Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветТајланд привремено го суспендира прекинот на огнот со КамбоџаТајланд соопшти дека привремено го суспендира почитувањето на договорот за прекин на огнот со Камбоџа, еден ден откако противпешадиска мина повреди тајландски војници. Оваа одлука претставува најголем предизвик за примирјето откако беше склучено со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп. Тајландската Влада ја обвини Камбоџа за поставување нови противпешадиски мини долж спорната граница меѓу двете земји, вклучувајќи ја и мината од типот ПМН-2 (противпешадиска мина со притисок) која вчера повреди четворица тајландски војници. Еден од нив ја загуби ногата во експлозијата. „Министерството за надворешни работи упати протест до Камбоџа и доколку нема последователно дејствие или разјаснување на случајот, Тајланд ќе размисли за повлекување од декларацијата“, изјави во соопштение владиниот портпарол Сирипонг Анкасакулкиат. Премиерот на Тајланд, Анутин Чарнвиракул, му нареди на Министерството за одбрана на неодредено време да ги прекине сите договори со Камбоџа, додаде портпаролот. Министерството за одбрана на Камбоџа денеска негираше дека поставило нови мини и го повика Тајланд да избегнува испраќање патроли во старите мински полиња. Министерството додаде дека ја потврдува својата желба да работи заедно со Бангкок на спроведувањето на проширениот договор за прекин на огнот, склучен во октомври. САД во моментов собираат информации за инцидентот, изјави портпарол на Стејт департментот, повикувајќи ги азиските соседи да ја одржат стабилноста и да го почитуваат договорот. Минатиот месец во Малезија, во присуство на Трамп, лидерите на двете земји склучија договор кој предвидува повлекување на тешкото оружје од пограничните области и ослободување на 18 камбоџански воени заробеници. Во јули, Тајланд и Камбоџа го запреа петдневниот конфликт, обележан со најжестоките борби меѓу нив во поновата историја. Прекинот на борбените дејствија беше постигнат по телефонски разговори, во кои Трамп ги предупреди лидерите на двете земји да стават крај на борбите, бидејќи во спротивно Вашингтон ќе ги прекине трговските преговори со нив. Размената на оган со ракети и тешка артилерија за време на борбите однесе најмалку 48 животи и доведе до раселување на околу 300.000 луѓе.Тагови: Тајланд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook