Судир со камења и предмети меѓу две групи пред Скендер Бег, маж се закануваше

Петта вечер протести против францускиот предлог.

Со транспратенти , патриотски песни и слогани за оставки и отфрлање на предлогот, бројни граѓани и вечерва протестираат пред Собранието.

Претходно, маршираа од Владата преку МНР до Парламентот.

Михајло Видимлиски е пред Собранието.

За време на маширањето од Владата и дојде судир кај плоштадот Скендер Бег, за што ставува збор?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

Руската амбасада во САД бара визи за Лавров и за руската делегација за седницата на ГС на ОН

Руската амбасада во САД побара од Белата куќа и Стејт департментот да му издадат визи на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и на сите членови на руската делегација за учество на Генералното собрание на ОН во септември. 

Ова го изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Амбасадата веќе се обрати до Белата куќа и Стејт департментот со барање да ги исполни обврските на една земја на територијата на која е седиштето на ОН и веднаш да му издаде виза на министерот и на сите членови на руската делегација“, рече амбасадорот во изјава за руски медиуми.

Заменик портпаролот на ОН Фархан Хак изјави дека генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш е во близок контакт со САД и Русија за прашањето за издавање визи за руската делегација за учество во неделата на политички дебати на високо ниво на сесијата на Генералното собрание на ОН во септември.

Спасовски: Во сабота гласајте за број 1, за модерно и европско Тетово

Советничката листа на СДСМ и колацијата е најдобрата понуда за идниот совет на општина Тетово, составена од чесни и одговорни луѓе, кои Тетово го носат во срцето и знаат како да го направат модерно и европско.

Ова го порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски на средба со граѓаните.

Спасовски ги повика граѓаните во сабота на 20-ти август да гласаат за бројот 1, за кандидатите за советници на СДСМ и Коалицијата, бидејќи тие се гаранција за развојот, но и луѓе кои ќе бидат коректив на работата на градоначалникот.

СДСМ се грижи за сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност, затоа општина Тетово денес сега е пример за соживот, место каде живее концептот едно општество за сите, каде граѓаните се сплотени и единствени во визијата за нови успеси за ваше и наше модерно, европско Тетово, за Тетово, какво што сакаме да му го оставиме на идните генерации, нагласи Спасовски.

Во сабота вие одлучувате! Со заокружување на бројот 1, вие го бирате Најдоброто. Вие бирате модерно, европско Тетово, порача членот на ЦО на СДСМ Оливер Спасовски, се наведува во партиското сооштение.

Џенифер Анистон во бикини го запали Инстаграм (ФОТО)

Џенифер Анистон на Инстаграм ги покажа резултатите од својот здравствен и фитнес режим со серија фотографии во бикини, пишува Daily Mail.

Вчера таа се појави на Инстаграм за да сподели фотографии од нејзиниот последен одмор на плажа со пријателите, вклучувајќи го и колегата од „Horrible Bosses“ Џејсон Бејтман и неговата сопруга Аманда Анка.

На фотографиите, 53-годишната ѕвезда на „Пријатели“, позната по тоа што се залага за секојдневно вежбање и медитација, е снимена со група пријатели на непозната локација на плажа.

На една фотографија се гледа како актерката се релаксира на песокот, правејќи селфи додека лежи на стомак, додека на други го покажува нејзиното затегнато тело.

притисни ентер