Судот му забрани на Робињо да го напушти Бразил по затворската казна за силување

Случајот датира од 2013 година кога Робињо настапуваше за Милан.

Поранешниот бразилски репрезентативец Робињо доби забрана да го напушти Бразил додека судот не донесе одлука дали поранешниот фудбалер може деветгодишната затворска казна за силување, која му е изречена во Италија, да ја отслужи во својата татковина.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Манчестер сити е осуден во Италија на казна затвор од девет години за групно силување девојка на прослава на нејзиниот 23. роденден во ноќен клуб во Милано.

Случајот датира од 2013 година кога Робињо настапуваше за Милан.

Робињо се жалеше на повеќе судски инстанци, но Врховниот суд на Италија му ја потврди деветгодишната казна, а италијанските обвинители издадоа меѓународен налог за негово апсење. Бразил, меѓутоа, нема закон за екстрадиција на свои државјани, па Италија побара Робињо казната затвор да ја отслужи во родната земја. /МИА

Силјановска-Давкова: Пендаровски на многу закони стави вето, време е тој да добие вето!

Профероската Гордана Силјановска-Давкова од Кратово порача: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето, време е граѓаните да му стават нему вето!

Во својот говор Професорката Горданa Силјановска -Давкова порача:

Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето, време е граѓаните да му стават нему вето!

Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да се направи евалуација или реевалуација на сите кандидати во поглед на имотот или во поглед на стореното.

Но, три пати да се залагате за нешто, а да не направите ни еден чекор кон тоа, мислам дека ве предупредува дека треба сами да си ставите вето на она што го ветувате, а не го исполнувате! Можеби така го замислува претседателот ветото! Јас не знам како го замислува! Како нешто што постојано го ветува, ама крајно време е: Вето да си стави сам, дека нема да измислува! А мислам дека и вие треба вето да му ставите.

Ние кога го критикуваме ДУИ, не ги критикуваме албанците. Кога ги критикуваме одлуките на коалицијата, не тргнуваме од етнички или верски пориви, туку од нивната длабока вмешаност во корупцијата и криминалот!

Мислам дека најважната битка што мора да почне на 24-ти, а да биде потврдена со најголема можна брзина во иднина, е бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот! Корупцијата и криминалот немаат никаков етнички или религиозен предзнак! Не!

Меѓутоа, ни економија, ни образование, ниту култура, ни земјоделие, не може да се развиваат без правна држава во која сите ќе бидат под Уставот и законите! Во која нема да има селективно судство, ниту несанкционирање на потезите на многу други оти веќе бегање нема!

Во последниот извештај на Фридом хаус до нас е упатена порака: - Крајно време е да престанеме да бидеме хибриден режим кој се врти во корупцијата и криминалот! Крајно време е стручноста и компетентноста да бидат важечките критериуми за влез во било која професија, за било која функција! Така не само што ќе ги задржиме најупешните и ќе ги охрабриме младите да останат тука, туку ќе се знае дека кој и да дојде на власт, државата ќе функционира. Оваа држава не функционира како правна држава!

Тука и претседалот има улога, јасно ви е. Поминаа многу закони на кои мораше да им стави вето. Еден од најстрашните е оној за измени на Кривичниот законик! Значи, тој стана соученик во стимулирањето на криминалот. Зошто? Затоа што измислуваше најразлични аргументации зошто измените се добри, па споредуваше со Германија и слично. Но, факт е дека обезбедија со тој ужасен закон, всушност легализација на корупцијата и криминалот. Односно, обезбедија заштита на корумпираните и на криминалците. Ние тоа нема да го дозволиме! На ниту едно ниво, во ниту една институција. Оти силните институции, процедурата и санкционирањето се гаранција не само за демократска, туку и за правна држава. Таквите држави се европски држави, а не државите што тие ги нарекуваат европски, како нашата. Не е европска нашата држава!

Но, верувајте ми на 24-ти и на 8-ми ќе започне поставувањето на темелите на Македонија како европска држава! Стандардна држава!, рече Силјановска- Давкова, соопшти нејзиниот тим.

Човек се запали пред судот каде му се суди на Трамп, луѓе врескаат во шок(Вознемирувачко видео)

Маж чиј идентитет засега не е познат, се запали пред судот во Њујорк каде му се суди на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Грозоморното видео набрзо се појави на социјалните мрежи, а на него може да се види како личноста буквално ја зафати пламенот.

На видеото се гледа како лицето прво клечи додека гори, а потоа паѓа на грб и се тресе, додека околу него горат огромни пламени.

Инцидентот се случил веднаш откако беше објавено дека е избрана порота во случајот против Доналд Трамп поради наводните тајни плаќања на Сторми Даниелс, актерка од филмови за возрасни која што ја платил за да молчи за нивната интимна врска.

Ова судење се смета за историско, бидејќи Доналд Трамп е првиот поранешен американски претседател кој се соочува со кривично гонење.

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не дозволиме никогаш повеќе да се повторат. 

Ветуваа дека ќе донеле правда и мир, а ниту правда ниту мир донесоа, никогаш полошо не се живеело криминалци царуваат со градовите, а оние кои треба да се одговорни за правдата и мирот се најверни коалициони партнери на криминалците, изјави претседателот од ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Кратово.

Мицкоски нагласи дека законите не важат за сите подеднакво, државата му е украдена на народот и со неа управува мала тесна клика на власта која континуирано ја понижува, ограбува и срами Македонија, како и дека има цикличен артаноиден режим во Македонија.

- Шансата за сето ова да се промени ја имаме на 24 април да излеземе да го заокружиме бројот 2 да ја поддржиме идната претседателка Гордана Силјановска Давкова а потоа уште помасовно на 8 мај, Македонија не само горда, да ја направиме и повторно твоја, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека оваа власт ветуваше подобар живот и за земјоделците, за пензионерите, учениците, за здравството, но наместо тоа гледаме да нема загарантиран откуп за земјоделците, да нема учебници за учениците, пензионерите да протестираат за пензии, а во здравството видовме како се запали модуларната и луѓе загинаа, а бевме во првите 5 држави по смртност во корона пандемијата.

Мицкоски се осврна и на ДУИ за кои рече дека ги напаѓа затоа што се криминалци.

Тие ме нарекуваат анти Албанец, не јас сум анти ДУИ криминалците. Ќе зборувам против принципот на владеење „како до сега“ како му рече Ахмети на Ковачевски. Ќе бидам против системот на владеење каде момчиња кои само што се од фамилијата Ахмети купуваат милионски имоти во центрите на градовите, тие кои се дел од тоа семејство и сватови имаат возен парк од неколку милиони евра, а народот нема леб да јаде, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека по 8 мај владата на коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има задача сите кои ја ограбија и понижија Македонија да ги прати во затвор, доста беше од овие стотина разбојници кои ја уништија Македонија.

Говорејќи за Пендаровски, Мицкоски потсети како Пендаровски едно зборува наутро, друго на пладне, а навечер ги демантира двете, како и дека во меѓувреме ќе кажува дека Гоце Делчев бил Бугарин, дека ако не бил претседател ќе се селел од Македонија, ќе навредува дама како професорката Гордана Силјановска Давкова.

- Од друга страна имаме титан како професорката Силјановска Давкова која изминативе години ги бранеше македонските национални интереси, заслужува поддршка и историска победа на овие избори. Таа застана заедно со нас во првите редови одлучи за да се бори за Македонија за својот народ, за сите нас за достоинствена просперитетна држава со можности и шанса за секого, истакна Мицкоски.

Мицкоски повика сите масовно да се обединиме на 24 април да му помогнеме на Пендаровски да ги пакува куферите, да гласаме за Гордана Силјановска Давкова, а потоа на 8 мај да ја направиме Македонија и повторно горда и повторно горда и да стигнеме до 61 пратеник, да ја ослободиме Македонија од овие стотина разбојници од ДУИ и нивните измеќари од СДСМ, се наведува во партиското соопштение.

притисни ентер