Тајгер Вудс заврши на суд поради селфи, му бараат отштета од 30 000 долари

Легендарниот американски голфер Тајгер Вудс и неговиот носач на палки Џо Лакава завршија на суд во Пинелас, Флорида поради селфи.

Тие биле тужени од гледач кој тврди дека носачот на Вудс го турнал кога сакал да се фотографира со голферот на турнир во 2018 година, по што паднал во публиката.

Во судска постапка, Брајан Боруси бара отштета од 30 000 американски долари, затоа што бил повреден и завршил во болница по несреќата. Сепак, сериозноста на повредите не е наведена во тужбата.

Вудс е обвинет дека е работодавец на Лакава и како таков е одговорен за постапките на неговиот носач за време на турнирот.

Еден од најдобрите голфери на сите времиња го ангажирал Лакава од 2011 година.

Адвокатот на Брајан Борус, Џош Дрешел, ги повика сведоците на инцидентот да стапат во контакт со него, обвинувајќи го турнирот ПГА дека не сакал да му обезбеди видео од инцидентот.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина нема да остане втор мандат

Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, нема да остане втор мандат на функцијата, објави Радио Слободна Европа (РСЕ).

Според РСЕ, Лајчак од 1 септември ќе ја преземе функцијата амбасадор на ЕУ во Швајцарија.

Лајчак е поранешен министер за надворешни работи на Словачка и беше назначен на функцијата специјален пратеник на ЕУ за дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина во април 2020 година.

Засега нема информации кој ќе го наследи Лајчак на оваа функција. Според извори на РСЕ, дискусиите на ниво на ЕУ почнале, но одлуката ќе биде донесена по европските избори во јуни годинава.

Оваа недела беа именувани 43 европски амбасадори во различни земји низ светот. Меѓу нив се и новите амбасадори во Босна и Херцеговина и Косово.

Средба Ковачевски – Азески за приоритетите во економијата

По Mицкоски на средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија беше и преседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, на која разговараа за приоритетите во економијата.

Захарова: Русија нема да учествува на конференцијата за Украина

Русија нема намера да учествува на конференцијата за Украина, чија можност ја спомена украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Претходно Кулеба изјави дека преговорите со Русија за решавање на вооружениот конфликт со Украина би можеле да се одржат меѓу првиот и вториот самит за „формулата за мир“ на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија нема намера да учествува на таква конференција. Формулата на Зеленски не е ништо друго освен алхемија“, истакна Захарова.

притисни ентер