3Цветановски: Доста е со лаги, граѓаните ја заслужуваат вистината, а не партиски ПР – објавете ги записниците!
АвтомобилизамСузуки ги објави првите фотографии од новата Витара Заедно со SX4, Vitara е најуспешниот модел на Suzuki.И додека првата генерација (1988-1998) веќе стана вистинска класика, втората генерација (од 2015 година) сега повторно е освежена. Фејслифтот треба да биде достапен од летото 2024 година. Засега не е познато колку Suzuki ќе ја поскапи фејслифтираната Vitara, останува да почекаме на оваа информација. Теренецот со теренски гени моментално започнува од 20.500 евра, додека топ моделот чини 38.800 евра. Suzuki направи неколку измени, особено на предниот дел на Vitara. Предните светла се малку потесни, што им дава поелегантен дизајн. Покрај тоа, решетката на радијаторот сега има изглед на лак за пијано. Одоздола е бул шипката, која сега е многу поприсутна отколку пред фејслифтингот. Генерално, Vitara изгледа помодерно и поцврсто. Клиентите можат да изберат од десет различни бои. Пет бои за завршна обработка во една боја и пет варијанти во две бои. Секој што ќе се одлучи за монохроматска верзија сега може да избере и Titan Dark Grey Pearl Metallic. Има и нова двобојна варијанта: Sphere Blue Pearl со визуелно контрастен покрив во Cosmic Black Pearl Metallic. Има уште два бензински мотори за избор, од кои секој е со хибриден погон. Понудата започнува со благиот хибрид 1.4 Boosterjet со 129 КС. Овој мотор е секогаш поврзан со шест-брзински мануелен менувач и, во зависност од опремата, ја дистрибуира својата моќ или на предните или на сите четири тркала. Но, достапен е и целосен хибрид. Моќноста на 1,5-литарскиот Dualjet четирицилиндричен бензински мотор е 85 kW (115 КС). Електричниот мотор произведува 24 kW, што може накратко да ја придвижи самата Vitara. И овде, клиентите можат да избираат помеѓу погон на предните тркала и погон на четири тркала. Меѓутоа, менувањето брзини секогаш се врши преку шестстепен автоматски менувач. Фокусот на овој фејслифт на Vitara беше дефинитивно на системите за поврзување и помош. Suzuki сега го опремува теренецот со 9-инчен екран. Паметните телефони може да се поврзат и безжично преку Apple CarPlay или Android Auto. Дополнително, свежата Vitara сега е опремена со Suzuki Connect. Оваа апликација за паметни телефони може да се користи, меѓу другото, за локација на возилото и далечинско следење. Многу функции извршени преку апликацијата може да се контролираат и со помош на новиот екран. Некои системи за помош се исто така ревидирани и проширени за ажурирањето на моделот, вклучително и активна поддршка за сопирачките. Опасните предмети во новата Vitara треба да се препознаат порано - благодарение на зголемениот радиус. Дополнително, додека вози возачот се следи со вградена камера за да може да му дава предупредувања во случај на замор и одвлекување на вниманието. Составен дел на опремата е и препознавањето на сообраќајните знаци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за 1 денар по литарМалопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на одлуката од 29.6.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,576%, кај дизелот зголемувањето е во просек за 5,201%, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,681% и кај мазутот намалување во просек за околу 0,967%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,5132%. Од 7.7.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС - 95 - 85,50 (денари/литар) - Моторен бензин - ЕУРОСУПЕР БС – 98 - 87,50 (денари/литар) - Дизел гориво - ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) - 82,50 (денари/литар) - Масло за горење - Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) - 81,50 (денари/литар) - Мазут М-1 НС - 41,230 (денари/килограм) Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,265 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.7.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКонески: Студентите од август активно се вклучуваат во работата на општините Практикантството е инвестиција во младите, вработливоста и локалниот развој.Програмата „Месеци на практикантство“ ќе се реализира во текот на август и септември во соработка со државните универзитети. Преку оваа програма студентите ќе добијат можност своето академско знаење да го применат во пракса, работејќи директно во општините. Со реализацијата на овие активности спроведуваме една од мерките предвидени во Стратегијата за регионален развој на Република Македонија 2021–2031, која Собранието ја усвои како изменет и дополнет документ усогласен со приоритетите на Националната развојна стратегија 2024–2044. Станува збор за мерка која предвидува имплементација на програми за практикантство со цел да се зголеми вработливоста на младите невработени, жените и другите ранливи категории, да се намали јазот помеѓу образованието и потребите на пазарот на труд и да се превенира недостигот од вештини, особено во планските региони каде младите се соочуваат со поголем ризик од невработеност. Оваа мерка е дел од Приоритетот 1.5 од Стратегијата за регионален развој, насочен кон подобрување на структурата на работната сила и инвестирање во човечкиот капитал. Воедно, преку оваа иницијатива воспоставуваме поефикасен систем за планирање, координација и спроведување на развојните политики, со посилна поврзаност меѓу националните институции, локалната самоуправа, академската заедница и младите. Агенцијата ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и воспоставениот меморандум за соработка со државните универзитети, ќе ја организира и координира нивната практична работа согласно реалните потреби на општинските администрации. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со конкретни политики и мерки покажува дека младите не се само тема во предизборните програми, туку вистински приоритет. Преку вакви програми им овозможуваме на студентите да стекнат практични знаења, работно искуство и полесен пристап до пазарот на труд, а на општините им обезбедуваме нова енергија, идеи и квалитетен кадар. Нашата цел е младите да добијат реални можности за личен и професионален развој во сопствената држава и да ја градат својата иднина дома во Македонија. Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕТагови: Тодор Конески Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаЦветановски: Доста е со лаги, граѓаните ја заслужуваат вистината, а не партиски ПР – објавете ги записниците!„Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро реагира на опасните манипулации кои деновиве се пласираат во јавноста дека текстот за Изборниот законик бил ‘усогласен’. Презентирањето на очигледни невистини како готови факти е крајно неприфатливо и претставува директен упад во демократијата“, вели во својата видео изјава Дејанчо Цветановски, член на Извршниот одбор (ИО) на ЛДП. Ваквите намерни медиумски манипулации, според Цветановски, се опасни и можат да предизвикаат сериозни конфликти и поделби во општеството. „Тие што ги креираат и промовираат овие лажни наративи мора под итно да стават прст на чело! Нивното неодговорно однесување нема да им се врати како бумеранг само на нив, најголема жртва на овие игри ќе бидат граѓаните и државата. ЛДП нема што да крие, ниту некогаш имала! Затоа, бараме целосна транспарентност и инсистираме медиумите доследно да се држат до фактите. Повикуваме јавно да се објават сите записници од работната група за измени на Изборниот законик, како и сите поднесени предлози и амандмани. Сè нека се стави на увид на јавноста, па граѓаните сами да видат кој зборува со факти, а кој фабрикува реалност“, вели Цветановски и повикува да се стави крај на евтиниот политички ПР, диригиран од центрите на моќ. Слободата на информирање, која е гарантирана со Уставот на Републиката, е темел на либералната демократија и таа подразбира вистина, а не пропаганда. „Македонија, наместо континуирано да тоне во невистини и обвинувања, заслужува искреност во политиката како единствена основа за реален прогрес. Граѓаните заслужуваат чист процес, а тоа започнува со вистината на маса“, заклучува во својата изјава членот на ИО на ЛДП, Цветановски. Тагови: Цветановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook