Судењето за „Таргет-Тврдина": Вкрстено се испрашува сведокот Марјан Јанкуловски

 Со вкрстено испрашување на сведокот Марјан Јанкуловски, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот „Таргет-Тврдина".

Прашања врз основа на сведочењето поставуваше обвинетата Надица Николиќ, која од Јанкуловски, бараше потврда и согласност на одредени искази кои ги даде на минатото рочиште, меѓу кои и тоа околу надлежностите и пристапот до одредени таргети на обвинетата.

На почетокот на судењето обвинителката Ленче Ристовска, повикувајќи се на одредбите за испитување сведоци од ЗКП, каде што се предвидува со одлука на судот отстранување на едниот сведок додека другиот дава исказ, бидејќи досегашната пракса покажала оти во медиумите се изнесуваат детали од сведочењата кои се во спротивност од законот, побара од Судот да ги информира претставниците на медиумите за ваквата поставеност на кривичната постапка за да се избегнат ситуации каде со исказите на сослушани сведоците, пренесени преку медиумите, се влијае врз оние кои не се сослушани.

Обвинителката појасни дека не сака да се сфати дека сака да влијае на уредувачката политика на медиумот.

Судијата Џенета Бектовиќ рече дека законските одредби се јасни и предвидуваат јавно и транспарентно присуство на јавноста или целосно исклучување на јавноста.

– Вака поставеното барање на ЈО е нејасно и неразбирливо особено што се наметнува на Судот да влијае врз медиумите што е спротивно на начелото за транспарентност на постапката. Секој од сведоците е предупреден за лажно сведочење, истакна Бектовиќ по консултација со судијата Владимир Туфегчиќ и поротниците.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Исповед на една девојка која проживувала драма - Реакцијата на училиштето е ужасна

„Злоставувањето на училиште ме уништи, сите го игнорираа проблемот“.

Една популарна австралиска инфлуенсерка споделила свое лично искуство од злоставување на училиште откако дознала дека во нејзиното средно училиште повторно кружи морничав список, сличен на оној што нејзе ѝ го претворил животот во кошмар. Февеја, која денес има 20 години, решила да проговори за своето искуство откако слушнала за списокот направен од момчиња од едно приватно училиште во Мелбурн. На овој список биле оценките на нивните соученички, а бил објавен на платформата „Discord“ и откриен од страна на училиштето. Списокот, исто така, содржел фотографии од ученички, а девојките биле рангирани од најдобри до најлоши, како „сопруги“, „слатки“, „просечни“, „такви со кои би имале односи“.

Февеја не била изненадена од овој случај, бидејќи и самата поминала низ слично искуство пред четири години. Кога група момчиња ја рангирале без нејзина согласност, таа била во единаесетто одделение и тоа искуство ја „понижило“. „Ме ставија на слична листа која беше објавена на вести. Бев ставена во категоријата „ку*ви“ – вели Фавеја.

Иако тогаш била дете и како што открива, била девица, но штетата веќе била направена.

-Три години бев малтретирана, понижувана, вознемирувана и емоционално злоставувана од група момчиња. Моето училиште цело време знаеше за тоа, но не презеде ништо - изјавила таа.

Игнорирање на проблемот од страна на училиштето

Февеја открива дека ваквото искуство ѝ го променило карактерот.

- Се чувствував скршено, се чувствував обезвреднето како жена. Постојаното малтретирање што го доживеав од овие момчиња целосно ми го промени карактерот. Од весела, жива, гласна ученичка, станав плачлива, тивка несреќна. Се чувствував поразено, се чувствував внатрешно повредена – изјавила таа за news.com.au.

Злоставувањето било толку лошо што почнала да губи свест од силниот стрес, анксиозност и депресија. Таа тврди дека неколку пати морале да ја однесат во амбулантата за итни интервенции бидејќи ја нашле онесвестена во тоалетот.

Оваа девојка побарала советување од училиштето, но како што вели, честопати од таму велеле дека „момчињата ќе бидат момчиња“ и дека мора да се справи со тоа. Иако биле преземени некои чекори за да ѝ се олесни животот, таа наишла на отпор. Ѝ било дозволено да го напушти часот и да оди во канцеларијата на советникот секогаш кога ѝ било потребно, но тврди дека наставниците понекогаш ја одбивале и ѝ велеле дека сè е во ред. Причината поради која често сакала да побегне од училницата била тоа што секогаш била мета на момчињата кои го направиле списокот.

– Ме малтретираа, ме навредуваа, ме фотографираа, снимаа, правела лажни профили на мое име, ме демнеа, јавно ме понижуваа, ме нарекуваа со погрдни имиња, го срамотеа моето тело – изјавила таа.

Како Февеја го надминала проблемот

На крајот од средното училиште, нејзиното семејство било повикано на состанок со училиштето. Тие сметале дека конечно ќе направат нешто во врска со хроничното малтретирање, но наместо тоа им било кажано дека ако Фавеја пропушти уште еден час, нема да дипломира.

- Ми рекоа дека не ќе можам да дипломирам поради изостаноците, иако знаеја зошто не присуствувам на наставата – изјавила оваа девојка.

Како одговор, Февеја се изборила така што смогнала сили да присуствувала на секој час до дипломирањето и била рангирана како „многу добра“. Ова искуство оставило белег на неа и сега списокот направен од приватно училиште во Мелбурн ѝ ги вратило спомените и чувствата.

- Се чувствувам згрозено. Знам колку често се случува ова. Не сум изненадена. Мислам дека треба да има построги казни за училишните насилници – рекла таа во својата исповед.

Февеја верува дека, како општество, премногу се грижиме за тоа што врз жените постојано се врши насилство, но според неа, одговорот за тоа почнува уште на училиште.

- Казните за мизогино однесување на училиште не се доволно строги. Тоа се „турка под тепих“, под изговорот „момчињата ќе бидат момчиња“, во смисла, незрели момчиња – вели оваа девојка во својата исповед.

Најсмешен крадец во обид: Панталоните ѝ останаа на оградата, се покри со дуксер (ВИДЕО)

Следната приказна доаѓа од чилеанската општина Маипу, каде надзорните камери снимија бизарна сцена.

Во преден план гледаме жена која се обидува да прескокне метална ограда и да влезе во луксузен станбен комплекс. Сепак, работите брзо тргнаа наопаку.

Таа не очекуваше дека панталоните ќе ѝ се зафатат на металните шилци, па следеше „мачна борба на обидот за кражба“, пишува Прото тема.

По две минути останала без делови од облеката и обувките, а интимните делови морала да ги крие со дуксерот.

Локалните медиуми јавуваат дека таа го пребарала дворот и по извесно време заминала.

Останува нејасно што се обидувала да направи, а некои извори наведуваат дека „имала соучесник“.

Прв пат отишла кај момчето на гости, па направила хаос- го парчосала тоалетот (ВИДЕО)

На мрежите повторно се ажурираше приказната за Кенеди Калвел од Ванкувер, а во неа се опишува нејзиното „фијаско“ по првата посета на нејзиното момче.

Девојката објави неколку видеа на TikTok кои „собраа“ милиони прегледи и станаа вирални, пишува New York Post.

@kennedyallegedly Great first impression #boyfriend #poopoo #fml

Кенеди дошла во куќата на своето момче Ник во Торонто за заедно да ги поминат празниците, а недолго потоа побарала да оди во тоалет.

Проблемот настанал кога таа не можела да пушти вода во тоалетот.

„Го отворив резервоарот и ја повлеков рачката. Сепак, ништо не се случи. Кога сфатив дека не можам да го решам проблемот, почна да ме фаќа паника“, рекла таа.

Додека се вртела околу бањата, обидувајќи се да се извлече од непријатната ситуација - и паднал керамичкиот капак! Се разбира, се скрши, а парчиња летаа на сите страни.

„Во шок стоев сред бањата. Се најдов во непријатна, глупава ситуација. Што би можела да направам освен да направам видео на TikTok“, објасни таа.

@kennedyallegedly But seriously what do I do #embarrassing #plumber #awkward #helpme ♬ Monsters, Inc - Gustav Lundgren & Unit

Родителите на нејзиното момче не биле дома, но Кенеди го почувствува притисокот без оглед на тоа.

„Сфатив дека морам да го известам Ник за сѐ што се случи. Не можев да избегам низ прозорецот, ниту да го обвинам миленичето“.

Кога му кажала на момчето што се случило, тој почнал да се смее. Веднаш им се јавил на родителите и рекол дека „случајно го скршил капакот на казанчето“.

Таткото и мајката не се налутиле, а ситуацијата ја дочекаа со насмевка.

„И тие се смееја. Имаат четири сина и се навикнати на дефекти во куќата. Сепак, рекоа дека Ник морал да купи нов капак со свои пари“, изјавила девојката и додала дека се понудила да ја плати штетата.

притисни ентер