Судот одлучи: Нино Васев не е виновен за несовесно лекување пациенти

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија Нино Васев и докторите Игор Стојковски и Марија Симоновска се ослободени од обвинение во случајот кој се водеше против нив за несовесно лекување на пациент кој починал во 2019 година.

Ексдиректорот на Клиниката за онкологија Нино Васев и докторите Игор Стојковски и Марија Симоновска се ослободени од обвинение во случајот кој се водеше против нив за несовесно лекување на пациент кој починал во 2019 година откако три месеци не му бил препишиуван лек за малиген меланом.

Судијката Славица Наумова Јосифовска при изрекувањето на пресудата кажа дека јавниот обвинител во текот на расправата не успеал да докаже дека обвинетите ги сториле делата кои им се ставаат на товар. Таа посочи дека не се докажало тврдењето на обвинителството дека Васев, кој не се појави на изрекувањето на пресудата, како директор на Онкологија не одобрил на пациентот да му се препише соодветна терапија од јуни до септември 2018 година, ниту дека на семејството на пациентот им рекол сами да си ги набават лековите.

-Имајќи ги во предвид дејствијата кои му се ставаат на товар на обвинетиот Никола Васев, а во ситуација кога од изведените докази извештаи издадени од ординирачките лекари во периодот од 2018 година произлегува дека била препорачана терапија со лек кој бил на позитивната листа па не се докажа дека обвинетитот Васев во овој период не одобрил давање на ваква терапија а на 11.09.2018 препишана е терапија со лек кој не бил на позитивната листа кој е препишан од страна на лекарите и по согласност од семејството и со доктор васев истиот го дале на пациентот,- Славица Наумова Јосифовска – Судија.

Откако судот пресече дека обвинетите не се виновни, од обвинителството најавија дека ќе ја обжалат пресудата. Обвинителката Лидија Раичевиќ и натаму останвуа на тврдењето дека тројцата доктори заслужуваат осуда, бидејќи починатиот пациент не го добил соодветниот третман согласно законот за здравстена заштита и законот за заштита на правата на пациентите.

-Тие имаат точно определени права кои што им следуваат и се однесуваат на прием, лекување, терапија, дијагноза, третман, однос на лекари кои што ќе име внесе доверба дека се во сигурни раце и дека можат да очекуваат продолжување со медицинска заштита на нивниот живот. Тоа не го добил овој пациент, кој што е починат во многу тешки услови и околности и заради тоа сметавме дека е сторено кривично дело,- Лидија Раичевиќ – Јавна обвинителка.

Инаку, Васев пред околу два месеци даваше исказ пред собраниската Анкетна комисија, формирана со цел да ги истражи евентуалните злоупотреби со биолошката терапија што им била давана на пациентите од Онкологија. За овој случај од обвинителството засега нема нови детали. Од таму појаснуваат дека станува збор за предистрага, и дека се аналзиираат и вештачат досега земените документи и материјали.

Русите почнаа офанзива кон милионскиот Харков (ВИДЕО)

Руските сили денеска почнаа да користат оклопни возила за да ја пробијат границата со североисточниот украински регион Харков и силно ја гранатираа областа, објави Киев.

Да потсетиме дека Харков е вториот по големина украински град во кој сè уште живеат повеќе од милион луѓе по повеќе од две години војна.

Ова е најсилниот знак досега дека Русија сака да отвори нов фронт во војната. Руските сили напредувале еден километар во близина на пограничниот град Вовчанск. Борбите во пограничните области на регионот Харков продолжуваат. Киев таму итно испрати засилување, соопшти Министерството за одбрана.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Русија започнала нова офанзива во регионот Харков.

Украински извори објавија, како што тврдат, снимки од руски возила кои учествувале во нападот. Камерите со дронови покажуваат уништување на руски камиони и оклопни возила утринава во Харковската област.

Стинг и Колдплеј бараат ослободување на ирански рапер, осуден на смрт

Активистите за човекови права, заедно со 100 музичари, вклучувајќи ги Стинг и Колдплеј, бараат ослободување на иранскиот рапер Тумај Салехи, осуден на смрт поради поддршка на масовните протести во Иран во есента 2022 година.

„Смртната пресуда на Салехи е кулминација на три години судско вознемирување вклучувајќи апсење, затворање и тортура“, се вели во петицијата на лондонската организација Index on Censorship.

Во многу од неговите песни, пејачот го привлече вниманието на состојбата со човековите права во Иран. Во октомври 2023 година, на Салехи му беше доделена наградата за слобода на изразување од страна на Index on Censorship. „Мора да се дозволи уметноста да критикува, провоцира, преиспитува и ги предизвикува авторитетите“, велат потписниците. „Ниту еден уметник не треба да биде подложен на било каков вид судско малтретирање поради остварување на своето право на слобода на изразување, а камоли да биде осуден на смрт.“

Смртната казна за Салехи беше објавена на крајот на април. Оваа вест предизвика незадоволство во Иран и други земји ширум светот. Властите донесоа одлука во врска со поддршката на Салехи за масовните протести во Иран во есента 2022 година. Во минатото, раперот со своите текстови ги критикуваше социјалните и политичките проблеми во земјата.

Композиторот и пијанистка Тамара Баршак покани и други уметници да се приклучат на петицијата. „Фактот што овој сиромашен музичар е осуден на смрт поради изразување на своите верувања е ужасен“, изјави Баршак за весникот „Гардијан“, додавајќи дека сите треба да зборуваат за тоа.

Потписник на изјавата, Ели Бразил од британската кампања Art Not Evidence, рече дека протестната музика била цензурирана низ целиот свет илјадници години. „Но, да се биде осуден на смрт поради тоа е едноставно незамисливо“, рече таа.

Сѐ позачестени сообраќајни незгоди низ државата–брзото возење најчеста причина

„Загина 42 годишен маж од Делчево, излетал од патот, малолетен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа, почина возач, сопатникот тешко повреден, петмина повредени во сообраќајка, меѓу нив и две деца“

„Загина 42 годишен маж од Делчево, излетал од патот, малолетен мотоциклист загина во сообраќајна несреќа, почина возач, сопатникот тешко повреден, петмина повредени во сообраќајка, меѓу нив и две деца“ – се само еден мал дел од медиумските наслови во последниве недела дена, на патиштата во Македонија, во овој период, речиси секој ден има по еден загинат. Брзината и натаму остануваат ризик број еден за прераната смрт на улиците кои се се пораздвижени со потоплото време, велат од МВР..

-Според сите наши анализи, но анализите на другите полиции, брзината е најчеста причина за тешки сообраќајни несреќи, односно оние сообраќајни несреќи каде што имаме жртви, каде што имаме тешки телесни повреди, токму поради тоа, ние како МВР сме насочени најмногу на санкционирање на овој прекршок,- – Тони Ангеловски – Портпарол на МВР.

Изминатата година полицијата напишала над 250.000 казни само за пребрзо возење....

Последната тешка сообраќајна несреќа во Скопје се случи на оваа крстосница, а жената чие возило беше преполовено заврши со тешки повреди..

Неколку дена по несреќата екипата на Канал 5 дојде на истото место... Затекнавме од малолетни мотоциклисти на пешачки патеки, до сериозни пречекорување на брзната на партизанска која е ограничена на 50 км на час..

Пешаците пак улиците ги преминуваат ако некој од возилата се смилува да ги пропушти.. Инаку во изминатиов период беа прегазени и неколку пешаци, последниот загина на регионалниот пат Струмица – Валандово..

Според универзитетскиот професор по безбедност во сообраќајот - Зоран Јошевски, недостасува соодветен сообраќен систем, бидејќи државава, според него, во моментов го нема..

Претстојниот период доаѓаат и матурските прослави каде голем дел од средношколците ќе седнат позади воланот. Од МВР апелираат до родителите, но и до матурантите, да не користат возила, заради нивната лична безбедност..

притисни ентер