Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит
1Седум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испит
3Инцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците?
Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
1Џуд Белингем станува еден од најплатените фудбалери во Европа, „Реал“ мора да ги одржи сите свои ѕвезди задоволни
Живот„Мета“ казнета со 375 милиони долари„Мета“ е сопственик на неколку платформи на социјални мрежи, како што се „Фејсбук“, „Ватсап“, „Инстаграм“ и „Тредс“. Оваа судска одлука доаѓа по речиси седум дена судење иницирано од главниот обвинител. Поротата на Ново Мексико ја прогласи компанијата „Мета платформс“ за одговорна во тужбата за безбедност на децата, велејќи дека свесно го оштетила менталното здравје на децата и го криела своето знаење за сексуална експлоатација на деца на своите платформи. „Мета“ е сопственик на неколку платформи на социјални мрежи, како што се „Фејсбук“, „Ватсап“, „Инстаграм“ и „Тредс“. Оваа судска одлука доаѓа по речиси седум дена судење иницирано од главниот обвинител. Поротата ја прогласи американската компанија за виновна за кршење на законите за заштита на потрошувачите на Ново Мексико и ѝ наложи да плати 375 милиони долари граѓански казни. Ова е првпат порота да пресуди против „Мета“ во тужба за експлоатација на деца. Во меѓувреме, Федералниот суд во Калифорнија разгледува сличен случај против „Мета“ и „Јутјуб“. Во соопштението, главниот јавен бранител на Ново Мексико, Раул Торез рече дека оваа пресуда е „историска победа“. - Ова е историска победа за секое дете и семејство кое ја платило цената за изборот на „Мета“, што го стави профитот пред безбедноста на децата. Значителните отштети што поротата ѝ наложи на „Мета“ да ги плати треба да испратат јасна порака до раководителите на големите технолошки компании дека ниедна компанија не е над законот, рече тој. Портпаролот на „Мета“ рече дека компанијата не се согласува со пресудата на Судот во Ново Мексико и дека ќе поднесе жалба. - Работиме напорно за да ги заштитиме луѓето на нашите платформи и сме јасни во врска со предизвиците за идентификување и отстранување на лоши чинители или штетна содржина. Ќе продолжиме енергично да се браниме и да останеме уверени во нашите податоци за заштитата на тинејџерите на интернет, рече гласноговорникот. Иако пресудата е значаен преседан, казната од 375 милиони долари е само дел од казната од 2,2 милијарди долари што ја бараат тужителите. „Мета“, исто така, се соочува со илјадници тужби против неа и други компании за социјални медиуми, т.е. обвиненија дека намерно ги дизајнирале своите производи да создадат зависност кај младите луѓе, што довело до национална криза со менталното здравје. Некои од тие тужби бараат десетици милијарди долари отштета, според поднесоците до финансиските регулатори. Истовремено, неколку земји веќе ги забранија или размислуваат да ги забранат социјалните медиуми за деца. Тагови: Мета Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаСедум возачи лишени од слобода во изминатото деноноќие поради управување возило без положен возачки испитВо текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода седум лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.Сите седум лица управувале возило без положен возачки испит. Станува збор за А.С.(25) и М.С.(19), двајцата од Скопје, И.Ќ.(36) од село Долно Палчиште, Општина Боговиње, Д.М.(20) од Гостивар, Т.К.(50) од село Близанско, Општина Македонски Брод, Д.С.(40) од Радовиш и С.М.(23) од Прилеп. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. МВР апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да не управуваат возило без положен возачки испит, со изречена забрана за управување или под дејство на алкохол. Само со одговорно однесување на секој учесник можеме заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај и заштита на човечките животи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Балкан17-годишник со пушка рани две вработени во училиште во КрагуевацВообичаениот училиштен ден се претворил во вистинска драма во во Првото техничко училиште во Крагуевац, кога 17-годишник, ученик во четврта година упаднал во објектот и отвори оган. Откако малолетникот точно во 8 часот пукал со пушка со мал калибар, најверојатно сопственост неговиот татко. Едната вработена, која работела како хигиеничарка, била погодена од куршум, додека друга се здобила со повреди од парчиња стакло што се распрснале од силината на истрелот. Според српските медиуми, само благодарение на сплет на среќни околности и фактот што на напаѓачот му се укочило чкрапалото на пушката избегнат масакар врз учениците и наставниците кои во тој момент биле зад затворените врати од училниците. Двете жени веднаш биле пренесени во болница, а потешко повредената е надвор од животна опасност. Директорот на училиштето, Немања Јоксимовиќ, потврди дека сите ученици безбедно ја напуштиле училишната зграда по пукањето и објасни дека претходно немало проблеми со ученикот кој е уапсен. -Учениците од Првото техничко училиште безбедно ја напуштија зградата. Ученик од четврта година рани колешка, вработена во Првото техничко училиште. Колешката е надвор од животна опасност. Со брзата реакција на припадниците на МВР, ученикот е уапсен. Ќе ја следиме ситуацијата и ќе се обидеме наставата што поскоро да се нормализира – изјави – Немања Јоксимовиќ, директор на Првото техничко училиште во Крагуевац . Од српското МВР потврдија дека малолетникот е уапсен и дека полицијата работи на утврдување на сите факти и околности поврзани со нападот. Во меѓувреме, српските медиуми објавуваат неофицијални информации за активностите на осомничениот на социјалните мрежи и за наводна содржина поврзана со трагедијата во белградското основно училиште„ Владислав Рибникар “. А, особено внимание привлекува и фотографијата која ја ставил на неговиот наводен Вибер профил, на кој е истакнат денешниот датум 24 ноември. Воедно, се појавила и фотографија на која, наводно, осомничениот ученик позира со огнено оружје, пренесуваат медиумите. Автентичноста на овие објави засега не е официјално потврдена. Случајот предизвика големо вознемирување во српската јавност. Пред три години, тогаш 13-годишниот Коста Кецмановиќ влезе во училиштето во кое учел и со пиштолот на својот татко уби деветмина соученици и училишниот обезбедувач во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаИнцидентот пред Поликлиниката во Аеродром го вклучи алармот – неопходно ли е обезбедување во болниците? Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста.Медицински сестри што за време на дежурства во болници биле претепувани и со години живеат со последици од насилството е редовна пракса кај нас и има многу случаи што не стигнуваат до јавноста за разлика од последниот кога викендов пред поликлиниката „Јане Сандански“ беше нападната екипа на Итната помош, и затоа е потребен систем што ќе овозможи во исто време и заштита на персоналот и остварување на правата на пациентите. Ова е ставот на Здружението на сестри, акушерки и техничари „За нас“ кои реагираат за целокупниот однос кон овој кадар со години наназад од страна на државата. -Ако системската поставеност ве штити во здравствените институции, вие сте во доволен број, имате доволно возила, па сте доволно екипи, па системски нема да морате продурални администрации да спроведувате и можете автономно да одлучувате, имате лиценца (како што нема за медицински сестри во државата) за да одлучиме за нешто, затоа некогаш може да одлучите за доброто на пациентот, а потоа да одговарате бидејќи никаде не пишува дека тоа сте смееле да го направите,- - Гордана Бешлиовска - Здружение на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“. Додека освен зголемување на бројот на здравствени работници, медицинските здруженија од Министерството за здравство бараат и задолжително физичко обезбедување во сите болници наместо реакција по секој нов инцидент, Министерот Клековски вели дека не е возможно да има обезбедување насекаде и со секоја екипа. -Ангажирање на дополнително обезбедување е оправдано, но тоа е оправдано на одредени точки. Меѓутоа дека ние ќе имаме обезбедување со секоја брза помош е невозможно. Да, можеме да обезбедиме некои точки, но не можеме сите точки, не можеме да ја претвориме државата во полициска држава,- - Сашо Клековски – министер за здравство Иако годишните пријави до МВР за напад врз лекар или медицински персонал можат да се избројат на една рака, според објавени последните објавени податоци на Лекарската комора околу 70 отсто од докторите во здравството соочуваат со насилство на работно место, најчесто со вербални напади. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00Одбраната повлече двајца сведоци од судењето за пожарот во „Пулс“, родителите реагираа09:00Муцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00