Третата мутација на вирусот, чие откритие го објави Јапонија во неделата, може да има влијание врз имунолошкиот одговор и бара дополнително истражување, соопшти организацијата, оценувајќи го како „загрижувачка варијанта“.
„Колку повеќе се шири вирусот САРС-КоВ-2, толку е поголема веројатноста за мутација“, соопшти СЗО.
„Високата стапка на инфекција значи дека треба да очекуваме да се појават повеќе варијанти на вирусот.
Британската варијанта на вирусот, VOC 202012/01, која за првпат е пријавена до СЗО на 14 декември, е пронајдена во 50 земји, територии и зони, според организацијата на ООН.
Резултатите од тестот покажуваат распределба по возрасни групи и пол слична на онаа на другите варијанти на вирусот што циркулираат меѓу популацијата.
Следењето на контактите покажало дека новата варијанта на вирусот е позаразна.
Варијантата идентификувана во Јужна Африка, 501Y.V2, која за првпат е пријавена до СЗО на 18 декември, е откриена во 20 земји, територии и зони.
Можеби е позаразна од варијантите што циркулирале досега во земјата, но се чини дека не предизвикува потешки форми на болеста, објави СЗО во билтенот објавен во вчера вечер.
СЗО забележува дека преваленцата на овие две нови варијанти на вирусот е веројатно многу потценета.