Сведоштво: Аквариумски ајкули пуштени во Охридското Езеро?

До нашата редакција пристигна информација и фотографија за две лица кои наводно во водите на Охридското Езеро пуштиле аквариумски ајкули.

Лицето, кое сведочело на настанот, во дописот до нашата редакција, вели дека вчера пред полноќ, две лица дошле до брегот на езерото кај местото Сараиште и во водите пуштиле аквариумски ајкули.

Станува збор за непотврдена информација која доколку се испостави како вистинита, може да предизвика загриженост кај граѓаните.

Видео: Нивес Целзиус повторно провоцира во танга

Хрватската  старлета, водителка и писателка Нивес Целзиус повторно ги израдува фановите на социјалните мрежи со видео и фотки на кои во преден план се нејзините облини.

42 годишната Нивес со редовен тренинг во теретана ја одржува својата совршена фигура.

„Жешката“ Нивес сега кога објави видео на кое во секси минијатурно бикини ги истакна бујните облини.

Популарната старлета во кратката снимка плива во базен, во танга бикини кој едвај покрива нешто.

Таа е позната по огромните природни гради кои често ги истакнува, а овој пат акцентот е на нејзиниот задник.

Фото: Лепа Брена во познато друштво ужива на јахта

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена е „уловена“ како ужива на својата скапоцена јахта.

Се појавија фотографии од јахтата на Лепа Брена, еве со кого музичката ѕвезда пие шампањ. Ниту трага од сопругот Боба и децата Стефан, Виктор и Филип.

Лепа Брена е, без сомнение, голем работник, но и голем хедонист.

Мегапопуларната пејачка иако одамна можеше да се повлече од сцената и да ужива во животот, се уште одржува концерти низ светот и ужива во интеракција со публиката.

Но, кога ќе дојде летото, секогаш го намалува бројот на настапи за да ужива во долг одмор на море.

Посебно обожува да одмара на својата јахта.

Брена јахтата ја доживува како и сите од семејството Живоиновиќ како втор дом, бидејќи таа им е „адреса“ во летните месеци.

Лепа Брена ја отвори годинешната летна сезона на јахта онака како што доликува - елегантно облечена и со чаша шампањ во рака.

Но, друштво не и биле децата, ниту сопругот, туку младата колешка Емина Јаховиќ.

- Моја вечна инспирација. Како жена, како мајка и како ѕвезда - напиша Емина, под заедничката фотографија со фолк дивата.

Кибер напад врз ТВП за време на фудбалскиот натпревар Полска – Холандија

Интернет-страницата на спортскиот канал на Полската јавна телевизија (ТВП) беше мета на кибер напад за време на денешниот натпревар Полска – Холандија, поради што гледачите не можеа да го следат првото полувреме.

- Околу 15 часот беше нападната ИП адресата на полската телевизија, изјави директорот на ТВП Спорт, Јакуп Квиатковски.

Нападот целосно го блокира сајтот на ТВП Спорт до почетокот на второто полувреме.

Полска денеска во Хамбург го загуби првиот натпревар со 1:2 од Холандија во првото коло на Европското фудбалско првенство во Германија.

притисни ентер