, а камоли да скокам“, напишал еден корисник.

Друг додаде: „Стомакот ми се преврте додека го гледав ова“.

притисни ентер