Супер купот на УЕФА за Реал Мадрид - Канал 5

Супер купот на УЕФА за Реал Мадрид

Европскиот шампион Реал Мадрид успеа да го освои Супер купот на УЕФА, откако синоќа по продолжение ја совлада Севиља со 3:2.

Супер купот на УЕФА за Реал Мадрид
Решавачкиот гол во 119. минута го постигна Карвахал. Реал Мадрид третпат го освојува пехарот во ова натпреварување, додека Севиља третпат по ред е поразена во овој натпревар.

Реал Мадрид прв дојде во водство со голот на Марко Асенсио во 21. минута, а изедначи Франко Васкез во 41. минута. Севиља поведе во 72. минута со голот од пенал на Евгени Конопљанка, откако фаул направи капитенот на Реал, Серхио Рамос.

Токму Рамос со голот во судиското надополнување на вториот дел (90+3 минута) успеа да изедначи и да се избори за продолжение, во кое победничкиот гол го постигна Карвахал.

Следното изнадие на Супер купот на УЕФА во август 2017 година ќе се игра на „Националната Арена Филип Втори“ во Скопје. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Швајцарија ги обновува односите со Северна Кореја

Швајцарскиот министер за надворешни работи, Игнацио Касис, во Пјонгјанг се сретна со својата севернокорејска колешка, Чое Сон Хуи.

Швајцарија ги обновува односите со Северна Кореја

Главна тема на разговор беа безбедносните предизвици што влијаат врз Европа и Азија, а посетата на Касис беше организирана по повод официјалното повторно отворање на швајцарската дипломатска канцеларија во Северна Кореја, пренесува Ројтерс.

На платформата „X“, Касис објави дека со министерката Чое разговарал за нормализирање на политичките односи и за обновување на политичкиот дијалог меѓу двете земји. Тој додаде дека разговарале и за безбедносните прашања на Корејскиот Полуостров, како и за пошироките безбедносни предизвици во евроазискиот регион.

Канцеларијата во Пјонгјанг повторно е активна

Швајцарската канцеларија во Пјонгјанг започна со работа на 19 октомври. Таа е поврзана со швајцарската амбасада во Пекинг, која продолжува да ги води сите дипломатски и конзуларни работи со Северна Кореја.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница заврши без нарушување на јавниот ред и мир и без регистрирани инциденти.

Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти

Во текот на целиот ден, МВР преземаше соодветни мерки и активности во рамки на своите надлежности, со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на изборниот процес, заштита на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на општина центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 26.10 до 01.11.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 120 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Изминатата седмица санкционирани 120 непрописно паркирани возила на територија на општина центар

За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.

ЈП Паркинзи на Општина Центар

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер