СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта - Канал 5

СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта

 Полицијата синоќа во 23:20 часот го лишиле од слобода А.М.(37) од Куманово. При контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „рено“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили.

СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта

Како што соопшти МВР, против него ќе биде поднесена кривична пријава „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од Кривичниот законик.

Во друг случај, пак, ноќеска во 00:20 часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.П. (34) од Крива Паланка. Тој на 1 април 2025 во 22:10 часот на магистралниот пат Крива Паланка - Деве Баир со товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот.

М.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка, а било констатирано дека има 1,57 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Состојба на патиштата

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството.

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

Во својот исказ Палевски на изминатото рочиште повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни.

Палевски негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството на Вања и Панче. Тој тврди дека на денот на убиството на Вања бил во банка да плаќа сметки, по што отишол на пазар на купи грејач за котел, па се вратил во седиштето на политичката партија „Десна“ каде имал состаноци со членови од партијата. Палевски, исто така, тврди дека не го возел „ситроенот“ на Жежовски, ниту дека некогаш бил во неговата куќа.

-Мотив да го направам ова кривично дело немам, не сум ни имал и не сум го сторил ова кривично дело за кои ми прочитавте цитат од обвинение и ме прашувате, изјави Палевски.

Според него, доказите во истрагата против него се фалсификати. Во својата одбрана Палевски посочи и други, според него, недоследности во истрагата, особено во врска со видеоснимките што ги презентираше обвинителството.

Адвокатот Јовица Страшевски, неговиот бранител, исто така во изјава за медиуми истакна дека постојат значителни разлики меѓу изведените докази и изјавите на обвинителството.

-Доказите што ги изведуваше ОЈО и нивните прашања поставени кон обвинетите покажуваат големи разлики во однос на изјавите и презентираните материјали, изјави Страшевски, нагласувајќи дека денешното сведочење на Палевски е клучно за да се утврдат овие неусогласености.

Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задача да чува стража.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

РФМ, Пелистер, Вардар со честитки до Алкалоид за европското финале

 Ракометната федерација на Македонија, актуелниот македонски шампион Пелистер, како и двократниот европски шампион Вардар упатија честитки до РК Алкалоид за пласманот во финалето на Европскиот куп.

РФМ, Пелистер, Вардар со честитки до Алкалоид за европското финале

- Ракометната федерација на Македонија упатува честитки до РК Алкалоид за пласманот во финалето на Европскиот Куп.

РК Алкалоид во финалето на Европскоот Куп ќе игра против АЕК Атина.

На РК Алкалоид му посакуваме успех и среќа во финалето, стои во честитка од РФМ.

Градскиот ривал Вардар на својот фејсбук-профил објави:

„Се радуваме на секој успех на македонските екипи на европска сцена, и горди сме што РК Алкалоид“ го имаме за градски ривал. Ви посакуваме многу успех во финалето во Европскиот Куп“.

Големиот успех на Алкалоид го честиташе и актуелниот македонски првак Пелистер.

- Честитки до тимот на @rkalkaloid за пласманот во финалето од EHF Cup! – објави битолскиот прволигаш.

Алкалоид во финалето ќе се соочи со АЕК од Атина.

притисни ентер