3Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ЖивотСтрумички Марко Цепенков половина век неуморно ја собира народната мудростЗа себе вели дека не се чувствува како Марко Цепенков, туку како Иван Котев, но признава дека Цепенков му е идол.Со промоцијата на последната, тринаесетта книга насловена како „Араптази", пензионираниот професор по македонски јазик Иван Котев (80) од Струмица одбележа половина век макотрпно собирање, дешифрирање, средување и печатење на вековната народна мудрост. Првата песна ја запишал на 13 јануари 1970 година во селото Босилово. Неа му ја пеел Тодор Митов Донев. Првата приказна ја запишал во 1971 година во селото Дражево, а му ја раскажала Ѓурга Ѓузелова. За себе вели дека не се чувствува како Марко Цепенков, туку како Иван Котев, но признава дека Цепенков му е идол. Ги додава и браќата Миладиновци, Кузман Шапкарев и други кои го дале и својот живот собирајќи народни умотворби, кои, според него, се показ и доказ за духот на нашиот народ. Во својата последна книга ги собрал македонските народни волшебни приказни исклучиво од Струмица и Струмичко. -Тоа се оригинални приказни запишани лично од мене и нема позајмување од други извори. Книга со приказни во која се содржат оригинални мотиви од кои некои дури ги нема и во светската литература. Јас сум многу среќен што ја промовирав мојата книга „Араптази" која содржи 96 приказни на 530 страници и ќе претставува едно убаво свежо и навистина корисно четиво и за децата и за возрасните, вели Котев. Книгата ја промовираше д-р Ана Витанова Рингачева, која истакна дека јазикот и книжевноста имаат своја меморија и дека го памтат сето она што е заборавено во секојдневниот живот. -Со оваа книга на нашиот Иван Котев, македонската фолклористика добива референца, која на виделина ги вади блескавите бесценетости кои ги крие струмичката почва. Заради зачуваниот автохтон убав струмички дијалект оваа книга е навистина грамадна. Затоа, „Араптази" ја ставам во редот на најголемите потфати на македонската современа наука, рече Витанова Рингачева. Котев смета дека не е лесна работа да се напише една книга и бара макотрпна работа и залагање, но потешко е издавањето на собраните материјали. -Оваа година ако је немав помошта од директорот на НУЦК „Антон Панов" од Струмица, Ванчо Ристов Патриков, веројатно немаше ништо да издадам. Пет години по ред барам средства од Министерството за култура, но сум одбиван со образложение дека не препознале национален интерес, а во приказните нема ниту нации, ниту држави, ниту имиња на главните актери. Тешко е да се издаде, но, ете, ако човек е трпелив, тактичен, ако работи, тогаш успехот на крајот се наградува, објаснува професорот Котев. Нема спонзори за издавање на своето творештво, бидејќи, како што вели не знае да ги бара, но најважно е да има интерес за зачувување на македонското народно творештво. -Тоа е капитална работа, на која нашите политичари и научници треба да посветат посебно внимание, бидејќи народното творештво и фолклорот е рожба на народниот дух, на нашиот народ од сите слоеви. Приказните се кажувани во овчарските колиби, по планините, на нивите во полето, во царските палати, во трговските центри, секаде кадешто се нашол човек кој знае да раскаже приказна. Тие се кажувале и се пренесувале од колено на колено и така допреа до нас за да ги ставиме меѓу кориците и да останат во аманет на нашите деца, внуци и правнуци. Да знаат дека оваа земја имала раскошни духови, имала паметни луѓе, кои знаеле да напишат, кои знаеле да кажат и да прераскажат. Тоа е голема работа. Секој не знае да раскажува приказни, бидејќи тоа е една вистинска уметност, подвлекува Котев. Со последната објавена книга не ја завршил својата мисија. Има уште многу за објавување. -Имам уште 200 приказни, илјада песни и над 20 илјади поговорки и пословици, кои чекаат да бидат ставени на показ пред јавноста. Тоа е едно огромно богатство, кое треба да се објави. Сега работам на народните љубовни песни од Струмица и Струмичко, кои се исто така во голем број. Работам и на поговорки и пословици, кои ќе бидат втор дел од делото „Мудроста на вековите". Имам песни за и празниците и обичаите. Имам материјал, имам работа за уште најмалку три книги. Подготвена ми е книгата со песни од Првата светска војна. Иако е мала книгата и не треба поголеми средства, но ете не стигнувам да ја објавам, рече на крајот неуморниот собирач на народната мудрост. Круната на своето полувековно творештво ја очекува идната година во мај, кога треба да се одржи симпозиум по повод неговата педесетгодишна собирачка дејност. Дотогаш модерниот струмички Марко Цепенков продолжува со полна сила да го собира големото народно творештво и да го чува за идните генерации./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаНема парно греење во Кисела вода- реагираат револтирани жители Во нашата редакција се обрати Скендер Мехмет од Кисела вода, кој во име на станарите тврди дека во два влеза од нивната зграда нема парно греење. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Ви се обраќаме како очајни, револтирани и крајно разочарани граѓани, кои повеќе од 24 часа се оставени без парно греење, без конкретно објаснување и без никаква информација кога проблемот ќе биде решен. Од вчера, 07.11.2026 година, пред 09:00 часот, становите со броеви 17, 18, 19, 20 и 21 во влез 1 и истите станови во влез 2, на ул. Локов бр. 5 во Скопје, Кисела Вода, немаат парно греење. Во зградата живеат мали деца, повозрасни и болни лица, семејства кои се принудени да престојуваат во студени станови. Дел од нас веќе се разболени, а ситуацијата станува сè понеподнослива. ДАЛИ ВО 2026 ГОДИНА Е НОРМАЛНО СЕМЕЈСТВА ДА БИДАТ ОСТАВЕНИ БЕЗ ГРЕЕЊЕ СРЕДЕ ГРЕЈНА СЕЗОНА?! Од вчера досега, станарите имаат направено повеќе од 20 телефонски пријави. На секоја пријава го добиваме истиот одговор: „Ќе биде постапено во најбрз можен рок.“ Поминаа повеќе од 24 часа, а тој „најбрз можен рок“ очигледно нема крај! Никој не ни кажува што е проблемот, дали воопшто некој работи на негово решавање и уште колку време треба да поминеме во студени домови. Се чувствуваме целосно игнорирани и оставени сами на себе! Токму затоа, во овој мејл ги вклучуваме и медиумите. ПОЧИТУВАНИ ПРЕТСТАВНИЦИ НА МЕДИУМИТЕ, ВЕ МОЛИМЕ ЗА ПОМОШ! Ве замолуваме да ја објавите нашата ситуација, да побарате одговори од надлежните и да ни помогнете нашиот глас конечно да биде слушнат. Не бараме ништо повеќе од основни услови за нормален живот. Не бараме привилегии. Бараме греење во сопствените домови, услуга за која редовно плаќаме! Жално е што сме доведени во ситуација да молиме медиуми за помош за нешто што треба да биде најнормална обврска на надлежните служби. До надлежните: Колку пријави се потребни за конечно да реагирате? Колку часа треба да поминат? Дали треба нечија здравствена состојба сериозно да се влоши за да ја сфатите ситуацијата сериозно? Бараме ИТНО воспоставување на греењето, јавно објаснување за прекинот и конкретен одговор кога проблемот ќе биде решен. Апелираме до медиумите да не го игнорираат овој повик. Очајни сме, изморени од празни ветувања и немаме намера повеќе да молчиме!“ Загрижени станари од ул. Локов бр. 5, Скопје Влез 1 и влез 2 Скендер МехметКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државатаСДС и Венко прво да научат кој е надлежен за банките во државата, а одма по тоа да излезат од шаблонот за криминал на Заев .Во СДС прво треба на научат кој за што е надлежен во државата. Јасно е дека во нивно време немаше линии во поделбата на власта па беа по старото ‘кадија те тужи, кадија те суди’, но еве потсетување дека Народната банка и гувернерот се институцијата која носи одлуки во рамките на своите надлежности за банкарскиот систем. Алта банка е увезен проблем и не може СДС од ракав да даваат вакви изјави, прво немаат кредибилитет, второ очигледно ги знаат основните надлежности на ниедна институција. Но Заев правеше така, па нив им е всадена таа матрица и гледаат низ истата призма, имаат двојни стандарди, а можеби како што беше за Еуростандард така и за Алта на сон им доаѓаат сценаријата. Од партијата на Венко сега пак гледаме обиди за создавање на искривени перцепции, дека проблемот можел да се прелее во сите банки, иако од надлежните има транспарентна комуникација и се работи на решение, а гувернерот порача дека граѓаните нема да бидат оштетени. Ама лица од СДС на телевизиски настапи настапуваат со однапред подготвена програма за ширење паника и повторно спинување на изјави во јавноста за оваа тема како и секоја останата да можат да ја искористат. СДС се симбол за нестабилност, криминал и афери и свесно користат теми од јавен интерес за да создадат чувство на нестабилност со вакви неосновани тврдења. Им порачуваме на СДС да престанат со обидите за политичко профитирање, има надлежни кои работат на решение, деструктивноста на СДС не им треба на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНов инцидент во Краков: Полицијата пукала на човек кој со нож во рака шетал по улица Ноќеска кратко по 3 часот, полицијата во Краков отвори оган врз маж (23) кој одел со нож во рака во југозападниот дел од градот, неколку часа откако во масовното пукање во тој град беа убиени девет лица, соопшти локалната полиција.Портпаролката на полицијата во Малополска, Катаржина Цисло, изјави дека по пристигнувањето на местото на настанот, полицајците испукале предупредувачки истрели, а потоа еден од полицајците испукал еден истрел кон мажот, но промашил, пренесува RMF24. Цисло нагласи дека инцидентот што се случил преку ноќ не е поврзан со пукањето што се случило вчера на Главниот плоштад во Краков, каде што биле убиени шест лица, додека истиот напаѓач претходно убил уште три лица, чии тела биле пронајдени во неговиот стан. Никој не е повреден во инцидентот синоќа, а мажот го испуштил ножот откако биле испукани истрелите, бил уапсен и однесен во болница. Првичните полициски наоди укажуваат дека уапсениот маж бил психички растроен.Тагови: краков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook