Сугарески: Градиме нов водовод во Радовиш, веќе нема да има рестрикции на вода

Реализираме еден приоритетен проект за Радовиш со кој ќе обезбедиме константна и навремена дистрибуција на вода до граѓаните. 

Проектот е со вредност од 860 илјади евра и предвидува изградба на цевковод и резервори за вода во неколку населени места во општината, истакна министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески при денешната посета на општина Радовиш, каде заедно со градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов извршија увид во изградбата на водоводна мрежа и резервоари за вода.

Според Договорот, изградбата на водоводот треба да биде завршена во март 2020 година.

Проектот се реализира со поддршка на КФВ банката и буџетски средства, а покрај Радовиш, опфаќа подобрување на водоснабдувањето и во Кавадарци, Гевгелија и Гостивар и е со вкупна вредност од 13,8 милиони евра.

Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески општина Радовиш е избрана да влезе во проектот поради огромната потреба на граѓаните да бидат снабдени со квалитетна и константна диструбуција на вода.

„Јас, како министер, особено се залагам за реализација на проекти за изградба и подобрување на комуналната инфраструктура, бидејќи не можам да прифатам граѓаните да немаат аоодветно водоснабдување и канализација во 21 век. Очекувам со изградбата на овие резервоари водата констатно да биде достапна до сите домаќинства и ги уверувам граѓаните да бидат спокојни, бидејќи ќе им се реши еден горлив проблем со кој се соочувале со години, нема да има повеќе рестрикции на вода" - изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој потенцираше дека Владата е максимално посветена на развојот на Источниот и Југоисточниот регион и притоа ги спомена инвестициите кои се реализираат во патната инфраструктура.

„Во овој регион интензивно работиме на изградба на експресниот пат Штип-Радовиш, завршивме со реконструкција на регионалниот пат Штип-Радовиш, како и со реконструкција на патните првци од Радовиш до Подареш и Конче. Исто така, започнавме и со реконструкција на делницата од Радовиш до Струмица, со што сите државни патишта кои гравитираат околу Радовиш ќе бидат рехабилитирани. Најавивме економска година, интензивно работиме на реализација на инфраструктурни проекти, а резултатите се веќе видливи" – изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов, истакна дека на средбата со министерот Сугарески разговарале за инфраструктурните проекти кои се реализираат во општината со поддршка на централната власт, но и за проекти кои општината ги спроведува самостојно.

„Со сите проекти кои се реализираат во општината и сите кои се планирани да започнат, граѓаните на Радовиш можат да бидат сигурни дека не се заборавени. Имаме огромна поддршка од централната власт за реализација на крупни капитални проекти и заеднички работиме за подобар живот на граѓаните. Нашата општина влезе во проектот за изградба на локални патишта, со што од Министерството за транспорт и врски ќе добиеме поддршка во висина од преку 1 милион евра кои ќе бидат наменети за изградба на локални патишта на места каде до денес немаше начин да стигне освен со трактор" – изјави градоначалникот на општина Радовиш, Герасим Конзулов.

При посетата на општина Радовиш, министерот Сугарески оствари работна средба и со пратеничката Милева Ѓоргиева и претседателот на Советот на општина Радовиш, Коле Чаракчиев.

Блинкен во посета на Саудиска Арабија, Јордан и Израел

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигна во Ријад како дел од посетата на регионот.

Блинкен од денеска до среда ќе ги посети Саудиска Арабија, Јордан и Израел, соопшти Стејт департментот.

Како што е наведено, на средбите ќе се разговара за тековните напори за постигнување прекин на огнот во Газа што ќе обезбеди ослободување на заложниците.

Се додава дека ќе разговараат и за зголемување на хуманитарната помош испорачана во Газа.

„Секретарот, исто така, ќе ја нагласи важноста од спречување на ширење на конфликтот и ќе разговара за тековните напори за постигнување траен мир и безбедност во регионот“, соопшти Стејт департментот. /МИА

ЕУ изрази загриженост поради ирачкиот Закон кој предвидува затворски казни за истополови односи

Европската Унија изрази загриженост поради усвојувањето на измените на ирачкиот Закон со кој се предвидува затворска казна во траење од 10 до 15 години за лицата кои се впуштаат во консензуални истополови односи. 

Во реакцијата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) се посочува дека со Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, што Ирак го ратификуваше уште во 1971 година, предвидува дека со законите ќе се забранува каква било дискриминација и ќе се гарантираат еднаква и ефикасна заштита за сите лица од дискриминација по која било основа.

- ЕУ ги повикува ирачките законодавци да ги почитуваат меѓународните обврски на Ирак за човекови права и ефикасно да го имплементираат членот 14 од ирачкиот Устав, кој забранува дискриминација врз основа на потекло, религија, припадност на малцинска заедница и од други причини, се наведува во реакцијата.

ЕЕАС посочува и дека ЕУ ќе продолжи да презема активности на глобално ниво за да ги спречи и осуди сите форми на дискриминација, залагајќи се за почитување на принципите на различност, еднаквост и инклузивност како „основни принципи на праведните општества“.

Со новините во ирачкиот Закон против проституција од 1988 година, се предвидуваат затворски казни од 10 до 15 години за одржување хомосексуални односи, но и за размена на сексуални партнери во хетеросексуалните врски (свингинг). Казни се предвидени и за секој маж „чие однесување се смета за женствено“, како и седум години затвор за „промовирање на хомосексуални односи“.

Законот забранува „секоја организација која промовира хомосексуалност во Ирак“, како и „промена на биолошкиот пол врз основа на индивидуални желби или преференции“ и предвидува казна затвор од една до три години за секое лице или лекар што е вклучен во родова трансформација.

Инаку, овие законски измени се сметаат за „поблаги“, имајќи пред вид дека во првичниот предлог за хомосексуални односи се предвидуваше смртна казна.

На усвојувањето на измените на Законот уште вчера реагираше организацијата Амнести интернешанл, која го оцени како „кршење на основните човекови права“ со што „се загрозуваат Ирачаните, кои и онака секојдневно се малтретирани“.

Во Извештајот за состојбата со човековите права во Ирак за 2022 година на меѓународната невладина организација Хјуман рајтс воч се посочува дека ирачкото општество „ја отфрла хомосексуалноста“, како и дека припадниците на ЛГБТ+ заедницата често се цел на „киднапирања, силувања, тортура и убиства“ од страна на вооружени групи кои остануваат неказнети за ваквите злосторства. /МИА

Минесота го исфрли Феникс од НБА плеј-офот

Минесота рано утрово го совлада Феникс со 122:116 на гостински терен во четвртиот натпревар од серијата од првото коло на плејофот во НБА.

Тимбервулвс со максимални 4:0 ги совладаа Санс и обезбедија пласман во четвртфиналето во разигрувањето за шампионскиот трофеј.

Најефикасен играч на средбата беше Девин Букер со 49 поени, но и тоа не беше доволно домаќините да го избегнат поразот.

Следен противник на Минесота ќе биде победникот од мечот Денвер нагетс – Лос Анџелес лејкерс (резултатот во серијата е 3-1 во корист на Нагетс). /МИА

притисни ентер