3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотСвети Климент Охридски ЧудотворецНиедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент Охридски. Затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител.Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија, од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност. Таков – свет е нашиот почеток. Со свети апостол Павле започнаа нашето охристовување и христијанизацијата, а со свети Климента – нашата евангелизација, оцрковување, просвета, книжевност, уметност, култура и сè. Ниедна личност не е толку сврзана со овој народ како што е свети Климент Охридски. Затоа го нарекуваме наш најголем светител, просветител и учител. Неговиот успех е плод на ученоста и побожноста. Тој бил „учител", како што бил учител Господ Исус Христос, а тоа значи дека го учел народот во верата, го просветувал, бил проповедник, мисионер, пастир и првосвештеник. Односот на Господа Исуса Христа кон апостолите, за свети Климента бил личен пример за неговото однесување кон учениците. Тој другарувал со нив. Постојано биле заедно. Живеел со нив. Со кротост и со татковска љубов се однесувал кон нив, а тие, пак, му возвраќале со полно послушание и со синовска одаданост, како што се вели во житието: „Го слушаа како татко." Свети Климент љубел со срце, не – со уста. Неговото деноноќно присуство меѓу учениците и неговото духовно влијание врз нив многу значело во нивната возраст, додека тие се формирале како личности и како Христови пастири. Ја гледале големата трудољубивост, неуморната молитвеност и строгиот подвижнички живот на својот учител. И затоа запишале: „Ние никогаш не го видовме да е без работа." Неговата успешност е и во тоа што тој бил од овој народ и ги познавал сите што ги учел. Ако тој бил некој дојденец: Елин или Латин, некој Сириец или Александриец, не ќе можел така да им се доближи на учениците, а ниту тие ќе можеле да го сметаат за толку близок. Светиклиментовата дејност била просветна, пастирска, духовна и душегрижничка. Наречен е просветител, со полното значење на зборот просвета (prosvyÃenie = prosvetenie). Станува почеток на нашата средновековна книжевност. Неговите творби се најубавите дела на старомакедонскиот словенски јазик и писмо. Животот го посветил на Бога и на народот. Знаејќи дека не може секаде да појде и да му послужи на својот народ, свети Климент го основал Охридскиот универзитет, кој е првиот словенски универзитет и прв универзитет во Европа. На Светиклиментовиот универзитет се изучувале сите тогашни науки. Се создавала нова книжевност и просвета. Во Европа влегла христијанската цивилизација на новиот јазик на Словените. Започнал новиот период во историјата на целото средновековно христијанство. Охрид, свети Климент и неговиот Универзитет станале граница меѓу двете големи јазично-културни цивилизации: грчката и латинската, и се издигнала третата – словенската, јазично-културна цивилизација. Што го натерало свети Климента на оваа посветеност? – Двете најголеми евангелски заповеди: љубовта кон Бога и љубовта кон луѓето. Свети Климент ги исполнил овие две заповеди: ја покажал љубовта кон Бога – со тоа што животот му го посветил на Бога; а љубовта кон луѓето – ја искажал во душегрижништвото за народот. А, во основа на сè е тоа што тој библиски приоѓал на сè и затоа богомудро решавал сè. Библијата била основа на сè што мислел, што зборувал, што пишувал, што творел и како живеел. Затоа постанал тоа што е – Божји светител и народен просветител. За сите прашања од животот ги користел Библијата и учењето на светите отци. Многу јасно и едноставно го поврзувал Божјиот збор со светот и со животот на луѓето. Такви биле неговите беседи и слова. Во нив ја искажувал Христовата порака до луѓето. Им објаснувал што е човекот, според христијанското учење – и барал да ја исполнат својата човечка и христијанска цел. А која е таа? – Да бидат добри и човечни. Со љубов кон секого. Да се усовршуваат во доброто, во љубовта и во светоста. На тоа сме повикани од Бога. Така се доаѓа до спасението и до светоста. Таков е нашиот живот во Христа. А Христос дојде на земјава и ни даде пример за совршен човечки живот. Ова им го кажувал свети Климент на луѓето, во своите поуки. Неговата проповед била сеење на словото Божјо. Тој се раководел според правилото: „Или не поучувај, или поучувај со својот живот. Инаку, со зборовите ќе ги повикуваш, а со делата ќе ги бркаш." Како што говорел, така и живеел. Сè што било изговорено, било и потврдено во неговиот свет и богоугоден живот и дело. Поучувал и со збор и со личен пример. Не проповедал само в црква или на богослужба, туку секогаш и секаде. Одел кај луѓето, по нивните места, ги посетувал и дома и на работа. Ги поучувал, им помагал. Знаел како да ги придобие за верата, за Христа, за Евангелието и за евангелскиот живот. Им говорел кога биле собрани заедно, но зборувал со нив и одвоено: и со мажите и со жените, и со старите и со младите, а и со децата – и на сите им посочувал што е тоа во Евангелието, а што тие дотогаш не го знаеле и каква светлина можат да доживеат, ако проникнат во спасителното дело на Господа Исуса Христа. И уште повеќе – од какво значење ќе биде тоа за нивниот личен живот, за разбирањето, за радоста, за семејството, за доброто, за заемната љубов и почит. Тој бил пример: и со животот и со делата, и со добродетелите и со дарбите, и со знаењето и со учењето, и со службата и со подвизите, и со учителството и со творештвото – и со целокупната своја личност, која ја имал изградено според критериумите на Евангелието.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook