Светот во 2022: Крај на една ера - Канал 5

Светот во 2022: Крај на една ера

​Кралицата Елизабета Втора почина мирно попладнево во Балморал, соопшти британското кралско семејство на 8 септември 2022 година. И светот запре на момент.

Светот во 2022: Крај на една ера

Заврши една ера.

Елизабета Втора беше монарх со најдолго владеење во британската историја и најстариот шеф на држава во светот. Таа беше кралица 70 години и ја заобиколи Земјата 42 пати.

Само еден крал во историјата владеел подолго од неа – Луј Четиринаесетти (над 72 години помеѓу 1643 и 1715 година).

Елизабета е родена на 21 април 1926 година во Лондон. Стана наследничка на 10 години кога нејзиниот вујко, Едвард Осми, абдицираше на 11 декември 1936 година, а нејзиниот татко стана кралот Џорџ Шести.

Се омажи за морнаричкиот поручник Филип Маунтбатен, грчки принц, во лондонската Вестминстерска опатија на 20 ноември 1947 година. Тие имаат четири деца: принцот Чарлс (роден во 1948 година) кој сега е крал, принцезата Ана (1950), принцот Ендру (1960) и принцот Едвард. (1964). Филип почина во април 2021 година, на 99-годишна возраст.

Иако ништо не ги обврзува британските монарси да ги откријат своите приватни финансии, познато е дека Елизабета поседувала лично богатство од 370 милиони фунти во 2022 година, односно пет милиони повеќе од претходната година. Кралицата поседувала и колекција на кралски поштенски марки вредна околу 100 милиони фунти.

Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон и замокот Виндзор, 30 километри западно од Лондон, се во државна сопственост. Сепак, замокот Балморал, летувалиштето на кралското семејство и резиденцијата Сандрингем, каде кралското семејство традиционално го слави крајот на годината, биле во сопственост на кралицата и ги наследи Чарлс.

Британската кралица Елизабета Втора почина во нејзиниот омилен замок Балморал во Шкотска. Стотици илјади на Обединетот Кралство следните денови се простуваа од својата кралица. Нејзиниот ковчег беше прво изложен во кралската резиденција во Единбург, а потоа и во катедралата Сент Џајлс. Од Шкотска, ковчегот со телото на кралицата со авион беше пренесен во Лондон, а повеќе од пет милиони лица го следеа последниот лет на Елизабета Втора.

Тоа беше лет што имаше најмногу следбеници во историјата на интернетот, соопшти веб страницата „Flightradar24“, што ги следи летовите на авиокомпаниите ширум светот. Вкупно 4,79 милиони луѓе го следеле летот преку интернет, а уште четвртина милион лица на ЈуТјуб каналот. Компанијата соопшти дека дури шест милиони луѓе се обиделе да го следат летот во првата минута од полетувањето на „Boeing C17A Globemaster“ од аеродромот во Единбург, со што ја загрозиле стабилноста на платформата. Седумдесет години од првиот лет на кралицата со авионот „BOAC Argonaut „Аtalanta“, последниот лет на кралицата Елизабета Втора е најследен лет во историјата на „Flightradar24“, соопшти директорот за комуникации на компанијата.

На државниот погреб на кралицата Елизабета Втора во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваа околу две илјади гости, меѓу кои и неколку стотици претседатели, поглавари и монарси.

Државниот погреб на кралицата Елизабета Втора се смета за најголемата безбедносна операција во историјата на Велика Британија, надминувајќи ја операцијата за платинестиот јубилеен викенд и Олимпијадата во Лондон 2012 година. Настанот го обезбедуваа повеќе од 10.000 полицајци од цела Велика Британија.

Со музика од нејзиниот личен гајдаџија, ковчегот со кралицата Елизабета Втора беше спуштен во гробница во капелата Свети Џорџ во Виндзор. Со тоа заврши последната јавна богослужба за британската кралица со која светот се прости со еден од најдолговечните монарси.

На 19 септември вечерта, во кругот на најблиското семејство беше одржана приватна церемонија, по која кралицата Елизабета Втора беше погребана заедно со нејзиниот сопруг, војводата од Единбург, во меморијалната капела на кралот Џорџ Шести.

Во тие тешки и тажни денови за целиот свет, особено за Британците, надбискупот од Кентербери Џастин Велби рече дека изливот на емоции за кралицата „произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, која сега ја нема“.

Велби, во својата проповед во Вестминстерската опатија рече дека кралицата допрела „многу животи“ и оти била „радост“ за многумина.

Луѓето кои служат со љубов се ретки во која било област од животот. Водачите кои служат со љубов се уште поретки. Но во сите случаи оние кои служат ќе бидат сакани и запаметени кога ќе се заборават оние кои се држат до власта и привилегиите, рече тој.

Тагата на овој ден – што ја чувствува не само семејството на покојната кралица, туку и целата нација, Комонвелтот и светот – произлегува од нејзиниот изобилен живот и служба со љубов, кои сега ги нема, додаде.

Велби, стоејќи во црквата каде што кралеви и кралици се крунисани од 1066 година, исто така рече дека кралицата на својот 21-ви роденден изјавила „дека целиот нејзин живот ќе биде посветен на служење на нацијата и Комонвелтот“.

„Ретко кога такво ветување е толку добро одржано. Малкумина лидери го добиваат изливот на љубов што го видовме“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Руте: Нема докази дека Русија има намера да нападне некој членка на НАТО (ВИДЕО)

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека НАТО не гледа непосредна закана за својата територија и дека нема докази дека Русија има намера да нападне која било членка на Алијансата.

Руте: Нема докази дека Русија има намера да нападне некој членка на НАТО (ВИДЕО)

За време на посетата на Талин, Руте ја пофали Естонија за трошењето пет проценти од својот бруто домашен производ за одбрана и поддршка на Украина, нагласувајќи дека земјата поставува стандарди за другите членки на НАТО, објави естонскиот јавен сервис.

Тој додаде дека руските хибридни напади нема да ги заплашат сојузниците.

Естонскиот премиер Кристијан Михал изјави дека членството на Украина во НАТО ќе биде најсилната безбедносна гаранција за Естонија на долг рок.

Тој најави дека неговата земја ќе издвои 0,28 проценти од БДП за воена помош на Украина оваа година, во споредба со 0,35 проценти минатата година.

Пристапувањето на Украина во НАТО во моментов не е на дневен ред, поради противењето на некои членки, вклучувајќи ги и САД.

Во меѓувреме, иницијативата PURL има за цел да ѝ обезбеди на Украина американско оружје, вклучително и системи за воздушна одбрана.

Исто така, беше забележано дека европските земји се стремат да ја зајакнат сопствената одбранбена индустрија, додека безбедносните прашања во Балтичкото Море и Ормутскиот Проток дополнително ја истакнуваат важноста на заштитата на морските патишта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева со порака од Штип: Сплотени дејствуваме за една победа повеќе

На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева .

Митева со порака од Штип: Сплотени дејствуваме за една победа повеќе

На денешната панел дискусија под мотото „Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, организирана од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ се обрати претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева и истакна дека суштината на дејствувањето на Унијата на жени е во препознавањето на проблемите, нивното јавно отворање и заедничкото делување за изнаоѓање вистински решенија, нагласувајќи дека секој навреме направен преглед, рано откриена промена, побрзо поставена дијагноза и навремено започната терапија претставуваат победа во грижата за здравјето на жените.

„Сплотени дејствуваме – за една победа повеќе е пораката под која сме собрани вечерва, но би сакала уште на самиот почетокот да кажам дека овие зборови за нас ја изразуваат суштината на она што сакаме да го постигнеме како Унија на жени, организација која умее да препознае проблем, да го отвори јавно, да ги собере луѓето кои можат да помогнат и според нас она што е најважно, да придонесе проблемот да добие вистинско решение. Кога зборуваме на оваа тема, зборот победа има една многу важна тежина. Победа е прегледот што не бил одложен. Победа е промената којашто сме ја откриле навреме. Победа е дијагнозата којашто е поставена побрзо, терапијата којашто е започната без непотребно губење на време, лекарот до кого пациентката можела да стигне тогаш кога ѝ бил најпотребен“, рече Митева.

Митева истакна дека политичката одговорност подразбира не само препознавање, туку и решавање на проблемите, нагласувајќи дека иницијативата во Штип е пример за институционална соработка и конкретни резултати во интерес на граѓаните.

„Во тоа сите ќе ја препознаат и пошироката политичка определба на ВМРО-ДПМНЕ дека за нас, политичката одговорност не завршува со детектирањето на проблемот, туку започнува токму таму. Да кажеме што не функционира за нас е најлесниот дел, многу потешко, но и многу поважно, е да преземеме одговорност да го подобриме. Затоа за мене оваа иницијатива во Штип е јасен пример за политичката култура што сакаме да ја градиме, култура на работа, на институционална соработка и на решенија што имаат мерлив ефект врз секојдневието на луѓето. Позицијата нема смисла сама по себе ако зад неа не остане чесност, посветеност и резултат. И токму затоа нашата одговорност како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ е голема, капацитетот на партијата, на нејзините луѓе но и на нејзините структури да се стави во целосна функција не само за една политичката дебата, туку и за подобрување на реалните состојби во државата“, посочи Митева.

На крај Митева истакна дека посветеноста на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ за подигнување на свеста и поддршка на пациентките ќе продолжи и по октомври, нагласувајќи дека грижата за здравјето нема временско ограничување и бара континуирана ангажираност и конкретни решенија.

„Нашата одговорност не смее и нема да заврши на 31 октомври. Оваа болест нема календар, пациентките немаат месец за кампања, а грижата не смее да биде сезонска. Затоа Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја развива оваа тема и по октомври, со истата амбиција како што започнавме, да слушаме, да поврзуваме, да помагаме и таму каде што можеме да оставиме решение зад себе. Сплотени дејствуваме за една победа повеќе“, децидна е Митева, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мито и корупција во договорите со НАТО- претреси и апсења во Норвешка, Романија и Германија

Пет лица се уапсени во Норвешка, а претреси се спроведени во Германија и Романија како дел од истрагата за сомнение за измама и поткуп во врска со договори за бродови кои учествуваат во мисиите на НАТО.

Мито и корупција во договорите со НАТО- претреси и апсења во Норвешка, Романија и Германија

Пет лица се уапсени во Норвешка, а претреси се спроведени во Германија и Романија како дел од истрагата за сомнение за измама и поткуп во врска со договори за бродови кои учествуваат во мисиите на НАТО, објави Агенцијата на Европската Унија за судска соработка (Евроџаст).

Евроџаст соопшти дека апсењата и претресите вклучуваат компанија и нејзините подизведувачи, осомничени за поднесување лажни фактури за услуги на брегот наменети за поддршка на бродовите и нивните екипажи додека се во пристаништата во северозападна Европа.

Се проценува дека земјите-членки на НАТО претрпеле штета во износ од околу еден милион евра, или 1,1 милион долари, иако вкупниот износ на измамата сè уште не е познат, според Евроџаст. Компанијата е исто така осомничена за поткуп на јавни службеници преку посредници за да обезбеди преференцијален третман од Агенцијата за поддршка и набавки на НАТО (NSPA).

Името на компанијата во центарот на истрагата не е објавено

NSPA им помага на 32 членки на најголемата безбедносна алијанса во светот и нивните партнери во набавката на одбранбена опрема, други безбедносни системи и придружни услуги и поддршка. НАТО како организација не поседува свои бродови, тенкови или оружје.

Евроџаст не го објави името на компанијата што е во центарот на истрагата. Нејзините простории во Романија, како и неколку приватни куќи, беа претресени. Во Германија, истражителите претресоа две деловни локации и една куќа, според соопштението за медиумите на Евроџаст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер