Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)
1Серафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднината
2Протест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)
3Епилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровери
Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
2 Роналдо ги напушти подготовките на португалската репрезентација и пристигна во Мадрид, се соочува со суспензија
3Невиден момент на тениски меч: Французин сервираше, па наеднаш си замина- противникот шокиран (ВИДЕО)
3„Вознемирувачки за гледање“: Фановите на Адријана Лима загрижени за нејзиниот изглед, тврдат дека претерала со слабеењето
ЗабаваИсповед на една девојка која проживувала драма - Реакцијата на училиштето е ужасна„Злоставувањето на училиште ме уништи, сите го игнорираа проблемот“.Една популарна австралиска инфлуенсерка споделила свое лично искуство од злоставување на училиште откако дознала дека во нејзиното средно училиште повторно кружи морничав список, сличен на оној што нејзе ѝ го претворил животот во кошмар. Февеја, која денес има 20 години, решила да проговори за своето искуство откако слушнала за списокот направен од момчиња од едно приватно училиште во Мелбурн. На овој список биле оценките на нивните соученички, а бил објавен на платформата „Discord“ и откриен од страна на училиштето. Списокот, исто така, содржел фотографии од ученички, а девојките биле рангирани од најдобри до најлоши, како „сопруги“, „слатки“, „просечни“, „такви со кои би имале односи“. Февеја не била изненадена од овој случај, бидејќи и самата поминала низ слично искуство пред четири години. Кога група момчиња ја рангирале без нејзина согласност, таа била во единаесетто одделение и тоа искуство ја „понижило“. „Ме ставија на слична листа која беше објавена на вести. Бев ставена во категоријата „ку*ви“ – вели Фавеја. Иако тогаш била дете и како што открива, била девица, но штетата веќе била направена. -Три години бев малтретирана, понижувана, вознемирувана и емоционално злоставувана од група момчиња. Моето училиште цело време знаеше за тоа, но не презеде ништо - изјавила таа. Игнорирање на проблемот од страна на училиштето Февеја открива дека ваквото искуство ѝ го променило карактерот. - Се чувствував скршено, се чувствував обезвреднето како жена. Постојаното малтретирање што го доживеав од овие момчиња целосно ми го промени карактерот. Од весела, жива, гласна ученичка, станав плачлива, тивка несреќна. Се чувствував поразено, се чувствував внатрешно повредена – изјавила таа за news.com.au. Злоставувањето било толку лошо што почнала да губи свест од силниот стрес, анксиозност и депресија. Таа тврди дека неколку пати морале да ја однесат во амбулантата за итни интервенции бидејќи ја нашле онесвестена во тоалетот. Оваа девојка побарала советување од училиштето, но како што вели, честопати од таму велеле дека „момчињата ќе бидат момчиња“ и дека мора да се справи со тоа. Иако биле преземени некои чекори за да ѝ се олесни животот, таа наишла на отпор. Ѝ било дозволено да го напушти часот и да оди во канцеларијата на советникот секогаш кога ѝ било потребно, но тврди дека наставниците понекогаш ја одбивале и ѝ велеле дека сè е во ред. Причината поради која често сакала да побегне од училницата била тоа што секогаш била мета на момчињата кои го направиле списокот. – Ме малтретираа, ме навредуваа, ме фотографираа, снимаа, правела лажни профили на мое име, ме демнеа, јавно ме понижуваа, ме нарекуваа со погрдни имиња, го срамотеа моето тело – изјавила таа. Како Февеја го надминала проблемот На крајот од средното училиште, нејзиното семејство било повикано на состанок со училиштето. Тие сметале дека конечно ќе направат нешто во врска со хроничното малтретирање, но наместо тоа им било кажано дека ако Фавеја пропушти уште еден час, нема да дипломира. - Ми рекоа дека не ќе можам да дипломирам поради изостаноците, иако знаеја зошто не присуствувам на наставата – изјавила оваа девојка. Како одговор, Февеја се изборила така што смогнала сили да присуствувала на секој час до дипломирањето и била рангирана како „многу добра“. Ова искуство оставило белег на неа и сега списокот направен од приватно училиште во Мелбурн ѝ ги вратило спомените и чувствата. - Се чувствувам згрозено. Знам колку често се случува ова. Не сум изненадена. Мислам дека треба да има построги казни за училишните насилници – рекла таа во својата исповед. Февеја верува дека, како општество, премногу се грижиме за тоа што врз жените постојано се врши насилство, но според неа, одговорот за тоа почнува уште на училиште. - Казните за мизогино однесување на училиште не се доволно строги. Тоа се „турка под тепих“, под изговорот „момчињата ќе бидат момчиња“, во смисла, незрели момчиња – вели оваа девојка во својата исповед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаСерафимовски до студентите: Бидете генерацијата што преку дигитализацијата ќе ја поврзе земјоделската традиција со иднинатаНовата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината.Новата генерација агрономи, инженери и истражувачи има знаење и потенцијал да ја предводи дигитализацијата на македонското земјоделство и да ги поврзе традицијата во производството, науката и технологијата на иднината, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. „Дваесет години од мојот професионален живот поминав во високото образование. Затоа денес не доаѓам само како министер, туку и како човек кој добро го познава академскиот свет и верува во неговата моќ да создава знаење и да го менува општеството“, истакна министерот Серафимовски. Во своето обраќање тој се осврна на климатските промени, зачувувањето на почвата и водата, безбедноста на храната, недостигот од работна сила и потребата од поголема продуктивност. Министерот Серафимовски нагласи дека одговорите на овие предизвици се во поврзувањето на традиционалното знаење со научните истражувања, иновациите и современите технологии. „Современото земјоделство веќе вклучува сателитски податоци, дигитални карти, сензори, дронови, автоматизирани системи, прецизно наводнување и вештачка интелигенција. Земјоделецот на иднината ќе ја познава земјата, но ќе знае да управува и со податоци. Технологијата нема да го замени човекот, туку ќе му помогне да носи подобри, побрзи и попрецизни одлуки“, порача министерот Серафимовски. Тој посочи дека соработката меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за земјоделски науки и храна ќе се развива како суштинско партнерство преку кое научните сознанија ќе се вградуваат во земјоделските политики и ќе стигнуваат до производителите и компаниите. „Земјоделството е храната на нашите трпези, почвата и водата, животот во селата, животната средина и сигурноста на државата. Затоа не ја чекајте иднината, бидете проактивни и со љубопитен дух создавајте ја преку знаење, наука, технологија, труд и одговорност. Наша обврска е да создадеме услови вашите идеи да се реализираат овде, во нашата татковина“, порача пред студентите министерот Серафимовски, соопштуваат од МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПротест на аеродромот во Приштина- приврзаниците на ОВК ја пречекаа Урсула фон дер Лајен: Денес Тачи, утре Зеленски (ВИДЕО)Пред најавеното пристигнување на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, група Албанци се собраа на аеродромот во Приштина во знак на протест против осудата на поранешните лидери на таканаречената ОВК за воени злосторства.Демонстрантите го блокираа главниот излез од аеродромот, каде што се очекува да помине претседателката на Европската комисија, но таа помина низ излезот за Липљан, објавува „Коха“. Како што е објавено, толпата носеше транспаренти во поддршка на Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Селими, кои беа осудени на вкупно 81 година затвор за воени злосторства од страна на Специјализираните комори во Хаг. На транспарентите пишуваше „Не во мое име“, „ЕУ, нè предаде“ и „Денес Тачи, утре Зеленски“. Фон дер Лајен се сретна во Приштина со вршителот на должноста претседател, Албуљен Хаџиу, а беше најавена и средба со премиерот, Албин Курти. Фон дер Лајен пристигна во Приштина од Тирана, каде што се сретна со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосетата на Фон Дер Лајен ја вжешти политичката реторика меѓу власта и опозицијата 15:00АНБ откри руска пропагандна мрежа во Македонија09:49Прв академски час почнува студиската 2026/2027 година08:35Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
МакедонијаЕпилог од разбиената криминална група во Прилеп: Пронајдени околу 130 илјади евра готовина, запленети луксузни масерати и ленд ровериНе само во Македонија, членовите на организираната криминална група која вчера беше разбиена во Прилеп, имале нелегални активности и во Грција на Халкидики, а еден од нив бил и бегалец од куќен притвор во Шпанија.Министерот за внатрешни работи Тошковски во гостување на Радио Лидер откри дека повеке од една година работеле на овој случај кој резултира со над 20 кривични пријави, меѓу кои и полицајци кои и помагале во криминалните дејствија на групата. Најави дека и понатаму ќе се истражуваат активностите и документите кои се поврзуваат со оваа група која се поврзува со наркотици. пронајдени се околу 130 илјади евра готовина, запленети се десетина возила, меѓу кои и луксузни автомобили масерати и ленд ровери, а постојат сомнежи и за фалсификување на документи и перење пари.. целата шема функционирала над 15 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter