Светот во шок по вчерашната караница меѓу Трамп и Зеленески во Овалната соба - Канал 5

Светот во шок по вчерашната караница меѓу Трамп и Зеленески во Овалната соба

Светската јавност е буквално во шок по синоќашната кавга во Овалната соба која пред камерите ја имаа претседателите Трамп и Зеленски. 

Светот во шок по вчерашната караница меѓу Трамп и Зеленески во Овалната соба

Европските лидери, освен Виктор Орбан, едногласни во поддршката за украинскиот претседател Зеленски по неговата жестока расправија со американскиот претседател Доналд Трамп и потпретседателот Џеј Ди Венс пред новинарите во Овалната соба. Зеленски по тензичниот состанок предвреме ја напушти Белата куќа, а договорот за ретки минерали не се потпиша.

Набргу по конфронтацијата во Белата куќа, францускиот претседател Емануел Макрон, кој исто така го посети Трамп оваа недела, синоќа изјави дека ако некој игра на картата на Трета светска војна, тоа според него е Путин.

-Има агресор, тоа е Русија, има нападнат народ, тоа е Украина. Мислам дека бевме во право што и помогнавме на Украина и ја санкциониравме Русија пред три години и продолживме да го правиме тоа – изјави Макрон.

Германскиот конзервативен лидер Фридрих Мерц кој е најверојатниот наследник на Шолц порача дека „никогаш не смеат да се мешаат агресорот и жртвата во оваа страшна војна“. Со слични пораки за поддршка се огласија и премиерите од другите земји, додека италијанската премиерка Џорџа Мелони побара итен самит за Украина во кој ќе бидат вклучени САД и европските земји.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, пак, кој важи за сојузник на Трамп и одржува блиски врски со Русија, го поддржа американскиот претседател по вчерашните случувања во Белата куќа. „Силните луѓе создаваат мир, слабите луѓе прават војна“, објави Орбан на платформата Х. Покрај него, поддршка за Трамп искажа и словачкиот премиер Роберт Фицо кој повтори дека Словачка нема да ја поддржи Украина ниту финансиски ниту воено за продолжување на војната.

И додека светската јавност остана затекната по вчерашните случувања во Белата куќа, Трамп по средбата оцени дека украинскиот лидер се преценил. Зеленски, пак, во интервју за американската „Фокс Њуз“ кажа дека не мисли дека треба да му се извини на американскиот претседател, но е оптимист дека нивниот однос може да се спаси, а САД како што рече остануваат нивен стратешки партнер.

-Имавме состанок денеска, како што знаете, со претседателот Зеленски и ќе кажам дека не испадна баш најдобро. Од негова гледна точка, тој се прецени. Треба да имаат итен прекин на огнот, тоа беше нешто друго. Тој не сакаше да направи ништо за прекин на огнот, прекинот на огнот може да се случи веднаш, изјави Трамп.

-Не, го почитувам претседателот и го почитувам американскиот народ, мислам дека треба да бидеме многу отворени и многу искрени. Не сум сигурен дека направивме нешто лошо, изјави Зеленски за „Фокс Њуз“.

Во меѓувреме, британскиот премиер Стармер ќе се обиде да ги седне на маса европските лидери, вклучително и Зеленски. Украинскиот претседател, според информациите, веќе слетал во Лондон на средба со Стармер.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“

Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“ спојот со ул. „Моша Пијаде“, информира преку својот фејсбук профил градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Во тек е поставување на подземен контејнер со три корпи на ул. „Никола Минчев“

-Во насока на унапредување на комуналната инфраструктура и одржување на почиста и поуредена животна средина, во тек се активности за поставување на подземен контејнерски систем со три корпи, кој ќе придонесе за поефикасно собирање на отпадот и подобро искористување на јавниот простор.

Изведувач на работите е „Метал Апостолов“.

Со ваквите активности продолжуваме со унапредување на јавните површини и создавање почиста, поуредена и поздрава животна средина за сите граѓани. [♻️]

Заедно за почист и поубав град!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“.

Божиновска: Иновациите и новите технологии се клучни за посигурен енергетски систем и поконкурентна економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска го отвори Саемот за енергетика, технологија и иновации „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“, нагласувајќи дека енергетската транзиција бара стратешко планирање, нови инвестиции, модернизација на инфраструктурата и примена на иновативни технолошки решенија.

Во своето обраќање, Божиновска истакна дека енергетиката денес е многу повеќе од производство и снабдување со електрична енергија – таа е директно поврзана со економската конкурентност, енергетската безбедност, технолошкиот развој и квалитетот на животот на граѓаните.

„Одлуките што ги носиме денес во енергетскиот сектор ќе влијаат врз економијата на утрешнината, нашата отпорност на глобалните кризи и можностите што ќе им ги оставиме на идните генерации“, посочи министерката.

Таа нагласи дека успешната енергетска транзиција не подразбира само промена на изворите на енергија, туку и модернизација на мрежата, поголема енергетска ефикасност, дигитализација, складирање енергија и воведување паметни системи за управување.

Божиновска посочи дека државата располага со значаен потенцијал за развој на обновливите извори на енергија, особено сончевата, ветерната и хидроенергијата. За целосно искористување на овој потенцијал, неопходни се паралелни инвестиции во инфраструктурата и технологиите што ќе обезбедат стабилно и сигурно функционирање на енергетскиот систем.

Посебен акцент стави на улогата на иновациите, дигиталните технологии, автоматизацијата и вештачката интелигенција во унапредувањето на индустриските процеси, намалувањето на потрошувачката на енергија и поефикасното користење на ресурсите.

„Вистинската вредност на иновациите се гледа тогаш кога знаењето се претвора во конкретни решенија – поефикасни компании, подобри услуги, нови инвестиции и поквалитетен живот за граѓаните“, истакна Божиновска.

Министерката ја нагласи и важноста од посилно поврзување на образованието, науката, индустријата и институциите, со цел младите да добијат повеќе можности за практична примена на знаењето, учество во развојни проекти и професионален напредок во државата.

„Како Министерство, остануваме посветени на создавање стабилна и предвидлива регулаторна рамка, поттикнување инвестиции и развој на енергетски сектор што ќе одговори на потребите на граѓаните и стопанството и ќе придонесе за европската интеграција на државата“, нагласи Божиновска.

Таа додаде дека резултатите од енергетската транзиција треба да се оценуваат не само преку реализираните проекти и инсталираните капацитети, туку и преку сигурноста на снабдувањето, конкурентноста на индустријата, поефикасното користење на ресурсите и новите можности за идните генерации.

Со отворањето на „ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026“ беше истакната важноста на континуираната соработка меѓу институциите, бизнис-секторот, научната заедница и младите во создавањето современ, одржлив и конкурентен енергетски сектор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Естонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со Русија

Естонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со Русија, како дел од напорите за зајакнување на одбранбената подготвеност, изјави естонскиот министер за одбрана Мартин Херем пред новинари.

Естонија планира да изгради околу 150 бункери на границата со Русија

Бункерите ќе бидат изградени во регионот Ида-Виру, кој граничи со Русија.

Околу 100 бункери ќе бидат поставени на државно земјиште, а приближно 50 на приватни парцели или на земјиште во сопственост на локалните самоуправи, рече Херем, според естонскиот медиум ERR.

Министерот не даде детални информации за тоа како ќе се користат бункерите. Најновите мерки доаѓаат во време кога продолжуваат руските закани кон источното крило на НАТО.

Како одговор на зголемената руска агресија во регионот, балтичките држави во последните години ставаат силен акцент на стратешката подготвеност, поттикнувајќи ја подготвеноста на цивилното население и зголемувајќи ги трошоците за одбрана.

Претставници на НАТО предупредија на навлегувања на руски беспилотни летала, повреди на воздушниот простор, саботажи и други хибридни закани, додека земјите во регионот истовремено ја зајакнуваат својата противвоздушна одбрана. Откако Русија започна целосна инвазија врз Украина, НАТО го зајакна своето источно крило преку распоредување дополнителни трупи и подготовка на план за брз одговор.

Претходно овој месец, естонската војска објави дека трајно ќе премести една борбено подготвена бригада поблиску до руската граница.

Првата бригада треба да биде преместена во новопроширена воена база, оддалечена помалку од 50 километри од руската граница, со цел армијата подобро да се подготви за евентуален руски напад.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер