Светски рекордер на 10 километри е суспендиран поради допинг - Канал 5

Светски рекордер на 10 километри е суспендиран поради допинг

Атлетичарот од Кенија и светски рекордер на трки на 10 километри, Ронекс Кипруто, е привремено суспендиран поради прекршување на анти-допинг правилата, објави Атлетската единица за интегритет (AIU).

Светски рекордер на 10 километри е суспендиран поради допинг

Кипруто, кој исто така освои бронзен медал на 10.000 метри на Светското првенство во 2019 година, го собори светскиот рекорд за трка на 10 километри во 2020 година (26:24 часа). AIU твитна дека 23-годишниот Кипруто бил суспендиран „за употреба на забранета супстанција/метод (АБП)“. AБП се однесува на биолошки пасош на спортистот кој покажувал отстапувања кои можат да ги откријат ефектите од допингот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Службеник во Агенцијата за вработување во Прилеп примал поткуп- уапсен е

Лишен од слобода вработен во АВРСМ Прилеп за примање поткуп, следува пријава.

Службеник во Агенцијата за вработување во Прилеп примал поткуп- уапсен е

На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп". Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати побрала и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени разлози одбил работно место во фабрика во Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ѓорѓиевски: Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод 63 години од земјотресот

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 година, денес организиравме бесплатен панорамски разглед на градот - патување низ историјата, спомените и духот на старо Скопје.

Ѓорѓиевски: Бесплатен панорамски разглед на Скопје по повод 63 години од земјотресот

Со панорамски автобус и стручно водство од туристички водич од Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници, граѓаните имаа можност да дознаат како изгледало Скопје пред земјотресот, да ги слушнат приказните за објектите што биле разрушени, како и за местата што го обликувале препознатливиот лик и животот на градот.

Скопје е град кој ја претвори трагедијата во сила, а спомените во темел врз кој ја гради својата иднина.

Затоа наша обврска е да ја чуваме меморијата за минатото, да го негуваме културното и историското наследство и да ја пренесуваме приказната за Скопје на идните генерации, објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Авион падна врз куќа во Германија- има загинати (ВИДЕО)

Драматична авионска несреќа се случила денеска непосредно пред 11 часот наутро во Гандеркезе, Германија.

Авион падна врз куќа во Германија- има загинати (ВИДЕО)

Сино-бел авион се урна на покривот на семејна куќа. Според полицијата, едно лице го загубило животот. Сè уште не е јасно дали станува збор за пилотот.

Силен тресок утрово ја потресе мирната станбена улица во Гандеркезе (округ Олденбург) во Долна Саксонија, Германија. Малиот авион претходно изгубил висина и се урнал дијагонално низ ќерамидите на покривот. Кокпитот бил целосно уништен, крилата се скршиле, а делови од остатоците паднале на земја, објави Билд.

Спасувачките служби биле во голем број на местото на падот на авионот. Пожарникарите го пребарувале покривот од мобилна скала, додека полицијата го блокирала подрачјето. Постојат индикации дека во авионот имало друго лице, но тој сè уште не е пронајден. Спасувачите користеле дрон за да се обидат да го лоцираат.

Семејството што живее во куќата не било во објектот во времето на несреќата. Очигледно, авионот полетал од Бремен непосредно пред да се случи несреќата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер