Светска недела на доењето - Канал 5

Светска недела на доењето

Под слоганот „Заложи се за доењето“, годинава, Светската недела на доењето е насочена кон развој и зголемување на капацитетите на здравствениот систем и на општеството за поддршка на доењето. 

Светска недела на доењето

Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца Лулка од Скопје, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и компанијата Хипомед, оваа година ja одбележуваат Светската недела на доење од 1-ви до 7 август едукација на сите медицински сестри и акушерки за доење, со јавна кампања за промоција на значењето на доењето и со донација на Bempu Tempwatch алки за хипотермија, за предвреме родените бебиња испишани од Одделението за неонатална интензивна нега на Клиниката.

-Под слоганот „Заложи се за доењето“, годинава, Светската недела на доењето е насочена кон развој и зголемување на капацитетите на здравствениот систем и на општеството за поддршка на доењето. Организацијата Лулка ќе организира онлајн обука со стручни предавачи наменета за акушерки, медицински сестри, гинеколози/акушери, педијатри и доктори по семејна доење, за значењето на современата поддршка на доење во духот на Светската недела на доењето 2022. Потоа, ќе дистрибуира флаери за информирање на секоја породена мајка за значењето на доењето, со кратки основни упатства за доење и контакти каде може да добијат соодветни информации и поддршка по доаѓањето дома, се вели во денешното соопштение од Лулка.

Во август и септември, семејствата со предвреме родено бебе кои ќе ја напуштат Клиниката ќе добијат специјален уред (Bempu TempWatch) за контрола на температурата на предвреме роденото бебе, за поттикнување на кенгурирањето и на доењето. Оваа донација, обезбедена од компанијата Хипомед, е наменета за предвреме родените бебиња кои се испишуваат од одделението за неонатална интензивна нега на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, во соработка со Клиниката и организацијата Лулка.

-Преку едукација и трансформација низ повеќе сектори, може да направиме квалитетна промена и да обезбедиме поддржувачка средина, соодветни навремени информации за младите родители, кои се сѐ повеќе свесни за големите предности на доењето и сакаат да го дојат своето бебе, објаснува д-р Денис Ал Калили, претседател на здружението Лулка и доктор на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство.

Директорката на Клиниката, д-р. Викторија Јовановска информира дека во рамки на одбележување на Светската недела на доењето, во соработка со организацијата Лулка, ќе спроведат едукација на кадарот за значењето на доењето во современ контекст, вклучително и за потенцијалните можности и мерки за заштита поврзани со КОВИД-19.

-Целта на сите активности е да ги поставиме мајките и бебињата во фокусот и на породените мајки да им обезбедиме основни информации за доењето, како и каде да се обратат за поддршка за доење по испис од родилиште, нешто што сигурно многу ќе им значи. Преземаме и активности да го поттикнеме доењето на предвреме родените бебиња и поврзување на мајките и бебињата, како продолжение на претходно воведените посети во единицата за неонатална интензивна нега, што беше поздравено од семејствата со предвреме родени бебиња. Овие активности се во согласност со препораките на УНИЦЕФ и СЗО и во духот на неделата на доење. И ние како клиника се заложуваме за доењето и посакуваме квалитетен развој на сите бебиња кои се раѓаат на Клиниката, вели Јовановска.

Лулка бара здравствените власти и локалната заедница да се вклучат во заштита, промоција и поддршка на доењето и преку нивно информирање и едукација да се овозможи позитивна околина за доење за семејството. Затоа што, како што нагласуваат, мајчиното млеко е перфектно создадено за да ги задоволи нутритивните и имунолошки потреби на бебето.

-Доењето во првите неколку години од животот ги штити децата од инфекција, обезбедува идеален извор на хранливи материи, исто така е економично и безбедно. И покрај овие исклучително значајни придобивки, практиките за доење не се оптимални во многу делови на светот. Голем број од децата не започнуваат со доење доволно рано, не се ексклузивно доени во текот на препорачаните шест месеци или прерано престанува доењето. Мајките често се соочуваат со притисоци да преминат на хранење со формула за бебиња, што може да придонесе кон побавен раст и недоволно внесување на микро-прехранбени состојки. УНИЦЕФ и СЗО препорачуваат новороденчињата да бидат задоени во рок од еден час по раѓањето; исклучиво подојувани во првите шест месеци од животот и да се подојуваат до возраст од 2 години и понатаму, нагласуваат од здружението Лулка.

Светската алијанса за доење (WABA) секоја година ја одбележува Светската недела на доењето од 1-7. Август. Организацијата Лулка е застапник (endorser) на WABA во земјава и работи на промоција, заштита и поддршка на доењето во изминатите 13 години. Доењето има многу предности за бебето, за мајката и секако, за општеството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

Герасимовски: Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар , анкета за почиста и поздрава животна средина

Локалната самоуправа започна со подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување.

„Општина Центар спроведува анкета со која граѓаните можат да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина. Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар“, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна, а може да ја пополните на линк: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

На маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.

Средба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад

Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат.

Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција.

На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “

Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин.

„Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп.

На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер