Луѓето во североисточна Јапонија се предупредени да внимаваат на диви мечки, откако еден човек беше пронајден мртов со длабоки исеченици, а полицајците биле тешко повредени.
Двајца полицајци биле нападнати во саботата во градот Казуно, во префектурата Акита, додека го извлекувале телото на исчезнатиот маж, објавија јапонските медиуми.
Еден човек бил пронајден мртов откако неколку дена претходно отишол да бара бамбус во планините.
Се уште не е потврдено дали мечка е одговорна за неговата смрт.
Повредите на полицајците, иако сериозни, се верува дека не се опасни по живот.
Во потрагата по мечките се вклучени полициски хеликоптер и автомобили. Пошумените површини во Казун се затворени „на неодредено време“ - со поставени предупредувачки знаци.
Жителите се предупредуваат да не излегуваат навечер и да држат ѕвона или нешто слично во рацете за да ги исплашат мечките доколку наидат на нив.