Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови
Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
1Димитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни парови
2Герасимовски: Санација на покривот на „Димитар Миладинов“, се решава долгогодишниот проблем со протекување во училиштето
Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
1Скандалозно: Мануел Нојер ја изневерил бремена сопруга со 17 години помладата девојка, повторно се разведува
СветСтрашно снежно невреме во Калифорнија- стотици камиони заглавени во снег (ВИДЕО)Огромна снежна бура за време на викендот зафати делови од американските сојузни држави Калифорнија и Невада, пишува денеска Би-би-си.Снежната бура ги затвори главните патишта и остави десетици илјади луѓе без електрична енергија. Невремето е особено силно во планинскиот регион Сиера Невада, каде ветровите достигнаа брзина од 305 километри на час, јавува Би-Би-Си. Тамошните жители беа предупредени на „висок до екстремно висок ризик од лавини“. Donner Pass in Northern California pic.twitter.com/Za0Ktl8mL3 — Coco Ferrara (@CocoReimagined) March 3, 2024 Мапата за снабдување со електрична енергија покажува дека повеќе од 33.000 луѓе во Невада и речиси 24.000 во Калифорнија се без струја. Вчера биле затворени 121 километар од Меѓудржавниот пат 80. На повисоките места се очекува да падне снег до еден метар, соопштија американските метеоролози, предупредувајќи дека тоа може да создаде „ситуации опасни по живот“ за луѓето во близина на езерото Тахо. UPDATE: Hundreds of cars stranded on I-80 near the Donner Summit…blizzard winds and heaviest snow of the storm starting. It’s a race to see if they can clear the interstate before cars get too buried. @bclemms #california #snow #blizzard #donnerpass #CAwx pic.twitter.com/6vOJkDmfDA — Jonathan Petramala (@jpetramala) March 2, 2024 Националниот парк Јосемит исто така беше затворен во петокот, а посетителите беа замолени да заминат до пладне. Метеоролозите ги повикаа луѓето да не патуваат, предупредувајќи дека ќе биде потребно долго време за да се спасат патниците од снегот доколку се заглават во невремето. We're getting absolutely hammered on Donner Pass road right now. Wind gusts approaching 60 mph #cawx #winterwx #blizzard pic.twitter.com/cxgcbmeCgc — Donovan Johnson (@Donovan_J19) March 1, 2024 Екстремни временски услови зафатија и други делови на САД, пишува Би-Би-Си, како што е Тексас, каде беснеат шумски пожари. We are buried in Truckee, with heavy snow continuing and another 2-3 feet of more snow likely by tomorrow afternoon. #CAwx pic.twitter.com/fbQ488HovL — Colin McCarthy (@US_Stormwatch) March 2, 2024 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39Мицкоски од Брисел: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги 20:50
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
Гордана Сиљановска Давкова утре во Охрид ќе биде домаќин на Процесот Брдо-Бриони, се очекуваат сите регионални претседатели на држави11:00
Декларација по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Преспанскиот договор и договорот со Бугарија да се почитуваат во добра волја08:39
Автомобилизам„BYD“ мора да го повлече својот теренец: „Land Rover“ доби важна битка„Јагуар Ленд Ровер“ (JLR) извојува голема правна победа против кинескиот BYD. Судот со седиште во Хаг пресуди дека моделот BYD Ti7 е премногу сличен на „Ленд Ровер Дефендер“, а неговото производство, увоз, продажба и дистрибуција се забранети низ целата Европска Унија. „BYD Ti7“ е голем хибриден теренец со пет или седум седишта. Судот конкретно го наведе обликот на куќиштето, резервното тркало на задната врата и препознатливите детали што потсетуваат на „Дефендер“. „BYD“ тврдеше дека има значителни разлики во дизајнот, но судот заклучи дека тие не го менуваат целокупниот визуелен впечаток на возилото. Пресудата се базира на дизајн на JLR од 2018 година. Европските компании на BYD имаат седум дена да ги прекинат сите активности поврзани со спорниот модел. За непочитување на забраната е предвидена казна од 100.000 евра за секој ден прекршок или 25.000 евра за поединечен прекршок, со максимален износ од 10 милиони евра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитровска: Со анализа на цените на становите во секоја општина поединечно ќе се утврдува основата за пресметка на 20% попустот наменет за младите брачни паровиИзминатава недела постојано говориме за новите мерки за младите брачни парови. Истите се очекува наскоро да бидат објавени, а во тек е и подготовката на законите од страна на Владата, во соработка со надлежните министерства. Се очекува законските решенија да се најдат пред пратениците во текот на месец декември, со цел да започнат да се применуваат од наредната година. Првиот закон се однесува на младите брачни парови, при што еден од партнерите треба да биде на возраст до 35 години. Тоа значи дека мерката се проширува и ќе овозможи купување станбена површина по цена која е за 20% пониска од просечната пазарна цена во претходната година. Вчера, претседателот на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека веќе е направена анализа на податоците од Катастарот за првите три квартали од оваа година, врз основа на која ќе се утврдуваат цените за следната година. Па така, на пример, во Општина Центар просечната цена на квадратен метар станбена површина изнесувала 1.915 евра, што со предвидениот попуст од 20 проценти би значело цена од околу 1.530 евра за метар квадратен. Во Општина Карпош, каде што просечната евидентирана цена изнесувала 1.386 евра за метар квадратен, со попустот цената би изнесувала 1.110 евра, додека пак во општина Аеродром, просечната цена изнесувала 1270 евра, а со попустот цената би била 1016 евра. Исто така, предвидено е секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект да издвои 10 проценти од станбената површина за лицата кои ги исполнуваат условите утврдени со законот. Вториот закон предвидува ослободување од плаќање комуналии за младите брачни парови кои го исполнуваат предвидениот возрасен услов. Со оваа мерка, која веќе се применува во дел од скопските општини, се предвидува можност за нејзино проширување на целата територија на државата, со што дополнително ќе се намалат трошоците и ќе им олесни на младите брачни парови процесот на решавање на станбеното прашање. Почитувани, Со овие два специјални закони, Владата им го олеснува решавањето на станбеното прашање на младите брачни парови, со цел да им обезбеди подобри можности и поддршка при создавањето сопствен дом. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да работи на создавање нови можности за младите, подобрување на нивниот животен стандард, но и да дава поддршка на различните категории граѓани во секоја сфера. Веќе две и пол години, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи напорно за сите граѓани да можат да живеат достоинствено во својата земја. Катерина Димитровска, член на ИК на УЖ и пратеник Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизСофија Вергара во бикини го запали Инстаграм: Тешко е да се поверува дека има 54 годиниНајплатената телевизиска актерка на светот, колумбиската актерка Софија Вергара повторно привлече огромно внимание на социјалните мрежи. Ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ објави фотографија од плажа каде што позира во сино-жолто бикини, а на многумина им е тешко да поверуваат дека има 54 години. Според дел од медиумите сцената од одмор предизвика бројни реакции кај нејзините обожаватели. На фотката атрактивната Софија може да се види како ужива на сонце, лежејќи опуштено на пешкир покрај тиркизното море и песочниот брег. Фотографијата брзо ги обиколи социјалните мрежи, а обожавателите повторно коментираа за изгледот на актерката, која, дури и во шестата деценија, привлекува внимание. Објавата од плажата следува по нејзиниот неодамнешен престој во нејзината родна Баранкила, Колумбија, каде што претходно оваа недела беше наградена со Златен медал со чин командант како признание за нејзината успешна меѓународна кариера.Тагови: Софија Вергара Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook