Моделот „Капучино“ на Сузуки се враќа во производство - Канал 5

Моделот „Капучино“ на Сузуки се враќа во производство

Малиот роудстер се произведуваше до 1998 година.

Моделот „Капучино“ на Сузуки се враќа во производство

Тоа беше интересен роудстер од доменот на т.н. кеи автомобили. Долг само 3,3 метри и тежок 725 килограми, двоседот го придвижуваше 0,66-литарски мотор со 64 КС. Повеќе од доволно за целосно уживање во возењето без покрив. Вакво нешто не сме виделе на патиштата уште од Daihatsu Copen и малку заборавениот Renault Wind.

И нема бидејќи новото Капучино доаѓа со сосема нова идеја. Како што дознава јапонскиот Best Car, во новото издание Cappuccino ќе го погоди најсилниот противник - Mazda MX-5. Преведено, тоа значи дека ќе порастат за два броја. Развојот на спортскиот модел наводно започнал во 2019 година, во соработка со Daihatsu и Toyota. Епилогот треба да бидат три модели и тоа Suzuki Cappuccino, Daihatsu Copen и ToyotaS-FR.

А најдобриот дел од оваа соработка е што роудстерот на Suzuki најверојатно ќе биде придвижуван од намалена верзија на моторот од моделот GR. Се споменува 1.3 турбо трицилиндричен мотор со 150 КС, кој заедно со мануелен шестстепен менувач ќе ги придвижува задните тркала.

Тешко дека може подобро од ова во таков пакет. Да додадеме дека новата Mazda MX-5 најверојатно ќе биде хибридна, што ќе го направи овој модел особено посакуван за возачите кои бараат погон без електрификација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мадуро се изјаснил како невин, се соочува со доживотен затвор

Еве кога започнува судењето на поранешниот претседател на Венецуела.

Мадуро се изјаснил како невин, се соочува со доживотен затвор

Екс претседателот на венецуела, Николас Мадуро и неговата сопруга повторно се појавуваат пред судот во Њујорк по обвиненија за трговија со дрога. Предложено е судењето на поранешниот претседател на Венецуела да започне во јуни 2027 година.

Поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро повторно ќе се појави пред судот во Њујорк; ова ќе биде негово трето рочиште по апсењето во јануари.

Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, кои се наоѓаат во притвор во Бруклин, се обвинети за трговија со дрога, поседување оружје и други кривични дела. Двајцата се изјаснија дека не се виновни, пренесува „Еуроњуз“.

Во судски поднесок доставен доцна во вторникот вечерта, обвинителството и одбраната заеднички предложија судењето да започне во јуни 2027 година. Се очекува судијата Алвин Хелерстајн да го потврди тој датум на процедуралното рочиште во среда.

Доколку поротата ги прогласи за виновни за учество во организирање шверц на кокаин во САД, на Мадуро и Флорес им се заканува доживотен затвор.

Обвинителите тврдат дека Мадуро се договарал со венецуелски полициски службеници за да им помогне на нарко-картелите да шверцуваат илјадници тони кокаин во САД. Адвокатот на Мадуро, Бери Полак, најави дека ќе ја оспори законитоста на апсењето, кое го нарече „воено киднапирање“.

Одбраната истакна дека постојат сложени правни прашања што мора да се решат пред почетокот на судењето. Досега, Мадуро и Флорес не побарале пуштање со кауција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрицова: „Охридско лето“ е жив тестамент за моќта на културата

Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на  годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“.

Хрицова: „Охридско лето“  е жив тестамент за моќта на културата

Синоќешниот концерт на гудачкиот квартет при Државниот камерен оркестар „Жилина“ од Словачката Република, уште еднаш ја потврди оправданоста на годинешното мото на фестивалот „Охридско лето“ дека „Уметноста трансформира - Уметноста е љубов“.

Токму таков беше и настапот на членовите на овој состав, Роберт Копелман, прва виолина, Катерина Миронова , втора виолина, виолистот Александр Дјагилев и виолончелистката Дарја Земскаја. Со своето вдахновено музицирање, тие ги разбудија сите сетила кај љубителите на класичната музика кои го проследија концертот во црквата „Света Софија“.

Концертот долго ќе се памети заради врвната интерпретација на Моцартовиот гудачки квартет бр.15, но и на дела од словачките композитори Јан Левослав Бела, Иља Зељенка и Еуген Сухон. Привлечната и убаво селектирана програма се одржа во рамки на Словачката вечер на „Охридско лето“ која се организира со поддршка на Амбасадата на Словачка Република во земјава.

Амбасадорката на Словачката Република во РС Македонија, Ивета Хрицова, која првпат ја следи фестивалската програма откако минатата година е назначена на нејзината функција, нагласи дека концертот на уметниците од Словачката Република не е само уметничко доживување, туку, како што кажа, и почеток на уште поблиска соработка помеѓу двете држави.

-Фестивалот „Охридско лето“ е многу повеќе од една вечер за нас . Тој е жив тестамент за моќта на културата која ги дефинира луѓето, нациите и генерациите. Фестивалот е место каде што се среќаваат различни уметнички традиции, нагласи амбасадорката Хрицова.

Гудачкиот квартет на Државниот камерен оркестар „Жилина“ (ШКО Жилина) е основан во 2024 година и оттогаш настапил на бројни концерти и значајни општествени настани, успешно претставувајќи висок уметнички квалитет и интересна драматургија, како во Словачка, така и во странство.Членовите на ансамблот настапуваат не само како камерен состав туку и одделно, како солисти со оркестарот во рамките на претплатничката сезона на ШКО Жилина.Концерт мајстор на ШКО Жилина е Роберт Копелман кој потекнува од Братислава од познато музичко семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани

Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани.

ВМРО-ДПМНЕ: Двојните аршини на СДС, ДУИ и Таравари се потврдија во случајот со нивниот кандидат Валбон Лимани

Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат да молчат.

Тоа е уште една потврда дека за овие политички партии принципите важат само кога треба да се напаѓаат политичките противници. Кога станува збор за нивните функционери, тогаш нема ниту критика, ниту барање за оставка, ниту преземање одговорност.

Граѓаните на Гостивар заслужуваат вистината да биде целосно расветлена и секој што има одговорност да ја понесе, без разлика на политичката припадност. Институциите и избраните функционери мора да бидат одговорни пред граѓаните, а не заштитени од партиски интереси.

Затоа, очекуваме СДС, ДУИ и Таравари јавно да кажат дали го поддржуваат ставот на Валбон Лимани дека никој не треба да сноси одговорност за скандалот со водата или, конечно, ќе застанат на страната на граѓаните и ќе побараат отчетност.

Граѓаните заслужуваат отчетност, транспарентност и ефикасно решавање на проблемите. Тоа треба да биде единствениот приоритет на сите избрани и именувани функционери.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер