Сузуки подготвува најевтин електричен модел- пристигнува и во Европа (ФОТО) - Канал 5

Сузуки подготвува најевтин електричен модел- пристигнува и во Европа (ФОТО)

Suzuki се приклучува на трката за најприфатлив електричен градски автомобил.

Сузуки подготвува најевтин електричен модел- пристигнува и во Европа (ФОТО)

Јапонскиот бренд потврди дека сериската верзија на концептот Vision e-Sky ќе пристигне на европскиот пазар напролет 2027 година. Ова ќе го направи најевтиниот електричен модел во гамата.

Новиот модел, чие име сè уште не е откриено, ќе биде помал од Suzuki Swift. Концептот Vision e-Sky е долг само 3.395 mm, што значи дека ги исполнува јапонските прописи за kei автомобили, најмалата категорија возила во земјата.

Концепт речиси без промени

Според досегашната пракса на Сузуки, серискиот модел нема значително да се разликува од концептот. Се очекуваат само мали промени на браниците и светлата, поставување на класични рачки на вратите и поголеми надворешни ретровизори.

Директорот на Suzuki за Велика Британија, Дејвид Кејтли, во интервју за Autocar, истакна дека брендот има големи надежи за новиот модел.

„Електричниот автомобил од А-сегментот е исклучително важен. За нас тоа е влез во нов пазарен сегмент и многу сум возбуден поради неговиот потенцијал“, рече тој.

Дострел од повеќе од 270 километри

Suzuki сè уште не објави технички податоци за капацитетот на електричниот мотор или батеријата, но концептот Vision e-Sky имаше најавен дострел од респектабилни 270 километри.

Ова би го направило конкурентен со новите градски електрични автомобили како што е Renault Twingo E-Tech, кој според мерењата на WLTP може да помине 263 километри.

Цена под 23.000 евра

Според британските медиуми, новиот електричен градски автомобил на Suzuki треба да чини помалку од 20.000 фунти во Велика Британија, или околу 23.000 евра.

Негови главни конкуренти ќе бидат Renault Twingo E-Tech, додека уште попристапен ќе биде Dacia Spring, чија цена треба да започне од околу 18.800 евра, и производствената верзија на концептот Volkswagen ID.Every1, која треба да чини околу 20.000 евра.

Важен модел за иднината на брендот

Новиот електричен модел ќе игра важна улога и во исполнувањето на сè построгите европски прописи за емисии на CO₂.

Моментално, Suzuki главно се потпира на благи хибриди и plug-in хибриди на европскиот пазар, додека e-Vitara е единствениот целосно електричен модел во понудата. Според најновите информации, јапонскиот бренд планира да претстави уште еден електричен модел до 2029 година, најверојатно во сегментот на кросовери.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер