СЗО: Повеќето возрасни луѓе во Европа се со прекумерна тежина или дебели - Канал 5

СЗО: Повеќето возрасни луѓе во Европа се со прекумерна тежина или дебели

 Повеќе од половина од возрасните во Европа се премногу дебели, според Регионалниот извештај за дебелината за 2022 година претставен од Светската здравствена организација (СЗО) денеска.

СЗО: Повеќето возрасни луѓе во Европа се со прекумерна тежина или дебели

Околу 59 отсто од возрасните во европскиот регион на СЗО се со прекумерна тежина или дебели, покажуваат податоците. Проблемот погодува повеќе мажи отколку жени, при што 63 отсто од мажите имаат прекумерна тежина во споредба со 54 отсто од жените.

Едно од три деца е засегнато – 29 отсто од момчињата на возраст меѓу 7 и 9 години со прекумерна тежина или дебели, и 27 отсто од девојчињата во иста возрасна граница. Процентот се зголемува на 25 отсто кај адолесцентите. Во меѓувреме, само 8 отсто од децата на возраст под 5 години се со прекумерна тежина.

Луѓето со прекумерна тежина и дебели беа несразмерно погодени од Ковид-19 за време на пандемијата, при што потешките луѓе беа со поголема веројатност да бидат примени во болница или да умрат од болеста, соопшти СЗО.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е регистриран таков случај, велат од МВР по шпекулациите дека Михаилова се обидела да избега во Бугарија

Дали Ива Михаилова на која и се суди за сообраќајка во која загина човек во Кочани синоќа се обидела да избега од државата? 

Не е регистриран таков случај, велат од МВР по шпекулациите дека Михаилова се обидела да избега во Бугарија

МВР и адвокатот на Ива Михаилова немаат информации дека таа синоќа се обидела да избега од државата. Од МВР за канал 5 велат дека таков случај немало, откако на социјалните мрежи се прошираја шпекулации дека Михаилова вчера попладне се обидела да ја напушти земјава преку граничниот премин Делечво, потпомогната од лица од Бугарија.

-Во врска со вашето прашање, ве известуваме дека не е регистриран таков случај. – велат од МВР

Дека Михаилова се обидела да избега, демантира и нејзинот адвокат Насер Рауфи... Сепак, тој потврди дека по информациите што се проширија синоќа, полициски службеници проверувале дали Михаилова е дома.

– Нејзините мерки на претпазливост се одземање на патна исправа, забрана на напуштање на Кочани и јавување во судот. Значи во никој случај МВР нема никакво право да проверува дали она се наоѓа во својот дом. А за шпекулацијата дека таа избегала, нешто што за мене е ширење на лажни вести....

Михаилова која има двојно државјанство – македонско и бугарско, е обвинета за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, по сообраќајната несреќа од октомври лани, во која едно лице го загуби животот, а неколку лица беа повредени, меѓу кои и самата Михаилова. Таа бара да биде пуштена да се лекува во Бугарија, но Рауфи вели дека немаат поднесено гаранција за укинување на мерките на претпазливост против Михаилова, бидејќи таа немала имот на свое име.

Инаку, во протестите за нејзино пуштање во Бугарија се појави и нејзиниот татко, Симеон Михаилов, кој се бара со потерница за издржување на казна затвор од 12,5 години за предметот Детонатор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

13- годишникот од Чаир, кој прободе негов врсник во срцето е под лупа на социјалните служби

13 годишникот од Чаир кој се нож го прободе градниот кош и срцето на него врсник е прв случај со потешко кривично дело, објаснуваат од Центарот за социјални грижи. 

13- годишникот од Чаир, кој прободе негов врсник во срцето е под лупа на социјалните служби

За него изречена е најригорозната мерка од страна на социјалните работници, надозор и на родителите кои треба да вршат редовен надзор над детето и треба да го носат во клиниката за психијатрија и таму да одлучат дали 13 годишникот ќе биде лекуван болнички.

„По добиениот извештај во Центaрот за социјални грижи од страна на Клиниката за психијатрија, ќе знаеме дали момчето ќе биде во болница на лекување или не? Доколку не биде во психијатриска болница, ќе има надзор на родителството, доколку нема промени ќе се донесе мерка за одземање на родителство“.

Според Законот за правда за децата дете кое нема наполнето 14 години не може да има кривична одговорност без оглед на тешкотијата на кривичното дело и постапката се запира, надлежен е Центарот за социјални грижи. За адвокатот Александар Тумановски потребено е да има мерки кои ќе се применуваат во соодветна институција со цел да не го повтори делото, а не само тоа да биде надзор или работа од еден час со дете кое имало обид за убиство. Тој го зема примерот со Коста Кецмановиќ кој уби девет луѓе, и многумина повредени, откако пукаше со пиштол кон ученици во училиштето Рибникар и вработени.

„Ако станува збор за потешки дела каде што имаме живото загрижувачка последица на пример како ова, убиство или обид за убиство да има задолжителна психијатриска проценка, да има задолжителна проценка на ризик за детето за можно ново извршување на насилство. Да има задолжително индивидуален план за третман на таквите деца можност за сместување во посебни и специјализирни институции и задолжителна контрола од страна на судот.

Ако се направи паралела со случајот во Србија со Коста Кецмановиќ исто е дете под 14 години и тоа дете е сместено во здравствена институција и е под постојна психолошка опсервација. И кај нас децата кои се во таква ментална состојба на тој начин треба да бидат третирани“, објаснува Тумановски.

Адвокатот Тумановски објаснува дека во законот за правда на деца треба да се интервенира во делот на трање на постапките и во делот на сексуална злоупотреба каде малолетник силува малолетник. Тој во негов случај објаснува дека силувачите деца не добиле никаква мерка бидејќи во предвидениот рок судот не успеал да доенсе одлука. Во овој случај децата на 16 години се слободни и нема никакви мерки кон нив.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Парите од регистрација на возила пет години си ги ставале во џеб- украле над 2 милиони евра

Пет години парите што при регистрација на возила требало да одат кај државата ги ставале во џеб и го оштетиле буџетот за над два милиони евра .

Парите од регистрација на возила пет години си ги ставале во џеб- украле над 2 милиони евра

Пет години парите што при регистрација на возила требало да одат кај државата ги ставале во џеб и го оштетиле буџетот за над два милиони евра – МВР поднесе кривична пријава против шест лица, а три од нив се лишени од слобода во заедничката акција со ОЈО ГОКК, се сомничат дека преку фирма за технички преглед переле пари, направиле проневера и работеле несовесно во службата.

„Во рамки на акцијата, а врз основа на претходно обезбедени наредби од Основен Кривичен суд, извшрени се претреси на повеќе локации во Скопје, при што личени од слобода се С.С., Ш.С и З.Ѓ, а при извршените претреси пронајдени и одземени се околу 27.000 евра, 38,500 денари, 750 швајцарски франци и 100 долари, повеќе телефонски апарати и две патнички моторни возила.“

Во шемата биле вклучени сопственик на фирма од С. Кучевиште, лица од осигурително брокерско друштво и сметководител, а парите од надоместок за користење на јавни патишта, еколошката и административната такса ги прикривиле така што ги префрлале на сметки на брокерското друштво, па потоа на повеќе други сметки и ги мешале со редовните приходи на фирмите, а во најголем дел парите ги заведувале како позајмици. Па, наместо, 1,3 милиони евра да завршат кај општините, 780.000 евра да завршат во ЈПДП, од нив се купувале недвижнини со цел истите да се парите да се исперат.

Трагата која ја следела полицијата, води токму до ова место, С. Кучевиште, каде што била регистрирана фирмата преку која функционирала шемата пет години.

Покрај сопственикот, кој доставувал лажни извештаи за собраните средства, брокерсткото друштво кое го олеснувало протокот на парите и сметководителот кој внесувал невистинити податоци во документацијата, одговорност ќе се бара и ЈПДП. Кривична пријава доби и помошник директорката на претпријатието, Т.М., која според полицијата не извршила соодветен надзор врз работата на фирмата и со тоа овозможила дел од злоупотребите. Кривичната пријава опфаќа и три правни лица

Во целата шема, оштетени биле и Министерството за животна средина за над 90.000 евра и Црвен Крст за речиси 25.000 евра.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер