АвтомобилизамSuzuki Jimny е претворен во кампер за двајца (ФОТО)Suzuki Jimny не е првото возило што ви паѓа на ум кога размислувате да го претворите во кампер.Сепак, тоа не ја спречи јапонската компанија White House Camper да додаде поп-ап покрив на овој SUV, користејќи ја подолгата верзија со пет врати како основа. Проектот е прикажан во нацрти пред вистинскиот прототип да биде претставен на саемот за кампери во Токио 2024 година на 20 јули. Се верува дека ова е првиот Suzuki Jimny со интегриран механизам на подвижен покрив, што го прави еден од најинтересните модели на саемот. Раните цртежи сугерираат дека конверзијата додава 145-150 mm (5,7-5,9 инчи) на висината на Suzuki и веројатно бара отсекување на оригиналниот покрив. Оваа поставка им овозможува на патниците да влегуваат и излегуваат од шаторот поставен на покривот од внатрешноста на возилото наместо традиционалниот начин на користење скала. Кога е подигнат, подвижниот покрив значително ја зголемува внатрешната висина на Jimny, што го олеснува движењето низ кабината. Шаторот може да прими двајца возрасни, додека електричниот механизам го олеснува маневрирањето кога Jimny ќе пристигне на посакуваното место за кампување. White House Camper исто така споменува дека спиењето во возило може да биде корисно во случај на природна катастрофа и итна евакуација. Компанијата сè уште не одлучила дали во Јапонија ќе понуди опција за покрив со повлекување. Сепак, фактот што тие изградија работен прототип води да се верува дека конверзијата може да се понуди на пазарите каде што се продава верзијата на Jimny со пет врати - како Индија или Австралија. Верзијата со пет врати на Suzuki Jimny првично беше претставена во јануари 2023 година како попрактична опција во споредба со пократкиот модел. Должината на подолгиот Jimny е 3985 mm, што е за 340 mm повеќе од моделот со кратко меѓуоскино растојание. Suzuki планира да го донесе Jimny со пет врати во Јапонија во иднина, иако се чини дека тоа ќе се случи по ажурирањето на средината на циклусот. Претстојниот фејслифт се очекува да вклучува хибриден погон, а целосно електричен Jimny се очекува да се појави пред крајот на деценијата. Покрај теренците со три и пет врати, Suzuki наводно размислува да ја прошири линијата на Jimny со долгоочекуваниот пик-ап.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „No Finish Line Skopje“Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги обединува спортот, дружењето и хуманоста.На стартот пред СЦ „Јане Сандански“ се собраа голем број деца, родители, љубители на спортот и граѓани кои со своето учество придонесуваат за една важна хуманитарна цел. „No Finish Line Skopje“ не е трка за медал, туку настан во кој секој изминат километар претставува чекор кон помош за Детската болница „Козле“. Учесниците можат да трчаат или да пешачат, а секој нивен чекор има хуманитарно значење. Општина Аеродром продолжува да го поддржува спортот и настаните што ги поврзуваат граѓаните и создаваат позитивна енергија во заедницата. Во следните 100 часа, Аеродром ќе биде место за спорт, дружење и хуманост со заедничка цел - секој чекор да значи помош и надеж за оние на кои им е најпотребна. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Инвестиција на „Алказар“, Македонија отвора ново енергетско поглавјеОбраќање на премиерот Мицкоски на посетата на компанијата „Алказар Енерџи“ во Општина Штип.„Добар ден и од мене. Уште еднаш, во мое име и во името на Владата, би сакал да му се заблагодарам најпрвин на инвеститорот што ја препозна Македонија како своја дестинација за водење бизнис, би рекол успешен бизнис, и да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на сите заемодаватели коишто го поддржаа овој проект, за од идеја полека но сигурно да стане реалност и денеска да можеме да зборуваме за нова инфраструктура, за нови енергетски производни капацитети од обновлива енергија, за турбини коишто ќе произведуваат електрична енергија којашто ќе придонесува позитивно во македонската економија. Би сакал неколку реченици да кажам за инвеститорот, односно за првиот човек на „Алказар Енерџи Партнерс“, г. Даниел Калдерон. Кога се запознавме и кога целата оваа идеја беше на хартија, односно кога сето ова започна со реализација, ние бевме штотуку избрани како нова влада. Малкумина веруваа дека денес овде ќе можеме да ја видиме целата оваа градежна механизација и сето она коешто се гради на потегот на трите општини — Радовиш, Штип и Карбинци. Но ние верувавме. Верувавме во идејата, верувавме во амбицијата, и таа амбиција и таа идеја денеска полека но сигурно станува реалност. Денеска гледаме десетици градежни машини, би рекол стотици градежни машини, гледаме почеток на инсталирањето на производните капацитети, на ветерниците, гледаме институции коишто партнерски работеа и докажаа дека кога партнерски се работи, позитивниот резултат е неизбежен. Отпочнуваме инвестиција којашто на крајот, кога ќе биде целосно реализирана, ќе вреди околу половина милијарда долари. Но она коешто мене дополнително ме охрабрува е фактот што од инвеститорот слушнав дека тука ниту почнуваат, ниту завршуваат нивните планови за инвестирање во Македонија. Напротив, тие имаат и други планови, за што ќе ја имаат поддршката од Владата, а справувањето со целокупниот институционален ризик којшто е неопходен за овие проекти да станат реалност ќе биде обврска на Владата. Затоа ја користам оваа прилика да испратам силна порака и до инвеститорот, но и до заемодавателите, дека ние како Влада имаме врвен приоритет да поддржуваме ваков тип „гринфилд“ инвестиции, посебно инвестиции во коишто самиот инвеститор сето она коешто ќе го произведе ќе го продава на слободниот пазар и ќе придонесува позитивно во македонскиот БДП и македонската економија. Би сакал уште неколку факти за инвестицијата. Станува збор за неколку стотици работни места, станува збор за нова патна инфраструктура во овој дел од општините низ коишто ќе поминува овој ветерен парк, станува збор за 1 терават час електрична енергија од обновливи извори, тоа е отприлика еден милион мегават-часови, нешто коешто досега е незабележано во нашата историја и нешто коешто, кога сè ова ќе биде реалност, на крајот од годината ќе претставува нето енергетски независна Македонија. Исто така, сосема на крај, би сакал да споменам кои се идните можности и потенцијали коишто ние ги нудиме, бидејќи втората причина, како што спомена г. Калдерон, се природните ресурси со коишто располагаме, посебно ветерот. За таа цел ќе споменам две работи, два факти коишто се многу значајни. Првата е изјавата на претседателката на Европската комисија, г-ѓа Фон дер Лајен, дадена на бизнис-форумот во 2025 година, којашто вели дека Балканот може да биде хаб преку којшто Европа ќе се снабдува со обновлива енергија. Имајќи го предвид развојот на вештачката интелигенција, којшто е неповратен процес, проценките се дека во следните отприлика 14–15 години дополнителната потреба од енергија што Европа ќе ја има е отприлика 1.000 терават-часови електрична енергија. Имајќи го тоа предвид, потенцијалот којшто може да го имаме ние како држава да го инвестираме во производни капацитети, а потоа да го произведеме како електрична енергија, е еднаков на 24 терават часови. Тоа можеби само како бројка не значи ништо, но кога сето тоа би се помножило со цената на електричната енергија, би зборувале за бизнис од отприлика 2 милијарди евра годишно, којшто треба да го зголеми македонскиот БДП и да придонесува позитивно во македонската економија. Имајќи го сето ова предвид, имајќи ги предвид целите на Владата и стратешката ориентација да бидеме раскрсница во овој дел од Европа и регионот, не само од аспект на патната и железничката, туку имајќи ја предвид и енергетската инфраструктура, ние како Влада недвосмислено на врвот на нашите приоритети ја ставаме поддршката на ваков тип гринфилд инвестиции. Како досега, така и во иднина ќе продолжиме заедно со институциите партнерски да работиме со инвеститорите, за сето она коешто претставува реална идеја да го ставиме во функција. Им благодарам на сите коишто беа вклучени во реализацијата на овој проект, да не ги споменувам поименично, затоа што може да се случи да испуштам некое име и со тоа да направам несмасна грешка. Затоа сакам да им се заблагодарам што беа вклучени во реализацијата на овој проект, а на инвеститорот да му посакам уште многу вака успешни проекти овде кај нас, во нашата татковина. Благодарам и нека ни е аирлија!“ Тагови: Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонците во Австралија го одбележаа Денот на независностаСвештеници, претставници на црковните општини и членови на македонската заедница присуствуваа на свечениот прием во Амбасадата во КанбераМакедонците во Австралија достоинствено и свечено го одбележаа 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. Централното одбележување се одржа во Амбасадата на Македонија во Канбера, каде што се собраа претставници на македонската заедница од повеќе делови на Австралија. На свечениот прием присуствуваа свештеници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, претставници на македонските православни црковни општини, претставници на Австралиско-сиднејската епархија, како и членови на македонски здруженија, организации и други истакнати претставници на македонската заедница во Австралија. Настанот претставуваше можност за заедничко чествување на еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја, но и за потврдување на силната поврзаност на иселениците со својата татковина. Присуството на претставници од различни македонски организации и црковни општини уште еднаш покажа дека верата, јазикот, културата и националното паметење остануваат цврста основа врз која се гради единството на Македонците во Австралија. Особено значење на свеченоста ѝ даде претставувањето на новоименуваниот македонски амбасадор во Австралија, Неговата Екселенција г. Стојанче Китаноски. За него ова беше прво одбележување на Денот на независноста во Австралија во својство на амбасадор. Во своето обраќање, амбасадорот Китаноски изрази благодарност за топлото добредојде и ја нагласи значајната улога на македонската заедница во Австралија. Тој посочи дека, иако далеку од татковината, Македонците остануваат обединети преку заедничката љубов кон Македонија. Македонските иселеници, со својата работа, посветеност и општествен придонес, секојдневно се нејзини достоинствени претставници во Австралија. Присутните му посакаа добредојде на амбасадорот Китаноски и успешно и плодотворно извршување на неговата дипломатска мисија, со надеж дека во претстојниот период ќе се продлабочат односите и соработката меѓу Амбасадата и македонската заедница. Свештенството и претставниците на македонските православни црковни општини го истакнаа значењето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија во духовното, националното и културното обединување на Македонците на австралискиот континент. Македонските храмови во Австралија, покрај својата основна духовна мисија, со децении се средишта во кои се негуваат македонскиот јазик, традицијата, културата и врската со татковината. Одбележувањето во Канбера помина во свечена и пријатна атмосфера, исполнета со заедништво, почит кон минатото и надеж за иднината. Собирот уште еднаш покажа дека македонската заедница во Австралија останува силно поврзана со своите корени и подготвена за заедничко дејствување во интерес на Македонија и на Македонците ширум светот. По повод Денот на независноста беа упатени искрени честитки до сите Македонци во татковината и во дијаспората, со желби за мир, единство, благосостојба и напредок. Нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Македонија! АВСТРАЛИСКО-СИДНЕЈСКА ЕПАРХИЈА НА МПЦ – ОАТагови: Австралија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook