Суд во Стразбур: Победа на Македонците од Бугарија против официјална Софија

Европскиот суд за човекови права, ја осуди Бугарија поради повреда на правото за здружување , член 11 од Европската конвенција за човекови права, во предметот „Македонски клуб за етничка толеранција во Бугарија“ против Бугарија

Жалителите беа претставени пред Судот од Тони Менкиноски, адвокат кој работи во Скопје, Северна Македонија, додека Владатана Бугарија ја претставуваше В. Обрененов од Министерството за правда.

Според Судот од Стразбур, „нема потреба да се испита дали „ограничувањето" е „пропишано со закон" или има за цел легитимна цел (види Обединета македонска организација Илинден и други (бр. 2), с 32; Јордан Иванов и други, с 40; и Обединетата македонска организација Илинден и други (бр. 3), 33,) затоа што, дури и да претпоставиме дека тоа е случај, тоа не беше „неопходно во едно демократско општество", како што е Бугарија од следниве причини:

Апелациониот суд во Софија го засноваше одбивањето да се регистрира здружението на жалители од две основи. Првото беше дека здружението се залагаше за идејата дека во Бугарија постои македонско етничко малцинство, што значеше дека се обидува да се посвети на такво малцинство – бидејќи тоа не постои во реалноста – и така тоа беше насочено против единството на нацијата. Втората беше карактеризирање на целите на здружението како политички и оттука може да ги следи само политичка партија. Во Обединетата македонска организација Илинден и други (бр. 2) и Јордан Иванов и други, за овие основи е утврдено дека не се доволни за да се оправда одбивањето да се регистрираат слично здружение. Овој случај не претставува значителна разлика. Оттука, има повреда на член 11 од Конвенцијата",заклучува судот од Стразбур.

Судот од Стразбур утврди дека нематеријалната штета претрпена од жалителите заради кршење на член 11 од Конвенцијата може да се покрие со заедничка надомест од 7.500 евра, и имаат обврска да го регистрираат здружението на Македонците во Бугарија.

Поради политиката која го забранува постоењето на македонското малцинство во Бугарија, официјална Софија е под мониторинг на Советот на Европа, и последната пресуда сигурно ќе направи дополнителен притисок врз бугарските власти во односот и кон другите етнички заедници кај источниот сосед, а според адвокатот Менкиноски, оваа пресуда ќе има влијание и врз статусот на останатите организации на Македонците во Бугарија,

Пристигнува уште едно електрично Ауди

Ауди во вторник на 7 јули ќе го претстави електричниот кросовер „Q4 Sportback E-Tron “ концепт.

По минатогодишниот концепт „Q4 E-Tron“, од германскиот произведувач доаѓа и неговата „Sportback“ верзија, со силуета на купе-кросовер.

Ауди премиерата на новото возило ја најави со кратко видео, а повеќе детали за овој концепт ќе се дознаат утре.

Во краткото видео се гледа дека предниот дел од концептот „Q4 Sportback E-Tron “ е сличен ако кај регуларниот „Q4 E-Tron “, а двете возила ќе се разликуваат по задниот дел и линијата на кровот која кај новата верзија ќе биде закосена.

Ауди „Q4 Sportback E-Tron “ концептот најавува идна продукциска верзија која би требало да биде претставена 2021 година.

Спасовски: Масовно на избори на 15 јули во нови победи за Македонија и младите, тие нека се обновуваат во својата партија

„И средношколците и студентите добија домашна платежна картичка, бидејќи сега е моментот да се помогне.“

„ Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално. Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.

Мораме да излеземе и да гласаме, да дојдеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите" повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Земјотрес од 4,6 степени го погоди Авганистан

Земјотрес со јачина од 4,6 степени вечерва го погоди Авганистан околу 20:40 часот по локално време.

Епицентарот на потресот се наоѓал на 14 километри северозападно од Кабул на длабочина од 7,4 километри, соопштено е од Евромедитеранскиот сеизмолошки центар.

За сега нема информации за повредени лица или причинета материјална штета.

притисни ентер