Струмица поведе со 2-0 во финалната серија - Канал 5

Струмица поведе со 2-0 во финалната серија

Одбојкарите на Струмица се наоѓаат на една победа до одбрана на титулата откако синоќа во вториот натпревар од финалната серија го победија Сушево.

Струмица поведе со 2-0 во финалната серија
Шампионот Струмица за разлика од првиот дуел кога победи со 3:2 во сетови, во вториот славеше со 3:1 (90:71 на поени).

Првиот сет Струмица го доби со 25:16, а во вториот беше 25:19. Во третиот сет Сушево намали откако го доби сетот со 25:15, а во следниот сет беше 25:11.

Следниот натпревар од финалето на плеј офот се игра на 30 април, а во сабота Струмица и Сушево ќе играат и во финалето на Купот. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Иџе повторно ги поместува границите – Македонија добива нова причина за гордост

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе.

Ристовски: Иџе повторно ги поместува границите – Македонија добива нова причина за гордост

Министерот за спорт Борко Ристовски заедно со премиерот Христијан Mицкоски, денеска присуствуваше на промоција на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе, со кое тој ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона.

Настанот, кој се одржа на Водно, означи почеток на едно ново поглавје во кариерата на македонскиот автомобилист кој со години е синоним за врвни резултати, професионализам и промоција на Македонија на европските патеки.

Министерот Ристовски истакна дека успесите на Игор Стефановски се инспирација за младите генерации и доказ дека со посветеност, дисциплина и упорност македонските спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите во Европа.

-Иџе со години е еден од најсилните амбасадори на македонскиот спорт. Секој негов настап е промоција на нашата држава, а секој негов успех е успех на Македонија. Министерството за спорт ќе продолжи да ги поддржува спортистите кои со својата работа, резултати и професионален однос ја афирмираат државата на меѓународната сцена. Верувам дека и оваа сезона ќе донесе нови победи и ќе испише уште едно значајно поглавје во историјата на македонскиот автомобилизам - изјави министерот Борко Ристовски.

Новото натпреварувачко возило претставува значаен чекор во кариерата на Игор Стефановски – Иџе и е дел од подготовките за новите предизвици на европската сцена, каде што македонскиот шампион и оваа сезона ќе се бори за највисок пласман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“

Со вокален раскош,  пијанистичка виртуозност и уметничка енергија, „Охридско лето“ го одбележа својот 66. роденден. 

„Вокален и пијанистички огномет“ за роденденот на „Охридско лето“

Во прекрасната „Света Софија“ каде и започна приказната за „Охридско лето“, фестивалската публика имаше можност да ужива во впечатливиот настап на Мајан Лихт, контратенор од Израел и Пшемек Виницки, пијанист од Полска, уметници кои со својата интерпретација донесоа посебна енергија и уметничка емоција на фестивалската сцена.

-Роденденот на „Охридско лето“ секогаш е посебен момент за нас, затоа што го славиме она што е суштината на фестивалот – уметноста, врвните уметници и публиката. Годинава овој значаен ден го одбележавме со два исклучителни уметници, Мајан Лихт и Пшемек Виницки, кои приредија концерт исполнет со виртуозност и емоција. Особено ми е драго што и оваа година роденденската вечер беше пред полна „Света Софија“ и што публиката заедно со нас го сподели овој убав момент. Тоа е најголемата потврда дека традицијата на „Охридско лето“ продолжува да живее, вели директорот на „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски.

Лихт, еден од највозбудливите вокални уметници на денешницата, со својот специфичен глас и впечатлива сценска интерпретација донесе несекојдневна музичка енергија. Неговата вокална виртуозност дојде до израз во внимателно одбраната програма, која ги обедини барокот, романтизмот и познатите оперски нумери.

-Се радуваме што настапуваме на 66. Роденден на „Охридско лето“. Станува збор за култен фестивал што постои толку многу години и на кој секоја година доаѓаат врвни уметници, а тука сме и ние, изјави талентираниот Лихт по завршувањето на концертот.

Во акустичниот амбиент под сводовите на црквата одекнаа дела од Хендл, Броши, Глинка, Шимановски, Персл и Бизе, меѓу кои „Ombra mai fu“, „Venti, turbini“, „Lascia ch’io pianga“, „The Cold Song“ и „Хабанера“ од „Кармен“.

Посебен дел од вечерта беше посветен на пијанистичката виртуозност. Пшемек Виницки се претстави со дела од Менделсон и Бетовен, меѓу кои и прочуената „Патетична“ соната, внесувајќи дополнителна динамика и раскош во роденденската концертна програма.

Роденденската вечер во „Света Софија“ заврши со долг аплауз од публиката, која со воодушевување ги поздрави уметниците и нивната извонредна изведба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Салах претставен во својот нов клуб, ќе заработува 17 милиони евра годишно

Досегашната ѕвезда на Премиерлигата и Ливерпул, 34 годишниот Мохамед Салах беше претставен како нов играч на Трабзонспор. 

Салах претставен во својот нов клуб, ќе заработува 17 милиони евра годишно

Трансферот на легендарното египетско крило во Трабзонспор претставува неочекуван потег, со оглед на тоа што во изминатите месеци тој главно се поврзуваше со клубови од Саудиска Арабија и со Бешикташ.

Приказната за Трабзон се појави неодамна, а работата брзо беше завршена. Поранешниот фудбалер на Ливерпул – со кого клубот спогодбено го раскина договорот – ја даде својата прва изјава за веб-страницата на Трабзонспор. „Трабзон, дали сте подготвени? Ве слушам. Се гледаме наскоро“, рече Салах.

Трабзонспор се смета за четвртиот најголем турски клуб, покрај истанбулските гиганти Фенербахче, Галатасарај и Бешикташ. Минатата сезона тие завршија на третото место и ќе играат во квалификациите за Лигата на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер