3ВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?
ЖивотСтудентка на Кембриџ паднала низ врата од мал авион Британските медиуми известуваат за смртта на 19- годишната студентка на престижниот Универзитет Кембриџ, која паднала низ отворена врата од авионот од визина од 1 500 метри.Алана Кутланд била на студиско патување на Мадагаскар , кога паднала низ отоврената врата на авионот Цесна , по само 10 минути од полетувањето. Се смета дека студентката од местото Милтон Кејнс, паднала во ненаселена област на африканската савана. Нејзиното тело сè уште не е пронајдено, иако локалните власти почнале со големо пребарување. Засега е нејасно како Алана паднала од авионот, во кој имало пилот и уште еден сопатник. Дејли Мејл, повикувајќи се на неименуван полициски извор, јавува што најверојатно се случило во леталото. Младата студентка, наводно, насилно да ја отворила вратата на авионот додека шокираниот пилот и другиот патник ја гледале. Британскиот таблоид известува и дека Алана честопати се расправала со нејзините родители во деновите пртед смртта. Нејзиното семејство вели изјави дека веста смртта на Алана ги уништила.Тие посочуваат дека таа била паметна и независна млада девојка, талентирана танчерка, сакана од сите што ја познавале. - Алана ја прифаќаше секоја можност со голем ентузијазам и авантуристички дух, секогаш во потрага по начин да ги продлабочи своите знаења и искуство на најдобар можен начин. Таа беше особено возбудена за следниот чекор во нејзиното образование, стажирање во Мадагаскар, со што сакаше да ги насочи своите студии за природни науки, се вели во соопштението од семејството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерот за Европа на Франција, Бенжамин ХададНа маргините на Самитот на лидерите на Берлинскиот процес, што се одржува во Црна Гора, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со министерот за Европа на Франција, Бенжамин Хадад.Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, европската перспектива на нашата земја и поддршката од Франција на нашиот европски пат. Министерот Муцунски ја истакна цврстата посветеност на Владата на реформските процеси и полноправното членство во Европската Унија, како и потребата од забрзување на процесот на европска интеграција. На средбата беа разменети мислења и за актуелните регионални случувања и за улогата на нашата земја како одговорен и конструктивен партнер во регионот и пошироко во Европа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп најави крај на војната во Украина: „Поблиску сме од било кога “ Крајот на војната во Украина се приближува, „можеби поблиску од кога било досега“, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп.Одговарајќи на прашање од новинарите во Белата куќа за тоа како Русија го ослободила Американецот Стивен Хабард, Трамп изјави дека тоа е резултат на директни разговори со рускиот претседател Владимир Путин. „Побарав да го ослободат Стивен Хабард, и тој сега е на пат кон дома. Не дадов ништо за возврат“, рече Трамп. На прашањето дали е соодветно што специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, го нарече Путин „хуманитарец“, Трамп одговори дека тоа било кажано „во тој конкретен контекст“ и додаде дека тој лично „не би зазел страна“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи?По дебаклот во Брвеница Филипче го снема, а СДС слави пораз, дали Филипче замина на „одмор“ во Дубаи или на јахтата на менторот Заев по нови инструкцииПо изборниот дебакл во Брвеница, Венко Филипче го снема од медиумскиот простор. Додека претходно речиси секојдневно Филипче држеше прес-конференции, сега го нема никаде. СДС на предвремените локални избори во Брвеница, е со пад од 8% во однос на минатите избори во 2025 година, а СДС на чело со Филипче слави пораз од 4 спрема 1 на избори. Очигледно, резултатите и не се за славење, па Филипче отиде на „одмор“ или по инструкции од менторот Заев. Каде е Филипче дали замина на јахтата на Заев во Егејското Море или на одмор во Дубаи? Наместо да излезе пред јавноста и да понесе одговорност за резултатите на СДС, Филипче молчи. По ваков изборен пораз, Филипче бега од соочување со реалноста. Во Брвеница, СДС доживеа убедлив пораз од ВМРО-ДПМНЕ, со резултат од 4 спрема 1. Тоа е вистинската слика за политиката што ја води Филипче и за состојбата во која се наоѓа СДС под негово раководство. Под водство на Филипче, партијата се соочува со сериозно политичко маргинализирање. Кога резултатите се лоши, лидерот треба да излезе пред јавноста, а не да исчезне од медиумите. Му посакуваме на Филипче уште многу вакви „успеси“ како оној во Брвеница. Ако ова е неговата визија за победа, тогаш СДС има сериозна причина да се загрижи за својата политичка иднина. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook