Свештениците најдоа начин како да ги исповедаат верниците- на паркинг (ВИДЕО)

Полски свештеник смислил драјв-ин исповед на паркинг пред неговата црква во Варшава, за да може верниците да побараат прошка за гревовите во времето на коронавирусот и пред Велигден.

Свештеникот Матеуш Килеарски седи на паркингот и, заштитен со маска, ги слуша верниците кои се исповедаат од прозорецот на автомобилот.

„Од безбедноста на возилото, тие можат да се грижат за својата душа и во исто време да ги заштитат своите тела од заразата во овие тешки времиња“, рече тој.

Драјв-ин исповедите се исто така организирани во неколку американски држави.

Илјадници католици од петок го одбележуваат Велигден, еден од најважниот празник во христијанскиот календар, во време на сериозни ограничувања во општествениот живот како резултат на ширењето на коронавирусот.

Во Полска, една од најрелигиозните држави во Европа, забрането е собирање на повеќе од две лица и само пет лица имаат право да присуствуваат на миса.

Ваквиот начин на практикување го прифати и свештеник од Брајтон , Британија во парохијата Сент Патрик.

притисни ентер