Тајсон го сруши Инстаграм со објавата од жестокиот тренинг (ВИДЕО)

Мајк Тајсон воодушевува со вештината, брзината и силата што ги демонстрираше на видеото од тренингот објавена на Инстаграм.

Видеото, на кое се гледа 53-годишникот како испорачува канонада од експлозивни удари, брзо се движи и на крајот испука бомба, го погледнаа пет милиони луѓе.

„Јас сум лошо момче засекогаш“, коментираше Тајсон, правејќи спектакуларна слика од самиот себеси во акција, што предизвика лавина од коментари, вклучително и од непоразениот шампион во УФЦ, Хабиб Нурмагомедов: „Не можам да верувам во ова. Ова е сосема друго ниво“.

"Брат, ме натера да одам низ е..ниот ѕид. Се упатувам кон теретана ...", откри The Rock , инспириран од Iron Mike.


притисни ентер