Судот на ЕУ донесе одлука што ќе ги смени Фејсбук и Инстаграм, Мета го загуби спорот - Канал 5

Судот на ЕУ донесе одлука што ќе ги смени Фејсбук и Инстаграм, Мета го загуби спорот

Европскиот суд на правдата пресуди дека големите платформи на социјалните медиуми мора да им платат на медиумите за користење на нивните вести. 

Судот на ЕУ донесе одлука што ќе ги смени Фејсбук и Инстаграм, Мета го загуби спорот

Одлуката директно влијае на Мета, сопственикот на Фејсбук и Инстаграм, кој се обиде да ги избегне овие трошоци на суд. Сега е официјално потврдено дека технолошките гиганти ќе мора да платат пари ако сакаат да им прикажуваат текстови на други луѓе на своите корисници.

Зошто Мета го изгуби случајот против државата

Целиот случај беше покренат во Италија, каде што Мета ги оспори домашните закони за плаќање надомест на издавачите. Судот во Луксембург ги отфрли нивните барања и потврди дека секоја земја-членка има право да воведе таква обврска. Италијанската регулаторна рамка сега служи како пример за цела Европа во борбата против слободното користење на медиумските содржини на интернет.

Издавачите на весници сега имаат целосна слобода да одлучат под кои услови нивните вести ќе бидат објавени на мрежите. Тие можат да бараат фер надомест или целосно да го забранат прикажувањето на нивните статии на платформи како Фејсбук. Ова право е клучно за опстанокот на новинарството бидејќи ги спречува големите компании да заработуваат пари од работата на другите без никаква исплата.

Обврска за преговарање без уцена или прикривање

Судот посебно нагласи дека „Мета“ и слични компании не смеат да ја намалат видливоста на вестите додека траат преговорите за цените. Платформите сега се должни да ги обезбедат сите податоци потребни за фер пресметка на парите што им ги должат на медиумите. Ваквите правила обезбедуваат рамнотежа на пазарот и ги штитат големите инвестиции што медиумските куќи ги прават во креирањето вести на дневна основа.

Овој потег на судот се смета за голема победа за сите новински портали кои со години се борат со пад на профитот. Европското законодавство со тоа стави крај на практиката во која социјалните мрежи бесплатно ја преземаа работата на другите луѓе. Се очекува дека другите земји брзо ќе го имплементираат овој модел за да ги заштитат своите локални медиуми од моќните американски компании.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во Крагуевац

Вообичаениот училиштен ден се претворил во вистинска драма во во Првото техничко училиште во Крагуевац, кога  17-годишник, ученик во четврта година упаднал во објектот и отвори оган. 

17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во Крагуевац

Откако малолетникот точно во 8 часот пукал со пушка со мал калибар, најверојатно сопственост неговиот татко. Едната вработена, која работела како хигиеничарка, била погодена од куршум, додека друга се здобила со повреди од парчиња стакло што се распрснале од силината на истрелот.

Според српските медиуми, само благодарение на сплет на среќни околности и фактот што на напаѓачот му се укочило чкрапалото на пушката избегнат масакар врз учениците и наставниците кои во тој момент биле зад затворените врати од училниците.

Двете жени веднаш биле пренесени во болница, а потешко повредената е надвор од животна опасност.

Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, потврди дека сите ученици безбедно ја напуштиле училишната зграда по пукањето и објасни дека претходно немало проблеми со ученикот кој е уапсен.

-Учениците од Првото техничко училиште безбедно ја напуштија зградата. Ученик од четврта година рани колешка, вработена во Првото техничко училиште. Колешката е надвор од животна опасност. Со брзата реакција на припадниците на МВР, ученикот е уапсен. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе се обидеме наставата што поскоро да се нормализира – изјави – Немања Јоксимовиќ, директор на Првото техничко училиште во Крагуевац .

Од српското МВР потврдија дека малолетникот е уапсен и дека полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со нападот.

Во меѓувреме, српските медиуми објавуваат неофицијални информации за активностите на осомничениот на социјалните мрежи и за наводна содржина поврзана со трагедијата во белградското основно училиште„ Владислав Рибникар “.

А, особено внимание привлекува и фотографијата која ја ставил на неговиот наводен Вибер профил, на кој е истакнат денешниот датум 24 ноември. Воедно, се појавила и фотографија на која, наводно, осомничениот ученик позира со огнено оружје, пренесуваат медиумите. Автентичноста на овие објави засега не е официјално потврдена.

Случајот предизвика големо вознемирување во српската јавност. Пред три години, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ влезе во училиштето во кое учел и со пиштолот на својот татко уби деветмина соученици и училишниот обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?

Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста.

Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?

Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста за разлика од последниот кога викендов пред поликлиниката „Јане Сандански“ беше нападната екипа на Итната помош, и затоа е потребен систем што ќе овозможи во исто време и заштита на персоналот и остварување на правата на пациентите. Ова е ставот на Здружението на сестри, акушерки и техничари „За нас“ кои реагираат за целокупниот однос кон овој кадар со години наназад од страна на државата.

-Ако системската поставеност ве штити во здравствените институции, вие сте во доволен број, имате доволно возила, па сте доволно екипи, па системски нема да морате продурални администрации да спроведувате и можете автономно да одлучувате, имате лиценца (како што нема за медицински сестри во државата) за да одлучиме за нешто, затоа некогаш може да одлучите за доброто на пациентот, а потоа да одговарате бидејќи никаде не пишува дека тоа сте смееле да го направите,- - Гордана Бешлиовска - Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“.

Додека освен зголемување на бројот на здравствени работници, медицинските здруженија од Министерството за здравство бараат и задолжително физичко обезбедување во сите болници наместо реакција по секој нов инцидент, Министерот Клековски вели дека не е возможно да има обезбедување насекаде и со секоја екипа.

-Ангажирање на дополнително обезбедување е оправдано, но тоа е оправдано на одредени точки. Меѓутоа дека ние ќе имаме обезбедување со секоја брза помош е невозможно. Да, можеме да обезбедиме некои точки, но не можеме сите точки, не можеме да ја претвориме државата во полициска држава,- - Сашо Клековски – министер за здравство

Иако годишните пријави до МВР за напад врз лекар или медицински персонал можат да се избројат на една рака, според објавени последните објавени податоци на Лекарската комора околу 70 отсто од докторите во здравството соочуваат со насилство на работно место, најчесто со вербални напади.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Три тужби за МОН за студентскиот оброк, пресметките покажуваат дека тој би изнесувал 156 денари

Три тужби до Управниот суд се поднесени против Министерството за образование и наука поради неусогласувањето на субвенционираниот студентски оброк со инфлацијата. 

Три тужби за МОН за студентскиот оброк, пресметките покажуваат дека тој би изнесувал 156 денари

Министерката Весна Јаневска денеска посочи дека според последните пресметки, направени врз основа на податоците од Државниот завод за статистика, дневниот надоместок од сегашните 140 денари би требало да се зголеми на 156 денари. Сепак, поради различните толкувања на Законот, Јаневска вели дека Министерството ќе ја чека одлуката на судот.

,,Пресметките што ние ги правевме на стапките објавени од Завод за статистика се, точно вчера проверив, тоа се 156 денари. Но, Законот е недоречен, а правниците тврдат дека тоа е така и оттаму неусогласеност и двојното толкување на законот. Веќе има пристигнато три тужби во Министерството од Управниот суд. Постапката е во тек. Како ќе одлучи судот, ние така и ќе постапиме“,– Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Студентите бараат студентскиот оброк да се зголеми на најмалку 172 денари, а исплатата да продолжи со сегашниот модел преку платежни картички, наместо со предложениот нов модел со дигитални ваучери.

-Нашите пресметки покажуваат дека во овој момент, студентскиот оброк на почетокот на 2027 година треба да изнесува најмалку 172 денари. Ова не е нешто кое е наше толкување, туку ова е согласно Законот за субвенциониран оброк. Ние спроведовме анкета на која одговорија над 10.000 студенти на прашање поврзан за студентскиот оброк, вели дека над 90 посто од студентите го посочуваат токму износот од 140 денари како најголем проблем во сегашниот модел.

Според предлогот на МОН, со новиот модел за субвенционирање од следната академска година, студентите ќе можат да користат 20% попуст во продавниците со кои владата ќе склучи договори. По вчерашната средба со новиот претседател на Универзитетското студентско собрание на УКИМ, Јаневска најави дека ќе ги почека резултатите од дополнителните консултации меѓу студентите, но и дека ќе организира средба со претставниците на останатите студентски собранија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер