Судскиот совет ќе проверува дали Кацарска е инволвирана во „Империја"

Судскиот совет ќе одлучува за евентуалната инволвираност на судијката Добри Кацарска во предметот „Империја", изјави денеска претседателот на Советот, Киро Здравев.

– На 31 јануари до судски совет е испратено барање од Добрила Кацарска за утврдување инволвираност во овој предмет. Ова е прв пат судија да бара покренување постапка за утврдување одговорност и ќе постапуваме по тоа, изјави Здравев, одговорајќи на новинарско прашање на денешната презентација на анализата за работата на Судскиот совет.

Кацарска побара од Советот да ги провери тврдењата на обвинителката Лиле Стојанова искажани на рошиште за случајот „Рекет" дека судијката во време додека се одлучувало за притворот на Орце Камчев, цело време била во судот и вршела притисок преку колега обвинител.

На новинарско прашање за колку судии испратиле барања до Антикорупциска за проверка на имотот, Здравев посочи дека е неопходно да се сораборува, со оглед дека Советот може да постапува по отчетното и одговорно работење на судиите, додека Антикорупциска може да го испитува финанаискиот дел од работењето на судиите.

– Антикорупција се обрати со конкретни барања и очигледно ќе треба работата да се синхронизира, изјави Здравев.

Потсети дека тој се спротивставил на ветингот во судството за да не се најдеме во иста ситуација како соседна Албанија.

-Навистина подобро е да не постои судија, отколку корумпиран судија. Но, не треба ветингот да претатавува опатрукција на правдата. Да не не снајде ситуацијата со Албанија каде нема судии да постапуваат, кажа Здравев.

Пршан дали Судскиот совет ќе одлучува за одговорност на судиите за бегството на Горан Грујовски и Никола Бошковски, не прецизира, но потврди дека дека има поднесено барање за утврдување одговорност.

– За апелација е завршена и запрена постапката, а за врховен е во тек, изјави Здравев. /МИА

Управниот суд ќе расправа по тужбите на Европскиот фронт

Управниот суд на секои два часа денеска ќе одлучува по тужбите поднесени од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ, за приговорите што ги прифати ДИК. 

Одлуките треба да бидат соопштени до полноќ, а во зависност од тоа, ДИК ќе прави симулации дали ќе треба да има прегласување..

-Управниот суд денеска одржува јавни седници на кои ќе треба да донесе одлуки по седум тужби поднесени од коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ а се однесуваат на решенијата на ДИК да ги поништи резултатите за седум избирачки места.

Од ДУИ тврдат дека одлуките на ДИК се обид за изборен инжињеринг, кој, како што тврдат бил договорен по политички договор на опозицијата, во кој учествувал и СДСМ.. Според нив, таргетирани се конкренти избирачки места, кои треба на Вреди да му донесат уште еден пратнеик во 6-ка, а на СДСМ еден во петка, и во двата случаи, на штета на ДУИ.

На прозивките, преку писмо до јавноста реагираа сите членови на ДИК освен претстаничката на ДУИ..

-Покрај тоа што сме лично понижувани и навредувани, исто така сме изложени и на неосновани и непримерени јавни политички притисоци и на закани за кривична одговорност поради донесените одлуки на ДИК. Следејќи го контекстот и интензитетот на нападите, прозивките и навредите, исто така сме загрижени и дека е можно истите да преминат и во лични напади на нашата сигурност.- ДИК

И од коалицијата Вреди реагираа на изјавите на Талат Џафри и Бујар Османи но и апелираа Управен суд при носење на одлуките да не подлегне на политички притисоци.

-Наодите на ДИК се многу јасни и го докажуваат она што го зборувавме од почетокот, дека ДУИ направила големи изборни нерегуларности и прекршувања, со притисоци, уцени, закани и зделки, ја манипулирала волјата на граѓаните. Сега со притисок врз судовите повторно се обидуваат да го направат истото.- стои во соопштението на Вреди.

Васко Наумовски гостин во вестите на Канал 5

За последните тензии на релација Скопје-Атина, колку се реални заканите на Грција за ново вето и дали воопшто досега некој го прекршил Преспанскиот договор  Ивана Стојановска разговара  професорот Васко Наумовски.

За последните тензии на релација Скопје-Атина, колку се реални заканите на Грција за ново вето и дали воопшто досега некој го прекршил Преспанскиот договор, во живо во вестите Ивана Стојановска разговара професорот по меѓународно право и поранешниот македонски амбасадор во САД Васко Наумовски.

Ивана повели со разговорот.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Велковски: Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока цел

-Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока национална, општествена и лична цел, потенцирал Велковски.

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски, заедно со претставникот на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денeска во детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден присуствуваа на промоција на проектот: „Градење на здрави навики во исхраната кај децата од предучилишна возраст", информираат од МТСП.

-Добросостојбата на нашите деца е и ќе биде наша највисока национална, општествена и лична цел, потенцирал Велковски и додал дека здравата и безбедна храна е неопходност за подобар раст и развој на децата, особено во првите години од животот.

Во рамките на соработката со УНИЦЕФ почнала и реализацијата на проектот: „Градење на здрави навики во исхраната кај децата од предучилишна возраст", во партнерство со Асоцијацијата ЕДУЛЕНД, а активно учество во проектот земало и Здружението за одржлив развој АРЕТЕ.

-Како резултат на овој проект произлегоа едукативни обуки кој што почнуваме да ги пилотираме првично во 4 градинки за вработените во предучилишните установи, а понатаму во план е да опфатиме уште 30 градинки низ целата држава. Она што ме радува е дека на овие обуки учесници се вработените во детските градинки: директор, стручни работници и соработници, воспитувачи, негуватели и вработени во кујните каде се приготвува храната за децата. Исто така се изработи и Прирачник со насоки за здрава исхрана, рекол техничкиот министер за труд и социјална политика.

Велковски додал дека воспитувачите и негувателите од раното детство имаат клучна улога во обликувањето на здравите прехранбени навики на децата, не само преку храната што ја нудат во градинките, туку и, како што рекол, преку однесувањето што го моделираат, нивните интеракции со децата за време на оброците, дискусиите и активностите што ги преземаат со децата.

-Од овие причини, практичното унапредување на нивните професионални компетенции има големо значење, потенцирал министерот за труд и социјална политика во техничката Влада.

притисни ентер