Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати
2Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати
ФудбалСуарез останува во Барселона до 2022 годинаФудбалерот на Барселона, Луис Суарез ќе го продолжи договорот со шпанскиот шампион до 2022 година, потврди денеска претседателот Жозеп Мариа Бертомеу.- Се согласивме за нова соработка со Суарез. Се е завршено, преостанаа само мали детали, но за неколку дена и официјално ќе го објавиме новиот договор, истакна Бартомеу. Тој додаде дека сакал подолг договор со Уругваецот, иако за пет години Суарез ќе има 35 години. Членот на „убиственото“ трио од нападот на Барселона, за две и пол години има постигнато 65 голови, освоено по две титули во Пример и Кралскиот куп и еден трофеј во Лигата на шампионите. Претходно Суарез настапуваше за Ливерпул, Ајакс, Горнинген и Насионал.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХеликоптерска несреќа во Индија: Леталото исчезна од радаритеХеликоптер со шест лица исчезна за време на лет од Бадринат кон Дехрадун, во индиската држава Утараканд.Спасувачките екипи го пребаруваат непристапниот планински терен. Засега не е познато дали има преживеани. Спасувачите ја насочуваат потрагата во близина на Џошимат, во округот Чамоли во Утараканд, каде што се верува дека леталото се урнало. 🔺🇮🇳💥: An Indian helicopter in Uttarakhand crashed while 6 people onboard. The pilot was Ex-IAF Officer. https://t.co/2O54zqthTG — Tactical Tribune (@TacticalTribun) October 30, 2026 Според извештаите, хеликоптерот полетал од хиндуистичкото место Бадринат во петокот попладне, и покрај тоа што паѓал снег. Судбината на лицата во леталото останува непозната, а властите допрва треба да ја утврдат причината за несреќата. Во текот на денот во регионот биле забележани обилни дождови и слаба видливост. На сила е портокалово предупредување за временските услови, при што властите предупредуваат на можност за невреме со грмотевици и град. Утараканд е држава на Хималаите, која граничи со Кина и Непал, и во неа се наоѓаат некои од најсветите хиндуистички светилишта. Секоја година овој регион го посетуваат милиони верници, а сè поголем број од нив користат хеликоптери за патување меѓу храмовите. Во потрагата се вклучува и војската Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дами, изјави дека е во тек голема операција за пребарување, во која е вклучена и војската. A helicopter returning from Badrinath has crashed near Chai village. Six people, including the pilot, were on board. Bad weather and heavy snowfall are suspected to have caused the crash. https://t.co/fDqQ5r0ep9 — JF-17 Lover (@Armed_Update) October 30, 2026 „Внимателно ја следам ситуацијата“, рече тој. Локалните власти соопштија дека хеликоптер на компанијата „Trans Bharat Aviation“, со регистрациска ознака „VT-HCX“, летал од Бадринат кон Сахастрадара во Дехрадун. Полетал околу 13:14 часот, по што бил пријавен за исчезнат. Според извештаите, леталото ја изгубило комуникацијата додека летало над долината Џошимат. Во исто време, престанал да функционира и системот за следење, па затоа точната локација сè уште не е утврдена. Сите шест лица во хеликоптерот биле мажи. 🚨🇮🇳 #BREAKING : HELICOPTER CRASHES NEAR JOSHIMATH A Trans Bharat Aviation chopper carrying five passengers and a pilot crashed near Chayi village while returning from #Badrinath. Wreckage has been found in rugged terrain. All six aboard are feared dead. #Joshimath #India https://t.co/F9rIkm6LcC — GlobeUpdate (@Globupdate) October 30, 2026 Тагови: Индија хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултатиЗа Сиљановска-Давкова климатските промени не се само прашање на заштита на природата, туку системска криза што ги погодува сите сегменти на општеството и бара итност, одговорност и заедничка акција.Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. За Сиљановска-Давкова климатските промени не се само прашање на заштита на природата, туку системска криза што ги погодува сите сегменти на општеството и бара итност, одговорност и заедничка акција. Таа ја нагласи важноста од брзо усвојување на Законот за климатска акција, кој, како што истакна, е еден од најважните документи во реформската агенда поврзана со ЕУ, а за кој е добиено зелено светло од Европската Комисија во однос на усогласеноста со европското законодавство. Во пресрет на COP31, во Анталија, каде што претседателката ќе ја предводи македонската државна делегација, таа порача оти треба да настапиме со јасни национални приоритети, подготвени проекти и конкретно дефинирани потреби за финансирање. Според неа, Конференцијата е можност не само да ги артикулираме нашите приоритети, туку и да покажеме дека сме подготвени климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова. „Почитуван постојан претставник на УНДП, Ценети министри, Почитувани присутни, Чест ми е да ве поздравам на овој национален дијалог во пресрет на Конференцијата на страните, СОР31 во Анталија. И годинава, за жал, климатскиот самит ќе се одржи во услови на геополитички тензии и воени конфликти. Звукот на оружјето одекнува насекаде во светот. Во 2024 година, војните однесоа околу 239.000 животи, што е највисокиот годишен број во последниве години, според Стокхолмскиот меѓународен институт за истражување на мирот - SIPRI. Но, среде разурнувањето, една жртва останува речиси невидлива, а нејзиното страдање сѐ повеќе се потиснува на маргините на вестите и насловните страници. Таа жртва е нашата планета, нашиот единствен дом што го уништуваме. Жртвата е игнорирана, исто како и самата војна на човештвото против природата. А таа војна е однапред изгубена. Да потсетам. Емисиите на стакленички гасови ја загреваат нашата планета, а последиците од климатските промени се одвиваат пред нашите очи. Летото 2026 беше едно од најтоплите во Европа. Се проценува дека само на нашиот континент околу 50.000 луѓе починаа поради високите температури. Топлотните бранови предизвикаа суши и го намалија водостојот на големите реки, вклучително и Дунав. Недостигот на вода го наруши производството на енергија, а во Унгарија дури го ограничи и работењето на нуклеарната централа. Последиците се надоврзуваат една на друга: еколошкиот проблем прераснува во енергетски предизвик, создава економски притисок и ја загрозува нашата - човековата безбедност. Затоа климатските промени не се само прашање на заштита на природата. Тие се системска криза што ги погодува сите сегменти на општеството. И бараат од нас итност, одговорност и заедничка акција. Мојата, нашата држава, се наоѓа во еден од климатски најранливите региони на светот, Медитеранот. Извештајот на Светската банка за климатските промени и развојот кај нас предупредува дека загубите од катастрофи и екстремни климатски настани во претходните 20 години се проценуваат на 667 милиони американски долари. Без инвестиции во адаптација, годишните очекувани штети би можеле да достигнат 4% од БДП до 2050 година. Овие бројки не се само економски показатели. Тие се предупредување за ресурсите што можеме да ги изгубиме, за развојните можности што можеме да ги пропуштиме и за човечката цена со којашто не смееме да се помириме. Македонските граѓани и македонската економија веќе ги чувствуваат последиците. Да ги споменам сушите, поплавите, шумските пожари, аерозагадувањето, коишто ги намалуваат приносите од земјоделството и го загрозуваат нашето - здравјето на луѓето. Ако ризиците се познати, ако последиците се мерливи и ако превенцијата е можна, зошто сè уште дејствуваме најчесто дури откако штетата ќе настане? Токму овие прашања беа во фокусот на тематската седница „Климатски промени, ризици и предизвици“, што се одржа на 7 април годинава во мојот Кабинет. Мнозина од нив ги гледам овде и учам од нив. Денес ме радува што меѓу нас се и дел од учесниците од научната и експертската јавност, кои тогаш ги анализираа климатските промени и ризиците од повеќе агли и понудија сеопфатен пристап кон решавањето на овој проблем и предизвик. Од нивната дискусија, ќе издвојам три прашања што бараат конкретна институционална реакција. Прво, националниот удел. Во светски рамки, македонскиот удел кон емисијата на стакленички гасови, а со тоа и кон глобалното затоплување, е занемарливо мал. Но, на национално и локално ниво, овој удел претставува сериозен здравствен, економски и безбедносен ризик. Малите држави, како нашата, незсразмено повеќе ги чувствуваат последиците. Затоа, ние не смееме да правиме компромиси со иднината. Второ, законската рамка. Предлог-законот за климатска акција, мислев и сѐ уште мислам, е еден од најважните документи во реформската агенда поврзана со ЕУ. Пред два дена добивме зелено светло од Европската Комисија дека е усогласен со европското законодавство. И тоа мене ме радува. Без навремена и предвидлива законска рамка не може да има ефикасна превенција. Затоа, законот за климатска акција мора да биде усвоен што е можно поскоро. Но, иако е неопходна, добрата законска рамка сама по себе не е доволна. Покрај превенцијата, мора посветено да работиме и на адаптацијата кон климатските промени и на јакнењето на отпорноста на државата. Во таа насока, на тематската седница беше предложено воспоставување Национален интегриран мултихазарден информативен систем за превенција од катастрофи, како стратешки национален проект. Здравиот разум ни кажува дека, како мала држава со ограничени ресурси, не смееме да ги расфрламе јавните средства, ниту да дозволиме секоја институција одделно да набавува исти или слични системи. Наместо да дуплираме и да создаваме паралелни капацитети, треба да ги поврземе и да ги надградиме постојните, за ресурсите да ги користиме поефикасно и поодговорно. Таквиот интегриран пристап би овозможил подобро искористување на достапните податоци, навремено предупредување и поефикасна реакција при топлотни бранови, суши, бури, поплави и шумски пожари. Зад оваа иницијатива стои едноставна, но суштинска цел: подобро да ги заштитиме човечките животи, имотот и безбедноста на македонските граѓани. Предупредувањето што не стигнува до граѓанинот навреме не ја исполнува својата цел. Сепак, и законите и системите ќе дадат резултат само ако зад нив стојат потребните ресурси и ако има континуитет во спроведувањето. Успешната адаптација кон климатските промени не зависи само од политичките заложби, туку и од обезбедувањето предвидливи и одржливи финансиски средства. Решенија постојат, а достапни се и европски и меѓународни механизми за финансирање, техничка поддршка и трансфер на технологии. Нашата задача е активно да ги користиме. Тоа значи да подготвуваме квалитетни проекти, да ги поврземе науката, институциите, општините и приватниот сектор и да обезбедиме инвестициите да носат јасни и мерливи резултати. Во пресрет на COP31, треба да настапиме со јасни национални приоритети, подготвени проекти и конкретно дефинирани потреби за финансирање. COP31 треба да биде можност не само да ги артикулираме нашите приоритети, туку и да покажеме дека сме подготвени климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати. Затоа, да го искористиме овој дијалог за да преминеме од заложби кон обврски, од планови кон инвестиции и од реакција кон превенција. Науката може да ги препознае ризиците. Стручната јавност може да понуди решенија. Но државата мора да создаде услови тие да станат реалност. Нашата обврска денес не е повторно да докажуваме дека проблемот постои, туку да се договориме што ќе преземеме, кој ќе биде одговорен за што и со кои средства. Драги пријатели, За да се случат суштински промени, најважно е да се промени начинот на размислување. Од политичарот до бизнисменот, од новинарот до работникот, секој мора да знае дека не смее да ни биде судбина грст луѓе, водени од краткорочни економски интереси, користејќи ги празнините, да не речам дупките во процедурите за брза заработка, да ја затемнуваат иднината на секој граѓанин што живее во мојава и во вашата земја. Дека тоа не е непроменлива судбина, мора да ги учиме децата од најмала возраст, преку нашиот образовен систем. Во оваа област никој не е виновен, секој сноси вина. Некој со чинење, а некој со нечинење. Ниту бизнисменот што заради профит не ги почитува правилата, ниту надлежните државни инспекциски служби што не секогаш вршат соодветен инспекциски надзор, ниту родителите што не го учат своето дете дека не смее да фрла отпадоци низ прозорецот на автомобилот, ниту новинарот што не ги држи овие прашања доволно во фокусот на јавноста. Сите ние, сите сме виновни и токму затоа сите мора да бидеме дел од решението и да бдееме над неговото спроведување. И, со сето тоа, да изградиме општествен договор со природата, односно, она што еден умен француски филозоф Мишел Сера го нарече природен договор, со којшто природата ќе ја третираме како наш партнер, а не како противник. Ви благодарам.“Тагови: Гордана Сиљановска-Давкова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотХакери украле 6,3 милијарди долари од Бајненс, најголемата светска берза за криптовалутиСамо дваесетина минути им биле доволни на хакерите за украдат криптовалути вредни 6,36 милијарди долари од најголемата светска криптоберза „Бајненс“. Нападот, кој се случил вчеравечер се смета за една од најголемите кражби во историјата на криптовалутите. Според анализата на компанијата „ТРМ ЛАБС“ зад кражбата стои севернокорејска хакерска група, која украдените средства ги пренасочила кон дигитални адреси под нејзина контрола. Од компанијата „Бајненс“ соопштија дека нападот бил овозможен поради компромитиран компјутер на вработен, но истрагата која се уште е во тек, открила и други точки на пробивање. Од компромитираните средства, до сега се замрзнати околу три милијарди долари, а од компанијата уверуваат дека ќе бидат покриени сите загуби на корисниците. Експертот за пазар на капитал Иван Ивановски, вели дека за разлика од акциите криптовалутите овозможуваат директен пренос на средствата, што ги прави поизложени на вакви злоупотреби. - Заради тоа е битно луѓето да сфатат инвестирањето во акции каков ризик носи, а инвестирањето во крипто каков ризик носи. Зборам од оваа страна, за безбедносен, заради тоа што, пак ќе повторам, акциите се чуваат и кај инвестицискиот фонд, и кај депозитарната банка. Ние така функционираме. И во случај едниов субјект или другиот и да биде хакиран, повторно не може. И плус, кај криптото вие може да испратите средства на било која адреса, додека кај инвестирањето во акции само лицето што ги инвестирало средствата, само може тоа исто лице назад да ги повлече средствата,- Иван Ивановски – експерт за пазар на капитал. Бајненс е една од најпопуларните криптоплатформи и меѓу македонските граѓани, но Ивановски вели дека нема прецизни податоци за тоа колку домашни корисници се засегнати од нападот. За поголема заштита при чувањето на криптовалутите, Ивановски препорачува користење на физички дигитални паричници кои не се поврзани на интернет. - Едното од решенијата е да користат cold wallet. Тоа е, уствари, нивен физички дел и не е врзан со интернет. На тој начин е побезбедно да се чуваат средствата, не кај менувачниците. Но, ова е случај... изолиран случај што може да се случи на секој, но тука голема е грешката и заради самото тоа што криптото е толку отворено, може директно да се трансферираат средствата,- Иван Ивановски – експерт за пазар на капитал. Нападот предизвика потрес и на криптопазарот. Биткоинтот и етериумот паднаа за околу 5%, а криптовалутата поврзата со Бајненс, БНБ загуби 7% од вредноста..Аналитичарите предупредуваат дека последиците врз довербата на ивеститорите може да се чувствуваат подолг период. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook