Свеченост по повод стартот на кипарското претседавање со ЕУ во Никозија - Канал 5

Свеченост по повод стартот на кипарското претседавање со ЕУ во Никозија

 Во кипарскиот главен град Никозија доцна попладнево ќе се одржи свечена церемонија по повод почетокот на претседавањето на Кипар со Советот на ЕУ од 1 јануари годинава.

Свеченост по повод стартот на кипарското претседавање со ЕУ во Никозија

Според најавата за настанот, предвидено е на свеченоста да има официјални обраќања и говори, како и културно-уметничка програма во режија на Костас Силвестрос.

Меѓу најавените говорници на свеченоста се и претседателот на Кипар, Никос Христодулидес и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. На настанот ќе присуствува и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Ова е второ Кипарско претседавање со Советот на ЕУ, по она во втората половина на 2012 година, и овој пат тоа ќе биде под мотото „Автономна Унија. Отворена кон светот“.

Приоритети на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ, што ќе трае до 30 јуни годинава, ќе бидат поддршката на Украина, зајакнувањето на европската одбранбената подготвеност заедно со континуиран ангажман со САД, подобрување на односите со Велика Британија, развивањето нови трговски односи со трети земји и зајакнување на врските со „јужното соседство“.

Во приоритетите на Кипарското претседателство се наведува и дека тоа е цврсто посветено на унапредување на агендата на проширувањето на ЕУ на кредибилен начин, преку испорака на опипливи резултати и врз основа на процес базиран на заслуги

Проширувањето со Украина, Молдавија, партнерите од Западниот Балкан и Турција, врз основа на воспоставената строга и фер условеност, според Никозија, претставува заокружување на визијата за обединување на Европа и ќе го прошири просторот на мир, демократија, безбедност и стабилност.

- Проширувањето се покажа како една од најтрансформативните алатки на ЕУ, вклучително и во рамките на земјите кандидатки, одразувајќи ја нивната подготвеност за реформи и решавање на долгогодишни проблеми со своите соседи врз основа на европското право, вредности и принципи. Проширувањето во суштина претставува стратешка инвестиција во иднината на Европа, се наведува во Приоритетите на Кипарското претседателство со Советот на ЕУ.

Инаку, Кошта и Фон дер Лајен од Никозија ќе заминат на турнеја низ Блискиот Исток, во чии рамки утре и задутре ќе ги посетат Јордан, Сирија и Либан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Во над 50 населени места во Македонија водата не е безбедна за пиење а листата расте секој ден.

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Гостивар, Крушево, Валандово, Булачани, Пласница, Лешок, Преглово, Маврово, Рич, Белотино, Башино Село, Елшани, Велестово, Ново Село, Сушица, Зубово, Државо, Гарани, Шутово и уште многу други места.

Во Гостивар има ризик од епидемија на жолтица.

И власта повторно задоцни со реакција. Иако претседателот Филипче уште пред 2 недели алармираше за ризикот од жолтица, власта дури вчера излезе со препораки за превенција и откривање симптоми.

Се уште не се објавува извештај за водата во Гостивар, кој одобри, потпиша и кој гарантира дека „техничката вода“ е безбедна.

А Мицкоски и Клековски даваат спротивни изјави. Клековски вели до крај на неделата водата во Гостивар ќе може да се пие а Мицкоски вели има нова бактерија.

Ова е тотален институционален колапс.

Резултат на неспособност, небрежност и целосно игнорирање на основните потреби на граѓаните од страна на тендер-патриотитe.

Додека Мицкоски отвора базени и оди на „екскурзии“, а Клековски држи прес-конференции, илјадници луѓе се разболуваат, а цела држава се претвора во зона на ризик.

Пола Македонија е без безбедна вода за пиење. А одговорен сè уште нема. Ниту еден.

СДСМ бара:

• Итна и целосна одговорност - политичка и кривична

• Јавно објавување на сите анализи и причини за загадувањето на водата

• Итна интервенција и обезбедување чиста вода за сите засегнати населени места

Македонија не смее да биде држава во која основното човеково право - чиста вода за пиење е луксуз.

Прес конференција на Маја Серафимовска Борозан, СДСМ

YouTube video

Скопје, 01.08.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Њукасл остана без менаџер Еди Хау, поднесе оставка

Њукасл остана без менаџер Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, поднесе оставка.

Њукасл остана без менаџер  Еди Хау, поднесе оставка

48-годишниот стратег си замина по речиси пет години на чело на Њукасл, по разочарувачката сезона во која тимот заврши на 12-тото место во Премиер-лигата.

Хау успеа двапати да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и да го освои Лига-купот во сезоната 2024/25. „По период на размислување, одлучив дека сега е вистинското време да се повлечам“, изјави Хау.

Њукасл е во потрага по нов тренер, а главен кандидат е Германецот Матијас Јајсле.

„Иако беше исклучително тешко да се донесе оваа одлука, длабоко во себе знам дека таа е исправна. Беше привилегија да се биде менаџер на Њукасл“, додаде Хау.

Пред Њукасл, Хау работеше во Борнмут (во два наврати) и во Барнли.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конески: УМС доби нов Извршен комитет, ќе бидеме посветени на креирање нови иницијативи и политики за младите

Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија.

Конески: УМС доби нов Извршен комитет, ќе бидеме посветени на креирање нови иницијативи и политики за младите

Одлуката за вработување на уште 300 приватни специјализанти е значаен чекор кон создавање посилно, поквалитетно и подостапно јавно здравство, но и порака дека младите лекари се потребни, вреднувани и имаат своја перспектива во Република Македонија.

Со оваа мерка, до крајот на 2026 година, уште 300 млади лекари ќе добијат можност да го продолжат својот професионален пат во јавните здравствени установи, своето знаење и стручност да ги вложат во здравствениот систем и да придонесат кон подобри услови за граѓаните.

Ова претставува директна инвестиција во младите медицински кадри, но и сериозен чекор кон решавање на предизвикот со недостигот од специјалистички кадар. Со создавањето услови младите лекари да останат и да се развиваат во својата држава, се гради стабилен и одржлив здравствен систем.

Особено значајно е што со оваа мерка се опфатени и здравствените установи надвор од Скопје, со што се овозможува рамномерен развој на здравството и подобра достапност на специјалистичките услуги за граѓаните во сите делови на Република Македонија.

Ова е пример дека кога се инвестира во младите, се инвестира во иднината на државата. Секој млад човек кој добива можност да го надградува своето знаење, да напредува професионално и својата иднина да ја гради дома, е придобивка за целото општество.

Како претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, верувам дека младите не се само иднината на државата, туку и нејзината сегашност и најголем развоен потенцијал. Затоа, нашата обврска е да ги слушаме нивните потреби и да работиме на политики кои создаваат реални можности за нивниот развој.

Токму со таква визија започнува работата на новоизбраниот Извршен комитет на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ. Ова е тим составен од млади луѓе со знаење, енергија и желба за работа, кој во наредниот период ќе биде поставени на креирање нови иницијативи, предлози

и политики насочени кон младите.

Нашата цел е Унијата на млади сили да биде организација која ги слуша младите, ги препознава нивните потреби и активно работи на создавање услови за нивен личен и професионален напредок.

На вчерашната седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ беше донесена одлука за избор на новиот состав на Извршниот комитет на Унијата на млади сили.

За генерален секретар е избран Дамјан Коњановски.

За заменик генерален секретар е избран Стојан Пандов.

За потпретседатели се избрани Борис Шамбевски, Илија Ристески и Тијана Тесалоника Шишкоска.

За организациони секретари се избрани Антоанета Лазаревска, Денис Пановски, Иван Димитриевски и Мартин Ивановски.

За претседател на Градскиот комитет на УМС е избран Љупчо Ристески, додека меѓународен секретар ќе биде Луна Стефаноска. За членови на Извршниот комитет се избрани: Лина Рангелова, Софиа Даштевска, Марио Николовски, Иван Коцев, Филип Анастасов, Виктор Петков, Стефан Здравески, Филип Милев, Трајче Стојановски, Марио Стојчевски, Петар Младеновски, Георги Петков, Анастазија Георгиева, Јована Спасеноска, Петар Мицкоски, Александра Николовска, Тамара Трајковиќ, Дамјан

Ивановски, Горјан Смилков, Стефан Стојчевиќ, Михаела Ристеска, Христијан Ефтимов и Верица Ценева.

Ни претстои период на многу работа, многу активности и голема одговорност. Со посветеност, тимска работа и конкретни резултати ќе покажеме дека младите се важен фактор во развојот на општеството и активни носители на позитивните промени во Република Македонија.

Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер