3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЗдравјеСо овој напиток Ѓоковиќ го почнува денот – Сокот од целер на празен стомак е најздрав наутро! Откако ќе го испиете во наредните 15 минути до половина час не внесувајте ништо!Сокот од целер стана исклучително популарен кај љубителите на здравата исхрана. Најдобриот српски тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ во интервју за американските медиуми откри дека својата сила и физичка подготвеност, меѓу другото, ги должи и на сокот од целер. - Денот го почнувам со топла вода и лимон за да му помогнам на телото да се детоксицира. А потоа пијам сок од целер на празен стомак – изјавил Ѓоковиќ. Без додавање вода Ентони Вилијамс, автор на бестселерот на Њујорк Тајмс „Чистење на телото“, тврди дека сокот од целер е најкорисната храна што постои на нашата планета. Целерот првенствено е намирница со висока содржина на вода, па затоа одлично го хидрира организмот. Богат е со влакна кои ги чистат и штитат цревата, витамини К, А и Ц, калиум, но содржи и висока содржина на натриумови јони кои ги уништуваат патогените микроорганизми, содржи и дигестивни ензими кои ги смируваат цревата и растителни хормони кои го урамнотежуваат ендокриниот систем. Сокот од целер може да се пие превентивно, но и поради одредени здравствени проблеми. Тој наведе само некои од придобивките од сокот од целер и зошто треба да се пие наутро на празен стомак: - сокот од целер е богат со електролити - ги отстранува кристализираните токсични соли наталожени на органите - спречува токсините да ги оштетат клетките и органите - го ослабува дејството на тешките метали кои можеби сте ги наталожиле во организмот - ги уништува бактериите, вирусите и габите - ја стабилизира крвта - го зајакнува целиот имунолошки систем веднаш по пиењето - го оптимизира варењето - ги храни сите органи на ендокриниот систем и така ја враќа хормоналната рамнотежа - има антиоксидативно дејство Како што истакнуваат нутриционистите, оптимална мерка е 150 мл сок од целер дневно. Рецепт за сок од целер Земете два китки целер, исечете ја основата и врвот на стебленцата. Измијте ги, исечете ги и ставете ги во блендер. Според Вилијамс, не треба да додавате вода или коцки мраз, туку да го пиете сокот во неговата изворна форма без да ја цедите пулпата. Сокот мора да биде чист, да не се меша со друго овошје или зеленчук. Откако ќе го испиете на празен стомак, во наредните 15-30 минути не јадете и не пијте ништо. Сокот од целер во комбинација со морков или јаболка може да го пиете и подоцна во текот на денот, а наутро, на празен стомак пијте го чист.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаСДСМ: Доцнат плати во државни институции, општини не можат да плаќаат преку Трезорот Среде скандалот со Алта банка доцни исплатата на плати во повеќе државни институции, меѓу кои и во најголемата енергетска компанија ЕСМ.Вработени реагираат дека вакво нешто се нема случено досега. Вообиечано плата добивале во првите пет дена од месецот. Според информациите, вработените во ЕСМ добиле и СМС-пораки дека се уште не се знае кога точно ќе биде исплатена октомвриската плата и дека треба да бидат трпеливи. Дополнитено, од општини пристигнуваат реакции дека преку Трезорот не можат да реализираат плаќања. Што се случува? Дали Мицкоски и неговата ВМРО ОКГ до толку ја испразнија државната каса што веќе не можат да се сервисираат ниту редовните обврски? СДСМ со месеци предупредува за катастрофалната состојба со буџетот. Дупката во буџетот е околу 900 милиони евра, јавниот долг неконтролирано расте. Мицкоски и ВМРО ги доведоа државните финансии во сериозна опасност, со криминалните политики создадоа нов долг од 4 милијарди евра за две години и до крај на година ќе биде и над 60% од БДП. Затоа е вториот ребаланс, затоа се задолжувањата – затоа нема пари за минимална плата од 600 евра, затоа нема пари за земјоделците, празна е касата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28