Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
2Изборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа
3Лишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
СветСудирот меѓу Трамп и Маск стана многу валкан многу брзоНа крајот, големиот, прекрасен закон беше причината за големата, прекрасна расправија до која речиси сите знаеја дека ќе дојде.Уште од формирањето на сојузот меѓу Трамп и Маск пред речиси една година, набљудувачите на овие мегаломани низ светот се прашуваа кога и како ќе заврши. Сега го имаме одговорот: 137 дена по почетокот на претседателствувањето на Трамп, со жестокоста на огненото лансирање на една од ракетите на Маск. Понекогаш, гледањето на оваа расправија беше речиси воајерско, како кога луѓето со љубопитност следат некој од најгрдите раскинувања на познати личности. Тоа е како Бранџелина во кругот на Вашингтон, но со импликации далеку надвор од тоа. Бидејќи Маск беше поблиску до претседателот од кој било кој надвор од неговото семејство. Тој поминуваше викенди живеејќи во домот на Трамп во Мар-а-Лаго, неговата мајка присуствуваше на забави таму, неговиот син ги бришеше носето на работната маса во Овалната соба. Но, како и многу домашни расправии, работите станаа многу хаотични, многу брзо. Како и секогаш кога Трамп има нешто да каже, тој чека на неизбежното прашање. Тоа дојде веднаш по неговата средба во Овалната соба со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Еден новинар праша за критиките на Маск за неговиот „голем, прекрасен“ закон. Трамп ја виде својата шанса. „Секогаш го сакав Илон. Претпочитувам тој да ме критикува мене отколку законот“, рече тој, брзо додавајќи дека тој и Маск имале одлична врска. „Не знам дали ќе ја имаме и понатаму“, додаде. Помалку од половина час подоцна, објава на Икс од Маск јасно покажа дека, навистина, тие веќе нема да имаат одлична врска. „Без мене, Трамп ќе ги изгубеше изборите“, напиша тој. Тоа беше торпедо што предизвика, на моменти, неконтролирана размена на обвинувања, вклучително и неосновани тврдења од Маск дека Трамп е дел од „досиејата на Епштајн“. Само една недела откако Трамп му подари златен клуч на Маск на голема проштална церемонија, Маск го запали домот. Но, ова раскинување ќе влијае на сите вклучени, да не зборуваме за американската јавност. Брендот Трамп ќе претрпи штета поради губењето на поддршката и лојалноста на Маск. Републиканските политичари ќе бидат внимателни да не го налутат Маск со гласање за законот за трошење на Трамп. Најбогатиот човек во светот покажа дека е подготвен да ги стави своите пари на линија во изборни трки, а среднорочните избори се наближуваат. Зависноста на владата од компаниите на Маск е исто така огромна. Спејс Икс е клучен играч во истражувањето на вселената, а Маск даваше непроценливи совети на Белата куќа за вештачка интелигенција и електрични возила. Што ќе се случи сега со Одделот за ефикасност на владата? Во меѓувреме, акциите на сите компании на Маск значително паднаа, а Трамп веројатно ќе бара одмазда. Може да има и истрага, сега, за обвинувањата дека употребата на дрога од страна на Маск додека беше во владата беше неконтролирана. Има толку многу непознати и една сигурност – нема победници овде, освен комичарите кои тргуваат со шеги за овој пар импулсивни милијардери. Скај Њуз - Лондон/МИА Тагови: Доналд Трамп Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38
СветКим Џонг-ун пристигна во Кина преку нов мост (ВИДЕО)Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун пристигна во Кина преку новоизградениот мост меѓу двете соседни земји, изјави јужнокорејски владин претставник.Ким пристигна во Дандонг преку новиот мост на реката Јалу, кој ги поврзува Северна Кореја и Кина, изјави функционерот под услов на анонимност бидејќи не е овластен јавно да зборува за ова прашање. Кинескиот премиер Ли Ќијанг се сретна со Ким во пограничниот град, изјави друг јужнокорејски функционер запознаен со посетата, исто така под услов на анонимност. Посетата на Ким доаѓа еден ден пред годишнината од вмешаноста на Кина во Корејската војна, која траеше од 1950 до 1953 година. Затоплување на односите Се очекува Ким да се врати во Северна Кореја по посетата во сабота, објави јужнокорејската новинска агенција Јонхап. Јужнокорејски функционер запознаен со посетата изјави за Ројтерс дека е малку веројатно Ким да го посети Пекинг пред состаноците на високо ниво на Кинеската комунистичка партија, кои започнуваат во понеделник. Кина и Северна Кореја овој месец, по долго одложување, го отворија Новиот мост на реката Јалу. Станува збор за објект долг три километри што претставува нивен најважен копнен граничен премин. Целта е да се оживее трговијата и економската размена по години на затегнати односи и нарушувања предизвикани од пандемијата. Посетата на Ким во овој момент се вклопува во сегашната фаза на поблиски економски врски и почести состаноци на високо ниво меѓу Кина и Северна Кореја, рече Лу Чао, експерт за односите меѓу Кина и Северна Кореја во Провинциската академија за општествени науки Лиаонинг, истражувачки институт на кинеската влада со седиште во Шенјанг. Се очекува мостот да го олесни транспортот на тешка опрема, суровини и енергија што ѝ се потребни на Северна Кореја за развој. Отворањето е најновиот знак за одмрзнување на односите меѓу Пекинг и Пјонгјанг, откако лидерите на двете земји се состанаа на два самити во изминатите 13 месеци.Тагови: Ким Џонг-ун Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканИзборните анкети во Србија без конкретен фаворит- предвидуваат победа и за Вучиќ и за студентската листа Мртва трка со само неколку проценти предност за партијата на Вучиќ, односно за Студентската листа, предвидуваат изборните анкети на ден пред изборите во Србија. Според „Нова српска политичка мисла“ , Студентската листа е во предност за 2 процента пред Вучиќ или 44,5 наспрема 42,7 проценти. ИПСОС , пак предвидува победа на Вучиќ со предност од 7,4 проценти пред Студентската листа или 47,4 наспрема 40 проценти. Вонредните парламентарни избори во Србија, кои ќе се одржат на 25 октомври, ќе бидат 15-ти парламентарни избори во таа земја од 1990 година, а воедно и јубилејни, десетти вонредни избори. Право на глас имаат околу шест и пол милиони гласачи, кои ќе изберат 250 претставници во српскиот Парламент. Според политичките проценки, ова се најважните парламентарни избори во Србија од падот на Слободан Милошевиќ во октомври 2000 година. Главната битка се води помеѓу две листи - онаа на Александар Вучиќ и студентската листа, која во моментов е негов најголем противник. Вучиќ се обидува со овие избори да ја врати премиерската функција и на тој начин да остане на власт, која ја држи од 2012 година. Ова се и првите избори на кои Вучиќ не е фаворит и на кои студентската листа има големи шанси за победа. Секако, конечната пресуда ќе ја дадат гласачите, а многу ќе биде познато веќе во недела навечер, по 20 часот, кога ќе бидат објавени првите резултати. Доколку по овие избори во Србија се формира нова влада, тоа ќе биде 21-ва влада по ред од 1990 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаЛишени од слобода 12 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, 10 возеле без положен возачки испит Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ .Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: Д.Г.(20) и К.Д.(23), И.Ш.(28), С.Т.(20) сите од Скопје, Р.Ш.(22) од с.Морани, скопско, А.В.(20) од с.Радишани, скопско, Љ.М.(59) од с.Ресава, кавадаречко, Н.Ј.(35) од с.Слупчане, Општина Липково, и А.А.(18) од Прилеп и Д.К.(18) од с.Тополчани, прилепско. Со активна мерка - забрана возило управувале Д.Ќ.(47) од Велес и М.Б.(30) од Крушево. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38