Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
Шоу бизТајла е „новата Ријана“: Освои 3 награди на МТВ и со 22 години влезе во историјата (ВИДЕО)Младата поп и R'n'B ѕвезда, Тајла, последнава година стана вистинска сензација на светската музичка сцена.За кратко време таа успеа да влезе во историјата како прва африканска пејачка која освоила три награди во една вечер на MTV EMA (European Music Awards). Нејзе и беа доделени наградите за најдобар африкански уметник, најдобар афробит, како и наградата за најдобар R'n'B изведувач, што ја изненади и самата пејачка. - Јас сум шокирана како и вие. Знам дека е тешко да ја категоризирам мојата музика, мешам премногу жанрови во еден, но R'n'B има најголемо влијание врз мојата музика. Посебно Алија, таа е еден од моите идоли - изјави Тајла откако ѝ беше врачена наградата. На EMA наградите таа се појави во специјално издание. За да му оддаде почит на својот идол, таа носеше сина верзија на иконскиот фустан Кавали што Алија го носеше на доделувањето на видео музичките награди на MTV во 2000 година. Тајла има само 22 години, родена е во Еденвејл, а многумина ја сметаат за наследничка на Ријана, па се шегуваат дека Рири не мора да избрзува со нов албум, бидејќи ја имаме Тајла да ја „пополни таа празнина“. Јужноафриканската пејачка речиси преку ноќ стана ѕвезда. Нејзината популарност расте од ден на ден. Таа неодамна го издаде својот прв албум „TYLA+“, од кој се издвоија песните „Push 2 start“, „Shake ah“, „Back to you“ и други. Една од нејзините најпознати песни е „Water“, во која огнената Тајла изведува заводлива кореографија додека се полева со вода. Како што изјавила во едно интервју, тој потег на почетокот бил срамен, а кога сфатила дека им се допаѓа на луѓето, продолжила да го повторува и на други настапи, па со текот на времето станал нејзин заштитен знак.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: 3% не е доволно зголемување - пензионерите немаат за да го преживеат месецотЗголемувањето на пензиите од околу 3% не е доволно зголемување за пензионерите да го преживеат месецот и да имаат достоинствен живот, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, по средбата со пензионери во скопската општина Карпош.Филипче посочи дека во услови на огромен раст на цените и сите трошоци за живот, пензионерите се соочуваат со сериозен удар врз нивниот стандард, а власта не носи никакви мерки за да им помогне. „Пензионерите никако не може да го почувствуваат зголемувањето, имајќи предвид дека зголемување од под 3%, не е доволно да се преживее месецот на толкав голем раст на сите цени, на толкав голем раст на горивата. На ваков удар на стандардот кој што се случува изминатите месеци, на пензионерите навистина има потребна поголема поддршка“, рече Филипче. Тој посочи дека загриженоста кај пензионерите не се однесува само на пензиите, туку и на севкупните состојби во државата и политиките на власта кои директно влијаат врз животниот стандард. „Меѓутоа и како наша најстара категорија на граѓани, тие се загрижени и за многу други работи, загрижени се за севкупните случувања во земјата, загрижени се за тоа што е загрозен европски пат, загрижени се за тоа што земјава е презадолжена, загрижени се за сите други лоши политики во однос на стандардот, економијата, финансiите, свесни се дека и нивните деца, навистина, лошо и тешко живеат, загрижени се затоа што огромен број од нив бараат излез и спас надвор од државата“, рече Филипче. Скопје, 29.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураКонцерт за незаборав: „Вечното ехо на Бадев“ ги оживува безвременските македонски мелодиМузичко патување исполнето со емоции, традиција и длабока почит кон македонскиот музички идентитет ја очекува публиката на претстојниот концерт со наслов „Вечното ехо на Бадев“.Овој посебен музички настап е посветен на ликот и делото на еден од најголемите бардови на македонската народна песна-Никола Бадев. Неговите песни, кои децении го пренесуваат духот на македонскиот народ, оваа вечер ќе заживеат преку современи и автентични интерпретации, потсетувајќи не зашто неговиот глас останува вечно врежан во нашата културна меморија. На сцената ќе настапат хорот и солистите на ансамбл „Танец“ и врвни домашни музички и вокални изведувач, придружувани од оркестарот на ансамбл „Танец“, ќе ги изведат најпознатите бисери од неговиот богат опус. Датум: 16.10.2026 година Локација: Македонски народен театар Време: 19:30 часот Влезници: kupikarta.comКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЕвропаЕдинствената земја-членка на ЕУ со нуклеарно оружје изведе симулација на нуклеарен нападФранцуските воздухопловни и вселенски сили изведоа симулација на нуклеарен напад како дел од воената вежба „Покер“.Операцијата започна од воздухопловните бази Сен-Дизје и Таверни, кои играат клучна улога во француските нуклеарни сили. Сен-Дизје ја поддржува воздушната компонента на нуклеарното одвраќање, додека во Таверни се сместени командните и оперативните центри на стратешките сили. Во вежбата учествуваа борбени авиони „Рафал“. „Користиме вистинска опрема и следиме реални процедури во многу сложени услови, со околу 50 летала во воздух. Единственото ограничување е тоа што не летаме со вистински нуклеарни боеви глави под крилјата“, изјавија припадници на француската војска. Наместо вистински нуклеарни ракети „ASMP-A“, авионите „Рафал“ носеа инертни макети што одговараа на тежината и димензиите на вистинското оружје. Овие макети можат безбедно да се отфрлат доколку е потребно. Ракетата има максимален дострел од приближно 500 километри и носи нуклеарна боева глава „TNA“ со јачина од 300 килотони. Сценарио и цели на вежбата Во симулацијата учествуваа два тима: тимот „Црвени“ го претставуваше непријателот, додека тимот „Сини“ дејствуваше против нив. „Целта е да се осигураме дека ќе останеме способни да извршиме таква мисија во иднина, дури и додека технологијата се развива со сè поголема брзина“, објаснија претставници на француската војска. Екипажите имаа задача да ја пробијат непријателската одбрана и да ги испорачаат ракетите на прецизни локации во одреден временски рок. За време на ноќниот лет, кој траеше меѓу шест и осум часа, секој екипаж на „Рафал“ неколку пати се полнеше со гориво од еден од 15-те авиони-цистерни. Притоа, пилотот на борбениот авион мора да маневрира при многу големи брзини и на мали височини. „Целта е одвраќање“ „Целта на нашата мисија е да се спречи војна, а со тоа и употреба на нуклеарно оружје. ’Покер’ е демонстрација на сила, осмислена токму за да се осигура дека тоа нема да се случи“, објасни командантот Жан-Батист, кој ја стекна потребната квалификација преку учеството во вежбата. Тој додаде дека секој пилот мора да учествува во најмалку една таква операција секоја година. Франција располага со три воздухопловни бази со нуклеарна намена: Сен-Дизје, Истр и Авор. Исто така, планира наскоро повторно да ја активира базата Ликсеј за идните авиони „Рафал Ф5“. Наредбите до базите пристигнуваат од далечина – поточно, од бункер во базата Таверни, која се наоѓа на околу 200 километри од Сен-Дизје. Во тој бункер е сместен команден центар каде што постојано се стационирани околу четириесет припадници на воениот персонал. Франција моментално е единствената држава со нуклеарно оружје во Европската Унија, а во неколку наврати се разговараше за можноста нејзината нуклеарна заштита да се прошири на целиот блок. Франција воспостави систем на „проширена“ нуклеарна одвраќачка моќ, кон кој веќе се приклучија голем број држави. Извор: Индекс.хрТагови: ЕУ нуклеарен напад Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook