3Манасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието
Шоу бизСветскиот срцекршач Мајкл Даглас каков што не сме го виделе досега!Актерката Кетрин Зита Џонс објави фотографија од Париз на која нејзиниот сопруг ја бакнува. Многумина забележаа дека сега разликата во години меѓу нив е поочигледна од кога било.Иако љубовта помеѓу актерите Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс трае веќе три децении, многумина се согласија дека разликата меѓу нивните години никогаш не била позабележлива од сега. Да потсетиме, таа има 53 години, а Мајкл 78 години. Кетрин вчера на Инстаграм објави нивна заедничка фотографија од Париз, па многумина беа изненадени од изгледот на славниот актер, кој јасно покажува знаци на старост, но и од фактот што тој после тешката болест, очигледно, никогаш не успеал да се опорави. Фотографијата за само еден ден доби повеќе од 76.000 „допаѓања“ и околу илјада коментари. View this post on Instagram A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones) Како и секогаш, покрај големиот број комплименти на сметка на убавата актерка, некои обожаватели ја прашаа „што прави со старец како Мајкл“, а имаше и такви кои изненадени се прашуваа што му се случило на холивудскиот заводник што „толку многу пропаднал“. Поединци дури и истакнаа дека е шокантно што го гледаат славниот актер во таква состојба. Инаку, Даглас пред неколку дена „крена прашина“ на Инстаграм со своето објавено видео од Париз, на кое се забележува дека актерот ја бојадисал косата. - Еј момци, среќен петок, нека ви е добар, многу љубов! - напиша Даглас покрај објавеното видео. На многумина не им е јасно дали актерот решил да го промени имиџот или се подготвува за нова улога. Имено, тој ќе го игра Бенџамин Френклин во серијата која допрва треба да се емитува, а ќе се појави и во филмот „Ant-Man and the Wasp: Quantumania“ кој во американските кина се очекува во февруари следната година. Кетрин и Мајкл имаат две деца, синот Дилан и ќерката Кејрис, за кои гордата мајка изјави дека „паметот го наследиле од неа“. Интересно е што двајцата актери, и Кетрин Зита Џонс и Мајкл Даглас, се родени на ист ден, 25-ти септември. По тој повод, убавата актерка објави заедничка фотографија на Инстаграм под која напиша: - Денес ни е роденден! Иако овој посебен ден го славиме заедно веќе 24 години, сепак се радувам! Те сакам!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗападот „брка“ критични материјали а нашата Иловица е во „длабок сон“. Кој е виновен?Геополитичката трка за критични минерали ги принудува западните држави сè поактивно да го финансираат рударскиот сектор.Американскиот Центар за стратегии за критични минерали предупредува дека без поголема државна финансиска поддршка, Западот ќе продолжи да зависи од Кина за суровините клучни за современата технологија и одбраната. Но, додека развиените земји бараат начини да го зголемат јавниот капитал за ископ, во Македонија стои неискористен приватен инвестициски потенцијал. Проектот за бакар „Иловица“ останува во застој, иако за него веќе е обезбеден приватен капитал. Во време кога критичните минерали се основа за економска отпорност, игнорирањето на овој рударен потенцијал значи пропуштена можност за позиционирање на Македонија во новите глобални синџири на снабдување. Како што се истакнува во извештаите, битката за ресурси ќе ја добијат само оние земји кои можат брзо да мобилизираат капитал и да ги префрлат стратешките проекти во фаза на производство. Домашните експерти веќе апелираат Македонија да го искористи својот ресурсен потенцијал во соработка со западните партнери. Рудникот Иловица има капацитет да експлоатира 10 милиони тони руда годишно (со просечно производство од над 10.000 тони бакар) во период од 23 години. За разлика од Западот кој бара јавни пари, за овој проект веќе има приватен капитал кој нуди огромни економски придобивки: 340 милиони евра инвестиција само во првата фаза на изградба на рударскиот комплекс. Стотици нови директни вработувања. 75 милиони евра годишно кои ќе се слеваат во локални и регионални компании од угостителството, земјоделството, текстилната индустрија и тековното сервисирање. Во меѓувреме, Западот се соочува со недостиг на бакарен концентрат поради застрашувачката пазарна доминација на Кина, која досега инвестирала 98 милијарди долари во вакви проекти. Според Меѓународната агенција за енергетика, светот има потреба од над 500 милијарди долари нови инвестиции во критични минерали. Затоа, реализацијата на подготвени и финансирани проекти како „Иловица“ претставува стратешки императив кој носи долгорочен економски развој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЛатвија откри тунел под границата со Белорусија, користен од мигрантиЛатвија денес објави дека открила тунел под границата со Белорусија и најави планови за сузбивање на мрежите за кои тврди дека им помагаат на сè поголем број мигранти илегално да ја преминат границата.Минатиот месец, летонски војници употребија солзавец и испукаа предупредувачки истрели за да ги запрат мигрантите кои се обидуваа да влезат во земјата од Белорусија, која дели граница долга 173 километри со Латвија, земја-членка на Европската унија. „Заштитата на источната граница на Латвија ќе се засили, граничната контрола, полицијата, вооружените сили и безбедносните служби ќе соработуваат поинтензивно, а беспилотните летала ќе се користат почесто за рано откривање и задржување на илегалните мигранти“, изјави министерот за внатрешни работи Јанис Домбрава на заедничката прес-конференција со премиерот Андрис Кулбергс. Во последните недели, европските земји изразија загриженост поради илегалната миграција, откако десетици илјади луѓе преминаа од Мароко во шпанската енклава Сеута, иако оттогаш повеќето од нив ја напуштија шпанската територија. Кулбергс изјави дека криминални групи им помагаат на мигрантите да влезат во Латвија – а со тоа и во Шенген-зоната без внатрешни граници – од Белорусија, но дека нивните крајни дестинации се наоѓаат на други места на континентот. „Тие мигрираат таму каде што е полесно (да се влезе во ЕУ). Затоа, ние не смееме да бидеме најлесното место (за влез)“, рече Кулбергс на прес-конференција. Тој вети дека ќе преземе строги мерки против мрежите што ги превезуваат мигрантите од границата до нивните дестинации и дека ќе ги идентификува сите локации што ги користат мигрантите во рамките на Латвија. „Ако сè оди според планот, уверени сме дека ќе му зададеме доволно силен удар на системот“, рече Кулбергс. „Сакам да им порачам на организаторите: на сето ова ќе му дојде крај.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Кога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманиетоКога немаат идеи и резултати, во СДС произведуваат конфликти за да останат во центарот на вниманието.Суштината на политиката што ја гледаме од раководството на талогот Венко Филипче е Македонија да зборува за инциденти, расправии и поделби. Затоа што тие се навикнати на таков начин на водење на држава, па сега мислат дека такa повторно ќе дојдат на власт. Таа политика излезе на виделина кога пратија осудени насилници да направат инцидент во Ново Село токму кога и претседателот Мицкоски беше таму. Ефтимов и Стојанов, децата на Заев, осудени насилници без проблеми се ставија на располагање на Филипче и без никакво размислување отидоа да направат инцидент. Но граѓаните ги прочитаа. Граѓаните знаат дека од овој СДС освен создавање на хаос и инциденти, проблеми и манипулации, друго и не може да се очекува. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook