Свитолина донираше за украинските деца - Канал 5

Свитолина донираше за украинските деца

„Сакам да ја поделам оваа енергија со мојата татковина Украина. Сите пари од наградата ќе бидат наменети за украинските деца на кои им се најпотребни во овие тешки моменти“, изјави 28-годишната Свитолина.

Свитолина донираше за украинските деца

Најтрофејната украинска тенисерка на сите времиња Елина Свитолина, која во саботното финале ја совлада Русинката Ана Блинкова (6-2, 6-3) во финалето во Стразбур, одлучи сите пари заработени од освојувањето на својата прва ВТА титула откако стана мајка, да ги донира за помош на децата во Украина.

Триумфот во Стразбур, каде победи и во 2020 година, на Свитолина и донесе заработка од 29.760 евра.

„Сакам да ја поделам оваа енергија со мојата татковина Украина. Сите пари од наградата ќе бидат наменети за украинските деца на кои им се најпотребни во овие тешки моменти“, изјави 28-годишната Свитолина.

Свитолина се врати на тениските терени во октомври лани, откако минатиот април ја роди ќерката Скаи, првото дете во бракот со францускиот тенисер Гаи Моммфис, а на турнирот во Стразбур настапи со покана од организаторите и рангирана на 508 место на ВТА листата.

Украинката Свитолина во саботата стана четврта најниско рангирана тенисерка која триумфирала на ВТА турнир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Хаос во Сплит – 500 хулигани се тепаа на ривата пред 100 полицајци

Во центарот на Сплит синоќа дошло до судир меѓу навивачите на Хајдук и Ајакс, по што се уапсени 57 лица.

Видео: Хаос во Сплит – 500 хулигани се тепаа на ривата пред 100 полицајци

Според извештаите на хрватските медиуми, околу 150 припадници на навивачката група на хајдук, „Торцида“ ги нападнале навивачите на холандскиот клуб, а полицијата брзо интервенирала за да спречи поголеми нереди.

Меѓу уапсените има 19 холандски државјани. Се наведува дека кај нив биле пронајдени ножеви и школки, а изречени им се седумдневни затворски казни, како и двегодишна забрана за пристап до „Пољуд“ и Сплит.

По повод инцидентите, претставникот на Здружението на навивачи на Ајакс, Фабијан Нагцам, даде изјава за телевизијата AT5, барајќи силна реакција од УЕФА.

Тој нагласи дека безбедноста на гостинските навивачи мора да биде приоритет и предупреди на можноста од повторување на слични напади при гостувањата на европските натпревари.

Натпреварот меѓу Хајдук и Ајакс на стадионот „Пољуд“ ќе се одигра вечерва со почеток од 18:45 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на белиот стап

Настанот заврши со дебата во која активно се вклучија и лицата со попреченост, кои имаа можност да ги споделат своите искуства, предизвици и предлози за подобрување на пристапноста и остварувањето на нивните права.

Во Собранието одбележан Меѓународниот ден на белиот стап

Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на лицата со попреченост, во соработка со Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов" и Националниот сојуз на слепи и Зета - Организација за попреченост и правда, денеска, во Собрание организираше настан по повод Меѓународниот ден на белиот стап.

Настанот, во улога на модератор го отвори Елена Кочоска која ги поздрави присутните и изрази благодарност до Собранието за организацијата на овој настан.

Никола Мицевски, претседавач на ИППГ за правата на лицата со попреченост, во своето обраќање истакна дека секој човек има право на независен живот, како и на пристап до образование и здравствена заштита. Тој нагласи дека пристапноста не е дополнителна придобивка, туку неопходен чекор кон еднаквоста, повикувајќи на почитување на различностите и отстранување на бариерите со кои се соочуваат лицата со попреченост.

Александра Јаковчевска, директорка на Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“, се осврна на предизвиците со кои се соочува училиштето во секојдневното функционирање, како и на спроведените реформи насочени кон создавање услови учениците да се чувствуваат пријатно, да ги извршуваат своите обврски и успешно да се образуваат.

Валентина Ѓурчиновска, претседателка на Здружението на слепи и лица со оштетен вид – Скопје, ги посочи проблемите со кои се соочуваат слепите лица и лицата со оштетен вид во секојдневниот живот, нагласувајќи ја потребата од континуирана поддршка и унапредување на условите за нивно независно функционирање.

Во продолжение на настанот, модерирањето го презема, Кристијан Лазарев, кој му даде збор на Ѓоко Велковски, министер за социјална политика, демографија и млади, кој истакна дека Министерството е во постојана комуникација со организациите што ги застапуваат лицата со попреченост и работи на конкретни законски реформи за унапредување на нивните права. Тој нагласи дека институционалната поддршка и координираната соработка меѓу надлежните институции и лицата на кои им е потребна помош се клучни за постигнување вистинска еднаквост.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се осврна на активностите на училиштата и Министерството во насока на унапредување на инклузивноста во образовниот процес. Таа истакна дека целта е секој човек да има еднаква можност да го развива својот потенцијал и самостојно да ја гради својата иднина, посочувајќи ги промените што се преземаат за зголемување на самостојноста на лицата со попреченост.

Портпаролката на Владата, Марија Митева, говореше за активностите на Владата во оваа област, нагласувајќи дека во изминатиот период се преземени конкретни чекори за поддршка на лицата со попреченост. Таа посочи дека обврска на институциите е донесените мерки и решенија да ги доближат до лицата на кои им се потребни, со цел тие да можат полесно да ги остваруваат своите права.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, истакна дека сè уште постојат предизвици во однос на пристапот до дигиталната инфраструктура. Тој нагласи дека целта е секој граѓанин да може самостојно, едноставно и брзо да ги завршува административните обврски преку дигитални услуги, без потреба од посета на шалтери. Во таа насока, тој ја истакна важноста на предлозите и дискусијата отворени во рамките на денешниот настан.

Пратеничката Емилија Ангелова, членка на ИППГ за правата на лицата со попреченост, сподели дека нејзиното професионално искуство со лицата со попреченост ѝ овозможило да научи значајни лекции за потребата од еднаквост, разбирање и почитување. Таа нагласи дека пристапот до институциите не е привилегија, туку човеково право, посочувајќи дека зад секое лице со попреченост стои личност со сопствени соништа, цели и потенцијал. Наместо да се создаваат пречки, неопходно е да се обезбедат услови за нивно рамноправно учество во општеството.

Настанот заврши со дебата во која активно се вклучија и лицата со попреченост, кои имаа можност да ги споделат своите искуства, предизвици и предлози за подобрување на пристапноста и остварувањето на нивните права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Арамијата Мицкоски одби да им помогне на земјоделците, си ги избра тендерите

Пратениците на ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН застанаа против земјоделците. Го одбија предлог-законот на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците.

СДСМ: Арамијата Мицкоски одби да им помогне на земјоделците, си ги избра тендерите

Ги оставија земјоделците сами, на цедило, среде криза, кога земјоделството е пред колапс.

Застанаа против лозарите. Гласаа против тоа да добијат 8 денари за килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, како и 300.000 денари по хектар за оние кои нема да успеат да го продадат грозјето.

Застанаа против производителите на пиперката ајварка. Гласаа против тоа да добијат 10 денари за килограм продадена пиперка и 200.000 денари по хектар е

Арамијата Мицкоски одби да им помогне на земјоделците, си ги избра тендерите

Арамијата Мицкоски и неговата криминална влада уште еднаш покажаа дека не им се важни земјоделците - луѓето што ја хранат државата.

Пратениците на ВМРО, ЗНАМ и ВЛЕН застанаа против земјоделците. Го одбија предлог-законот на СДСМ за финансиска поддршка на земјоделците.

Ги оставија земјоделците сами, на цедило, среде криза, кога земјоделството е пред колапс.

Застанаа против лозарите. Гласаа против тоа да добијат 8 денари за килограм произведено и продадено грозје од сортите „Вранец“ и „Кратошија“, како и 300.000 денари по хектар за оние кои нема да успеат да го продадат грозјето.

Застанаа против производителите на пиперката ајварка. Гласаа против тоа да добијат 10 денари за килограм продадена пиперка и 200.000 денари по хектар евидентирана засадена површина.

Зсатанаа против производителите на пченица. Гласаа против да добијат 5 денари за килограм пченица.

Против сточарите, гласаа против да добијат 8.000 денари по грло говедо, а оризарите да добијат 10 денари за килограм произведена и продадена оризова арпа.

Ете ова е вистинското лице и лицемерие на арамијата.

Нема пари за земјоделците, ама има пари за криминални партиски тендери и договори.

Пред избори ветуваа земјоделска преродба, повисоки субвенции, сигурен пласман и повисоки откупни цени – а направија пустош.

Се што ветија излажаа.

Како сега ќе ги погледнат земјоделците во очи?

Родот им скапува на нивите. Ги копачат нивите, ги продваат фармите за да преживеат..

До оваа состојба ги доведе Мицкоски. И наместо помош и поддршка во оваа криза, ги дотолчува.

СДСМ ќе продолжи да се бори за земјоделците.

Македонскиот земјоделец заслужува поддршка, сигурност и почит.

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветаноски – членка на ИО

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер