Светската група „Villagers of Ioannina City“ првпат во Скопје - Канал 5

Светската група „Villagers of Ioannina City“ првпат во Скопје

Светската група, експериментален секстет од Јанина, Грција - „VILLAGERS OF IOANNINA CITY“ првпат вечерва ќе настапат во Скопје. Концертот ќе се одржи во Младинскиот културен центар со почеток во 21 часот.

Светската група „Villagers of Ioannina City“ првпат во Скопје

Овој музички состав, кој својата 45-дневна европска турнеја ја започнува токму во Скопје, постои од 2007 година и оттогаш ги освојува европските музички фестивали. Нивната музика се класифицира како пост, стонер и психоделичен рок со карактеристична полифонија, специфични ритми и употреба на фолклорна музика од Епир на кларинет, кавал и гајда.

Од нивното оформување до денес, имаат издадено три студиски албуми - “Riza” (2010), “Age of Aquarius” (2019) и последниот “Through space and time” (2021). Од самите нивни почетоци, Villagers of Ioannina City патуваат низ цела Грција, како и во голем дел од европските метрополи (Берлин, Амстердам, Барселона, Лондон). Нивните концерти вклучуваат вистински музичко-светлосен продукциски спектакл чија цел е да ја понесе публиката на мистично космичко патување. За тоа говорат и двата концерти во Атина во 2015 и 2019 со повеќе од 6000 присутна публика.

„“Villagers of Ioannina City првпат во Скопје, се надеваме не и последен“ - изјавуваат организаторите од МКЦ.

Концертот е дел од културната понуда на Град Скопје како „Европска престолнина на културата“ за 2028 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Венецуелците рачно ги пребаруваат урнатините на зградите додека владините багери стојат неискористени, нема бензин

Додека Венецуелците во Ла Гваира продолжуваа да пребаруваат низ урнатините  на зградите вчера, владин багер стоеше неподвижен до куп бетон и свиткана арматура бидејќи нема бензин пренесува Си Ен Ен.

Венецуелците рачно ги пребаруваат урнатините на зградите додека владините багери  стојат  неискористени, нема бензин

Има многу работа што треба да се заврши речиси една недела откако два силни земјотреси уништија голем дел од овој крајбрежен град.

Тешката механизација е витална алатка за откопување на затрупаните згради .

Венецуела е дом на најголемите резерви на нафта во светот, но по еден од најлошите земјотреси во последните повеќе од еден век, многу од нејзините граѓани беа принудени рачно да ги ископаат своите пријатели и семејства од урнатините поради недостаток на гориво. Нивниот очај доаѓа во време кога венецуелската влада се соочува со зголемени критики за нејзиниот одговор на кризата.лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо изјави дека кризата ја мотивирала да се врати во венецуела од егзил во САД, изјавувајќи за „фокс њуз“ дека таа и Венецуелците „треба да бидат заедно“. Во меѓувреме, владата го бранеше својот одговор на земјотресите и покрај „почетниот хаос“, а високиот пратеник Хорхе Родригез се залагаше за нова иницијатива „во која волонтерите се распределуваат според утврдените приоритети“.

Министерот за внатрешни работи Диосдадо Кабело уште на почетокот им порача на Венецуелците да веруваат во својата влада. Официјалниот број на жртви продолжува да расте 1.943 лица, што е зголемување од околу 200 во однос на претходниот ден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ

Ирска го презеде шестмесечното претседателство со Советот на Европската Унија од Кипар.

Ирска го презема претседателството со Советот на ЕУ

Во оваа пола година еден од главните приоритети на Унијата ќе биде буџетот за следниот седумгодишен период.

Ирска, членка на ЕУ од 1973 година, го презема претседателството со Советот по осми пат. Нејзината програма ги истакна економската конкурентност, безбедноста, проширувањето и континуираната поддршка за Украина како свои главни приоритети.

Европската комисија, предводена од претседателката Урсула фон дер Лајен, ќе биде во Корк, Ирска, во четврток и петок, како што е вообичаено на почетокот на секое ротирачко претседателство, кога членовите на Комисијата се среќаваат со членовите на владата на земјата што претседава.

Денеска претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, ќе присуствува на церемонија во Даблин по повод почетокот на претседателството и ќе разговара со ирскиот премиер Мајкл Мартин.

Ирска, како претседател, ќе игра клучна улога во преговорите за следната повеќегодишна финансиска рамка (MFF), што ќе биде клучно прашање во втората половина од годината.

Пред една недела на Самитот, лидерите на ЕУ ја задолжија Ирска да подготви нова рамка за преговори за износите на МФП и предлог за нови сопствени извори на финансирање за европскиот буџет до октомври.

Договор за структурата на идниот седумгодишен буџет веќе е постигнат, а сега останува најтешкиот дел - за големината на буџетот и износите за секоја категорија расходи.

Целта е да се постигне договор до крајот на годината, што, со оглед на различните позиции на земјите-членки, ќе биде многу тешко да се постигне.

Германија бара буџет за 400 милијарди евра помал.

Фактот дека Германија, најголемиот нето придонесувач во европскиот буџет, бара буџет за 400 милијарди евра помал од предлогот на Комисијата, кој предложи износ од два трилиони евра за програмскиот период од 2028 до 2034 година, исто така покажува колку се оддалечени позициите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тошковски и Дачиќ на Табановце ќе ја промовираат кампањата „Вози одморен“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска  ќе го посети граничниот премин Табановце, каде заедно со министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ќе ја промовираат летната превентивна кампања „Вози одморен“.

Тошковски и Дачиќ на Табановце ќе ја промовираат кампањата „Вози одморен“

Настанот ќе започне во 11 часот и 30 минути и е дел од активностите насочени кон подигнување на свеста за безбедно учество во сообраќајот за време на летната сезона, кога се очекува зголемена фреквенција на возила и патници на граничните премини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер