Светот денеска „се бои“ во портокалово за да се стави крај на насилството врз жени и девојчиња

Пандемијата само долеа масло на огнот, тортурата врз жените кои што пријавиле семејно насилство во последниве две години значително е зголемена, алармираат невладините организации.

Но, велат – хроничниот проблем останува најголем дел од жртвите изложени на терор не се охрабруваат да го пријават насилникот. Од страв или од срам, неретко ги релативизираат физичките повреди, па на лекар или пред полицијата ги посочуваат како несреќа, стравуваат или пак се срамат да пријават.

-Самите жени се уште чувствуваат страв или се недоволно информирани, се чувствуваат небезбедни, несигурни каде да пријават, што понатаму, што со нив и со нивните деца доколку пријават, каде би оделе после тоа или како доколку излезат од тоа насилство би се снашле во општеството.Ана Аврамовска – Национална мрежа против насилство врз жените.

Невладините предупредуваат дека дел од случаите на насилство резултираат и со убиство. Најчести сторители се партнерите кои што убиството го извршиле во заедничкиот дом, или пак ако е фаза на развод, во домот на родителите. Најчесто оружје е пиштол, информираат невладините.

-Дури 7 од 10 испитанички изјавиле дека претрпеле сексуално вознемирување на јавен простор, како и сексуално вознемирување на интернет. Според последната анализа на фемицид, објавена од Националната мрежа 60% од жените кои што биле убиени, биле убиени од страна на нивен интемен партнер, сегашен или поранешен -Ана Аврамовска – Национална мрежа против насилство врз жените.

Во последнава година според министерството за труд и социјала околу 1140 жени биле мета на насилство само во 2020 година. А услугите од националната мрежа ги побарале околу 100 жени од јануари досега. Оттаму охрабруваат жртвите да кажат стоп на тортурата и да побараат помош, оти не се сами и има кој да ги заштити.

Тим кој што е составен од социјален работник, психолог, правник, со сета наша поддршка, мотивација, социјално советување ќе ги зајакнеме.Ана Аврамовска – Национална мрежа против насилство врз жените.

Од пријавите кои што пристигнале до националната мрежа, 45% се жртви на физичко, 30% претрпеле психичко насилство, 15% економско и 10 % сексуално насилство.

Локалните избори во Србија и изборите во Белград ќе се одржат на 2 јуни

Претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, за недела, 2 јуни, распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа во Србија.

Во своето обраќање во српскиот парламент, Брнабиќ рече дека распишувањето на локалните избори за 2 јуни, кога ќе се одржат и изборите во Белград, е резултат на „успешниот дијалог“ и усвојувањето со двотретинско мнозинство во парламентот на измените и дополнувањата на законот за локални избори.

- Среќна сум што испративме порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани претставници сме способни да постигнеме договор и покрај сите наши разлики. Ваквиот договор е победа на сите одговорни луѓе, рече претседателката на српскиот парламент.

Веднаш потоа, претседателот на привремената управа на Белград, Александар Шапиќ, за недела, 2 јуни, распиша избори во 17 белградски општини.

Шапиќ рече дека од денеска почнуваат роковите за спроведување на изборните дејствија.

- Им посакувам среќа на сите учесници на изборите и на граѓаните кои покрај претставниците во собранијата на градските општини избираат и свои претставници за Собранието на град Белград, рече Шапиќ.

Украина ги повлекува американските тенкови „Абрамс“ од првата борбена линија

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. 

Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

Украина ги отстрани борбените тенкови „Абрамс М1А1“ од фронтот, потврдија двајца американски воени претставници. Ваквиот потег тие го објаснија со тоа што руските беспилотни летала ја отежнале операцијата на тенковите.

САД се согласија да испратат 31 „Абрамс“ во Украина во јануари 2023 година по агресивната повеќемесечна кампања на Киев. Украинците тврдат дека тенковите, кои чинат околу 10 милиони долари по парче, се клучни за нивната способност да ги пробијат руските линии.

Пет од 31 тенк веќе се изгубени во руските напади. Висок американски воен функционер, кој сакаше да остане анонимен, истакна дека ширењето на беспилотните летала на украинското бојно поле значи дека „нема отворен терен преку кој можете само да возите без страв дека ќе бидете откриени“.

Дека тенковите се поместени од линијата на фронтот потврди и потпретседателот на Здружениот Генералштаб Кристофер Грејди, но најави и дека Вашингтон ќе му помогне на Киев да подготви нова тактика.

-Кога размислувате за начинот на кој борбата еволуирала, масивниот оклоп во средина каде што се присутни беспилотни воздушни системи може да биде изложен на ризик. Ќе работиме со нашите украински партнери и другите партнери на теренот, за да им помогнеме да размислат како можат да ги користат, во таква променета средина, каде што сè е веднаш видливо, рече тој, додавајќи дека тенковите се сè уште важни.

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата.

притисни ентер