„Superb“ останува топ моделот на Шкода, направени се измени

Octavia и уште повеќе Enyaq се добро прифатени на пазарот, но Superb исто така вреди да се вклучи во групата на иновативни модели.

Иако отсекогаш бил во сенка на помалата Октавија, овој модел се профилира меѓу клиентелата во изминатите две децении, особено како деловен седан. Во Škoda, направија паметен потег и одлучија да го задржат Superb во понудата. Сега откриваат и кога доаѓа новиот модел.

Така, Superb ќе продолжи да се поставува на MQB платформата и ќе продолжи да расте, барем кога станува збор за должината. Поголемата предна маска појасно ќе го оддалечи моделот од Октавија, а страничната линија дополнително ќе биде нагласена. Голема вест е и во кабината, каде што се очекува интеракција и контрола на корисниците во пресрет на она што Фолксваген веќе го нуди. Извршниот директор на Škoda, Томас Шафер, најавува радикални промени за Auto Express: "Внатрешноста на автомобилот е голем чекор напред. Ќе го користи нашиот нов кориснички јазик, кој ќе го добие Superb, а потоа и Kodiaq".

Добрата вест е што Škoda се уште сака да биде лесна за употреба, така што покрај бројните екрани, треба да се очекуваат и ергономски многу поприфатливи традиционални клучеви. Под хаубата, ќе ја има најновата генерација класични мотори со фосилно гориво. 2.0 бензинецот и дизелот ќе бидат столбот на понудата, а Шафер исто така потврди дека доаѓа нов plug-in хибрид. Приказната со новиот Superb најверојатно започнува веќе во 2023 година.

ССМ најави голем работнички протест, можен е и генерален штрајк

Сојузот на синдикатите на Македонија најави дека на 12 декември, со почеток во 12 часот и 12 минути во Скопје ќе организираат протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и на сите работници од работниот однос.

Од ССМ велат дека поттикнати од актуелната општествено- економска социјална состојба, недостатокот на слух од страна на државните институции за нивните поднесени барања, тие на протестот ќе побараат исполнување на следниве барања: зголемување на минимална плата и скалесто покачување на останатите плати, недела неработен ден и К-15 за сите работници.

Во наредниот период, а во зависност од резултатите и брзината на преговорите, ССМ ќе повика на генерален штрајк кој ќе продолжи преку изразување на разни форми на изразување на работничкото незадоволство и синдикален притисок, стои во сопштението.

Битиќи го посети „Меѓународниот саем во Тирана 2021"

Заедничките настапи на меѓународните саеми  ја зацврстуваат соработката помеѓу земјите во регионот.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денеска го посети "Меѓународниот саем во Тирана 2021" кој е во организација на "групацијата Клик Експо" во соработка со градот Тирана, Стопанската комора на Албанија и Коморскиот инвестициски форум за Западен Балкан и е во рамките на иницијативата "Отворен Балкан", кој се одржува од 1-4 декември со слоган "Еден Балкан, посилен Балкан", а на кој изложуваат над 500 компании од сите земји на Западен Балкан и други 25 земји од светот.

Вицепремиерот Битиќи, по обиколката на штандовите на саемот, потенцираше дека ваквите настани, на кој заеднички се презентираат производите и услугите на компаниите од нашиот регион, може да придонесат да се зацврсти и засили економската соработка во Западен Балкан, но и да се подигне конкурентноста на самиот регион.

"Поголема конкурентност на Западниот Балкан, наместо создавање на конкуренција помеѓу земјите, значи подобра соработка, стабилен и поатрактивен регион, поголеми можности за привлекување на инвестиции и овозможување на подобри работни места за сите наши граѓани. Заеднички треба да продолжиме да работиме во насока на уште подобра соработка на регионално ниво, да донесеме мерки со кои ќе ги унапредиме меѓусебните економски односи, а со тоа да дадеме сигнал за стабилен и сигурен регион, отворен за нови инвестиции и олеснување на сите трговски процеси", нагласи вицепремиерот Битиќи за време на посетата на "Меѓународниот саем во Тирана".

Вицепремиерот Битиќи се сретна и со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и притоа му честиташе за наградата на комората „Дигитален шампион", за проектот за дигитализација на процесите и издавање е-документи од страна на Комората, што им се потребни на македонските компании во надворешно-трговското работење, добиена од Светската трговска организација (WTO), Mеѓународната стопанска комора (ICC) и Меѓународниот центар за трговија (ITC).​

Кабинет на Заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, Фатмир Битиќи

Арсовска распиша оглас за нов договор со приватните превозници, нема промени во условите

Градоначалничката Данела Арсовска ќе склучи нов договор во траење од две години со приватните превозници во Скопје.

Огласот за доделување пакет линии и за давање на дозволи е објавен денеска во дневните весници и на сајтот на Град Скопје.

Досегашниот договор, склучен од ексградоначалникот Коце Трајановски со кој приватните превозници добиваат дел од линиите во јавниот превоз и по 1 евро за секој изминат километар, истекува на 31 декември.

Од кабинетот на градоначалничката Данела Арсовска велат дека огласот кој сега е објавен е според важечките законски прописи за јавен превоз и не е ништо поразличен од претходните услови кои требало да ги исполнуваат приватните превозници. Од таму се согласуваат дека и приватните превозници треба да го модернизираат возниот парк, но велат не можат одеднаш тоа да го бараат од нив.

притисни ентер