Сузуки го прекина производството на Свифт поради проблеми со набавка на минерали - Канал 5

Сузуки го прекина производството на Свифт поради проблеми со набавка на минерали

„Сузуки Мотор“ го прекина производството на моделот „Свифт“ поради проблеми со снабдувањето со технолошки минерали, изјавија два извори за „Ројтерс“.

Сузуки го прекина производството на Свифт поради проблеми со набавка на минерали

„Сузуки Мотор“ го прекина производството на моделот „Свифт“ поради проблеми со снабдувањето со технолошки минерали, изјавија два извори за „Ројтерс“, откривајќи ги проблемите на јапонскиот производител на автомобили со снабдувањето со клучни суровини откако Кина ги заостри регулативите за извоз.

Управата објави дека од 25 мај до 6 јуни ќе го прекине производството на „Свифт“, со исклучок на неговата спортска варијанта, поради недостаток на делови, без да даде детали.

Производството ќе се рестартира на 13 јуни, но во намален обем, во фабриката Сагара, и со полн капацитет по 16 јуни, бидејќи „перспективите за набавка на делови сега се појасни“, објави денеска.

На почетокот на април, Пекинг ги прошири ограничувањата за извоз на минерали што содржат диспрозиум, гадолиниум, лутециум, самариум, скандиум, тербиум и итриум, како и на група магнети, а одлуката стапи на сила вчера.

Ограничувањето ги наруши синџирите на снабдување кои се критични за производителите на автомобили и воздухопловство, како и за секторите за полупроводници и воена опрема низ целиот свет.

Од почетокот на април, добавувачите од автомобилскиот сектор поднеле стотици барања за извозни лиценци до Пекинг, а досега се одобрени само една четвртина, предупреди вчера здружението CLEPA.

Некои барања беа одбиени со објаснувања кои беа во голема мера процедурални по природа, додадоа тие.

Поради недостаток на извозни дозволи, производството на автомобилски делови е суспендирано и во некои европски фабрики, додека Mercedes-Benz објави дека размислуваат како да се заштитат од недостигот на клучни суровини.

На германскиот производител на автомобили Volkswagen му е сигнализирано дека неговите добавувачи добиле ограничен број кинески лиценци за извоз на ретки минерали. Во моментов, не се соочуваме со недостиг, соопшти вчера VW.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Интензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. 

Николоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП Богородица

Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот.

„Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски, соопштуваат од МТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Премиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.

Мицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент

Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома.

Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри.

„Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Панче Тошковски во „Само интервју“

Фемицидот во подем, како до брзи системски решенија за насилниците?

До кога границата ќе биде швајцарско сирење и зошто се уште не знаеме кој и како ја спроведе Михаилова надвор од државата?

„Сејф сити“ му донесе светска награда, но како да се спречи и дивеењето по улиците?

Во двегодишниот мандат, преживеа и три опозициски интерпелации во Собранието, дали полицијата денес е подобра отколку пред 3 години?

Утре во Само Интервју кај Гоце Михајлоски гостува Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер