Судењето за „Јавна соба" продолжува на 27 април

Судењето за „Јавна соба" продолжува на 27 април, Обвинителството тврди дека ќе докаже вина кај креаторот и администраторот на групата.

Обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија во предметот „Јавна соба" која е истоимена група која била отворена и користена од повеќе членови преку социјалната мрежа Телеграф, со умисла дозволиле да се направи достапно на членовите на групата содржина со аудио-видео материјал во кој се прикажани полови дејствија со дете.

Ова денеска во Кривичниот суд во воведните зборови го истакна обвинителот Владимир Милошевски на првото рочиште за предметот „Јавна соба" во кој се обвинети Д.К. 32 години и М.П. 22 години. Првиот како основач и администратор на групата, а второобвинетиот како администратор и модератор на групата кои, според обвинителот, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните, визуелните и аудуовизулените соидржини прикачувани од членовите на групата.

-Материјалните докази кои Обвинителството ги прибра ќе докажат дека обвинетите во критичниот период биле корисници на електронски уреди преку кои може да се врши комуникациија на социјалните мрежи, дека во наведениот период ја имале инсталирано наведената апликација на уредите и дека на истата активно учествувале во својства како што се наведени во обвиниението. Обвинителството ќе докаже дека во тој период на наведената сицијална мрежа од страна на нејзин член во групата бил споделен материјал кој содржи очигледен полов акт со дете, посочи обвинителот Милошевски.

Додаде дека ќе докаже дека апликацијата која ја имале двајцата обвинети во своите содржини давале напатствија како и под кој услови може да се користи но и рестрикциите кои апликацијата ги наведува.

-Обвинителството ќе докаже дека умислено и свесно инсталирале апликација, делувале као администор и креаторт на апликацијата на која формирале група „Јавна соба" и ќе докаже дека во групата е споделен аудиовизуелен материјал со полови дејствија на деца. Ќе докажеме дека директно е загрозен половиот морал и дека е загрозена детската слобода и заштита на физичкиот и менталниот идентитет и дигнитет на детето, потенцира обвинителот.

Адвокатите на одбраната пред почетокот на рочиштето побараа одлагање на денешното судење со образложение дека целокупниот доказен материјал не им бил доставен, кој, спооред нив, е во прилог на обвинителниот акт. За прв пат им бил дозволен увид пред два дена, а физички ги добиле вчера и тоа само дел од истите.

Претседателката на судечкиот совет Билјана Коцевска одлучи да се дадат воведни зборови на Обвинителството, а поради причините на одбраната, нивните воведните говори ќе ги дадат на следното рочиште на 27 август.

Бранителите на крајот на денешното судење побараа укинување на притворот за обвинетите, со домашен или јавување во судот, од повеќе фамилијарни и здравствени причини кои ги наведоа, што судот го одби нивното барање.

Во периодот од 19 декември 2019 година до 28 јануари 2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба" на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Но, тие со умисла дозволиле на групата да се направи достапна содржина – аудио-визуелен материјал на кој се прикажани очигледни полови дејствија со дете.

Санкционирани 51 возач за пребрзо возење на територија на СВР Битола

Полициски службеници од СВР Битола денеска од 8 до 13 часот спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 51 возач.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, известуваат од МВР.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираат од МВР.

Секторот за внатрешни работи Битола ги известува граѓаните дека на 1 и 2 август 2021 година (недела и понеделник), поради одржување на прослава по повод националниот празник Илинден во Крушево, ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

-Од тие причини, СВР Битола ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, почнувајќи од 15.00 часот утре, па сè до 22.00 часот на 2 Август, на регионалниот пат Р-1306, делница: Прилеп – Кривогаштани – Крушево – Демир Хисар, како и на регионалниот пат Р-2337, делница: Крушево – место наречено Слива, на уличната мрежа низ градот Крушево и на патеките кои водат кон Мечкин Камен, информираат од полицијата.

За безбедно одвивање на сообраќајот потребно е да се почитуваат сообраќајните знаци, прописи и наредби на полициски службеници, велат од МВР.

Руски „Иљушин-76“ пристигна на помош во Турција за гаснење на пожарите (ВИДЕО)

Авион на руската служба за итни случаи Иљушин-76 слета денеска во Турција за да им помогне на тамошните власти во гаснењето на пожарот што беснее во околината на Анталија.

Три авиони што Русија ги испрати во Турција, од типот Б-200, веќе се во акција и го гаснат пожарот во околината на Анталија.

Еден од авионите денеска го гаснел огнот неколку часа на потегот помеѓу градовите Анталија и Манавгат, објави ТАСС .

Турските власти побарале помош за гаснење на пожарите во близина на населбите и туристичките зони каде што се руските туристи.

Руското Министерство за одбрана и Руската служба за вонредни ситуации одлучиле да одговорат на барањето на Турција за помош со испраќање 11 авиони за гаснење на пожарите.

Пожарите избувнале во средата, недалеку од одморалиштето Манавгат, јужно од регионот Анталија, поради екстремно високите температури, а во четвртокот огнот се проширил и на други области, вклучително и одморалиштата во Ајдин и Мугла.

Со БМВ блокирала противпожарно возило, па добила лекција (ВИДЕО)

Несовесна жена возач можела да биде среќна поради трпението на пожарникарите.

Видеото објавено на Редит уште еднаш покажува колку краткото застанување на патот е непромислен потег. Вклучувањето на сите четири трепкачи не значи дека сте семоќен, особено на улиците каде што автомобилите се веќе паркирани странично, па паркираниот автомобил им пречи на возилата што се обидуваат да го поминат патот.

Оваа жена возач одлучила да го паркира БМВ -то на патот, веројатно мислејќи дека може да се паркира на неколку минути, бидејќи тоа никому нема да му пречи. Токму тогаш, минувале пожарникари, со вклучени сигнални светла и сирена.

Спротивно на очекувањата, пожарникарите одлучиле да почекаат некое време и да ја повикаат сопственичката со сирена, да го отстрани автомобилот и да им дозволат да поминат непречено. По околу една минута, сопственичката, оди спокојно за да седне во автомобилот. Пожарникарите одлучија да ја почестат со соодветна мелодија. Со оглед на сите работи, таа можела да биде среќна за минималното предупредување.

Патем, во претходните случаи, сопствениците на БМВ кои што биле неправилно паркирани и спречиле пожарникарите да пристапат до хидрантот,останале без стакло.

притисни ентер