Светското население годинава зголемено за 75 милиони луѓе, на 1 јануари ќе надмине 8 милијарди - Канал 5

Светското население годинава зголемено за 75 милиони луѓе, на 1 јануари ќе надмине 8 милијарди

Светската популација се зголеми за 75 милиони луѓе оваа година, а на 1 јануари ќе надмине осум милијарди луѓе, според податоци од Бирото за попис на САД.

Светското население годинава зголемено за 75 милиони луѓе, на 1 јануари ќе надмине 8 милијарди

Растот на светската популација за изминатата година беше нешто под 1 процент. Како што почнува новата година, се очекуваат во просек 4,3 раѓања и два смртни случаи во секунда, покажуваат проекциите на Бирото за попис на САД.

Стапката на раст на населението во САД минатата година беше 0,53 отсто, што е половина од стапката на меѓународно ниво. Населението на САД е зголемено за 1,7 милиони луѓе, а во новата година земјата ќе има население од 335,8 милиони луѓе.

Ако сегашната стапка на раст на населението продолжи до крајот на деценијата, тоа би можело да биде декада со најбавен раст на населението во историјата на САД, со проектирана стапка на раст помеѓу 2020 и 2030 година од под 4 проценти. Тоа го посочува Вилијам Фреј, експерт за демографија во американскиот тинк-тенк за јавна политика, Институтот Брукингс.

Деценијата со најнизок раст на населението во САД досега е четвртата од минатиот век, која беше погодена од последиците на Големата депресија. Тогаш стапката на раст беше 7,3 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли и високи претставници на ММФ

Фискалната дисциплина и поддршка на економскиот раст се клучните приоритети на кои работиме.

Димитриеска-Кочоска на средби на средби со Бо Ли  и високи претставници на ММФ

Министерството за финансии вложува напори и спроведува активности кои се во насока на имплементација на реформите во доменот на упраувањето на јавните финансии и спроведување дисциплинирана фискална политика со постепено намалување на буџетскиот дефицит, а при тоа да не го загрози растот. Тоа ја носи државата напред и создава услови за подобар животен стандард на граѓаните. Ова беше истакнато од страна на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на состаноците со високи претставници на ММФ во рамки на Годишните средби на ММФ и СБ што годинава се одржуваат во Бангкок, Тајланд.

На состаноците со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек, извршниот директор на ММФ, Јерун Клик и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, министерката истакна дека клучен приоритет за Владата и Министерството за финансии е да се оствари определбата за фискална консолидација на среден рок согласно Фискалната стратегија и истовремено да поттикнеме повисок економски раст.

„Во моментов во Министерството за финансии се подготвува Буџетот за 2027 година, а веќе во собраниска процедура е Ребалансот на Буџетот за 2026 година. Особено сме внимателни во управувањето на јавните финансии, имајќи предвид дека со соочуваме со голема неизвесност и потребата од преземање мерки за заштита на стандардот на граѓаните, но и поддршка на бизнисот. Во таа насока со Ребалансот правиме интервенции и на приходната и расходната страна со цел да ја задржиме фискалната дисциплина и да не предизвикаме притисок врз буџетскиот дефицит“, рече министерката.При тоа додаде дека буџетскиот дефицит останува во рамки на проекцијата и е насочен кон реализација на развојните политики на Владата, односно поддршка на големите инвестициски проекти.

Ова, според министерката, особено е важно за поддршка на економскиот раст и продолжување на овој тренд на стапки на раст од над 3% во изминатите две и пол години.

На состаноците беше наведено дека во вториот квартал од 2026 година, БДП забележа годишен раст од 4,3%, што претставува највисок раст во постковид-периодот. Тоа го потврдува продолжувањето на позитивните економски движења и отпорноста на домашната економија во услови на неизвесност во глобалното економско опкружување. Растот во првиот квартал изнесуваше 3,1%, со што растот во првата половина од годината достигна 3,7%. Особено е важно дека еден од факторите на кои се темели е високиот раст на бруто инвестициите, поддржани преку Буџетот. Исто така, согласно Фискалната стратегија 2027-2031, бруто инвестициите ќе продолжат да бидат еден од главните двигатели на економскиот раст.

Создавањето предуслови за нов циклус економски раст преку реализација повисоко ниво на капитални инвестиции, постепена фисклана консолидација и унапредување на упраувањето со јавните финансии се основните цели на Фискалната политика за периодот 2027–2031 година. Истовремено, спроведувањето на фискалната консолидација создава основа за заачувување стабилноста и одржување одржлив и инклузивен економски раст. Во овој контекст потенцираше министерката дека буџетскиот дефицит согласно среднорочните проекции ќе се спушти на 2,8% во 2029 година.

На состаноците се осврнавме и на пензискиот систем во земјава при што од страна на ММФ беше изразен интерес за поставеноста на вториот пензиски столб. Ова прашање особено ќе биде во фокусот на следната Мисија на ММФ планирана за ноември во Македонија. Ова е и во контекст на прегледот на јавните расходи (Spending Review) од страна на Светска банка во кој е опфатено и прашањето на пензискиот систем, а со цел да се обезбеди подетална анализа на состојбите и унапредување на неговата одржливост.

На состанокот беа поздравени напорите на Владата за спроведување фискална консолидација и беше истакнато охрабување да продолжи со реформите кои ќе го зајакнат управувањето и ја зголемат отпорноста на јавните финансии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Тавче гравче со колбаси

Во четврток (08.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Саш Мишевски.

„Гответе со Дракче“ - Тавче гравче со колбаси

Состојки за денешниот рецепт:

2 големи конзерви грав

1 пиперка

1 главица кромид

3 парчиња колбаси

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова

Наместо одговорност за пуштањето на Ива Михаилова, граѓаните повторно гледаат како Мицкоски го штити Тошковски.

СДСМ: Мицкоски го штити Тошковски – на сите им е јасен договорот „под радар“ за пуштање на Михаилова

Нема одговори како обвинета, со одземени македонски и бугарски пасош успеала да ја напушти државата.

Тошковски на телевизија јавно признава дека границата е „швајцарско сирење“.

А кој е надлежен за границата? Тошковски.

Срамота е министерот што ја води полицијата, која ја обезбедува границата, да каже дека границата е швајцарско сирење.

Границата е решето и за криминалци и за бегалци од правдата. Никој не одговара. Нема правда.

А кој раководи со полицијата? Тошковски.

Ама Мицкоски го штити Тошковски.

Сега на сите им е јасен договорот под „радар“ за пуштање на Михаилова.

Затоа наместо одговорност и оставка од Тошковски сега народот гледа театар.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер