„Признаваме дека се појавуваат докази во оваа област и затоа треба да бидеме отворени за таа можност и да ги разбереме импликациите“, рече Бенедета Алегранци, една од водечките фигури во СЗО преку видео конференција.
„Можноста за појава на вируси преку воздух на јавни места, особено ако се преполни, не може да се исклучи. Сепак, доказите мора да се соберат и интерпретираат“, предупреди Алегранзи, препорачувајќи „ефикасно проветрување на затворените простори и физичко растојание“.
„Тогаш кога тоа не е можно, препорачуваме да носите маска“, додаде Алегранзи.
Повеќе од 200 светски научници ги повикаа СЗО и меѓународната медицинска заедница „да го признаат постоењето на можноста вирусот да се пренесува преку воздух“ во написот објавен во понеделникот во списанието Clinical Infectious Diseases од Оксфорд.
СЗО веќе беше критикувана дека доцни со препораките за носење медицински маски и сега е обвинета дека одбива да разгледува сè повеќе индикатори за пренесување на вирусот преку воздух.
„Епидемијата забрзува и сè уште не сме го достигнале врвот на пандемијата“, предупреди генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Габриезус, на прес-конференција.
„Се чини дека бројот на жртви се стабилизира на глобално ниво, а во реалноста некои држави постигнаа значителен напредок во намалувањето на смртноста, но во други бројот на починати се зголемува“, рече Гебрејзус.
Ковид-19, болест предизвикана од коронавирус, уби повеќе од 535.000 луѓе ширум светот за шест месеци и зарази 11,4 милиони.