Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите
2Мицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформите
3Серафимовски: Со грант од 2 милиони долари ја подготвуваме „Злетовица“ за инвестиција вредна 103,2 милиони евра
ЖивотСтотина тарантули се секојдневната опсесија на скопјанецот Дарио СтојановскиГолем дел од луѓето во Македонија чуваат домашни миленици и изборот најчесто паѓа на кучиња или мачиња. Сепак, има такви кои чуваат помалку необични животни за наши услови. Стотина тарантули се секојдневната опсесија на скопјанецот Дарио Стојановски. Тој уште од дете имал силна пасија да се грижи за необични миленичиња и животинчиња. Се започнало пред шест години кога дознал дека постои заедница во Македонија која чува тарантули. Во неговата колекција, која е добро заштитена од природна светлина, во терариуми живеат овие животни, а голем дел од нив се бебиња. „Тарантулите се чуваат во терариум, односно живеалишта налик на нивните природни. Тука станува збор за температурата, влагата, материјалите, земјата, пленот што го јадат. Тие се многу едноставни суштества. Имаат инстинкт на кој реагираат и се многу смирени низ текот на целиот ден.“ Во светот постојат околу 1000 видови на тарантули. Женките во просек живеат до 30 години, а мажјаците до 10. Тие се хранат со муви, лебарки, штурци , црви – односно пленови кои се помали од нив. Кај луѓето владее мислење дека тарантулите се опасни и непријатни животни. Дарио вели, тие пајаци заслужуваат повеќе почит и треба да им се даде шанса. „Ние луѓето се плашиме од се што е непознато. Сепак, пајаците треба да добијат разбирање и почит дека тие прават многу работи за нас. Не ги сакаме мувите и лебарките, пајаците се тука за тоа. Нивната пајажина се употребува за производство на панцири, а отровот е лек во медицината.“ Климатските услови не дозволуваат овој пајак да живее во Македонија. Најблиско место каде има тарантули е островот Крит. Во колекцијата на Дарио, има најмногу тарантули од „стариот свет“ – Азија, Африка и Европа. Има и такви кои потекнуваат од Америка, и се помалку опасни од останатите. И самиот Дарио имал непријатна случка со една од неговите тарантули, но по негова вина. –„Нивните братучеди од „стариот свет“, имаат еволуирано на друг начин. Тие ги немаат тие влакненца и така компензираат со нападен карактер. Некои видови имаат многу силен отров. Може да настанат компликации при каснување. Иако имало угризувања, сепак немало со фатални последици. Еднаш додека работев со нив и ги хранев, како што го отворам терариумот, пајакот летна во вис. Морав да го фатам. Што и да биде-биде. Го поклопив со рацете и ме касна. Имав благи симптоми, локални болки и сува пот.“ Ова хоби не е скапо, додава Дарио. Но сепак, грижата за толку тарантули одзема многу време – нешто што е најголем непријател на ова момче. Тој советува, дека ја за чување на една или две тарантули, доволно е еден час во неделата грижа за нив. Вели дека и во иднина ќе продолжи да се грижи за неговата најголема опсесија – тарантулите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
БалканГолем пожар во туристички регион во Турција: Евакуирана болница и десетици куќи (ВИДЕО)Голем шумски пожар што избувна во туристичкиот регион Мугла во југозападна Турција доведе до евакуација на жителите и затворање на еден главен пат.Десетици домови се евакуирани, како и одделението за интензивна нега во локалната болница, а автопатот помеѓу Фетије и Анталија е затворен поради густ чад, објавува Бианет. Пожар потпомогнат од ветер се прошири Пожарот избувна на обработливо земјиште во населбата Бајир во округот Сејдикемер во Турција. Силните ветрови потоа го проширија во блиската шума. Пожарот се гаси од воздух и од копно, а според соопштението од канцеларијата на гувернерот на Мугла, на терен се распоредени речиси 400 луѓе, пет авиони и 12 хеликоптери. Turkey: A fast-moving forest fire in Seydikemer, Muğla has spread to the Seydikemer–Fethiye highway. Strong winds are making it really difficult for the firefighters. pic.twitter.com/qmxa8vv8KG — Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) July 29, 2026 Превентивни евакуации Како мерка на претпазливост, властите евакуираа 65 лица од 43 домови лоцирани во близина на местото на пожарот. Одделенијата за интензивна нега и палијативна нега на Државната болница Сејдикемер се исто така евакуирани. Болницата е оддалечена околу 2,5 километри од пожарот. JUST IN - Wildfire in southwestern Turkey forces evacuations, closes highway pic.twitter.com/qq4Wcj4pLA — Insider Paper (@TheInsiderPaper) July 29, 2026 Прекин во сообраќајот Автопатот што ги поврзува Анталија и Сејдикемер е затворен за сообраќај. Властите соопштија дека пожарот и густиот чад целосно го покриле подрачјето, што го направило сообраќајот небезбеден.Тагови: пожар турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00
ФудбалАл-Итихад му понудил на Меси рекордни 1,5 милијарди евра, но тој ги одбилПретседателот на саудискиот клуб Ал-Итихад, Анмар Ал Хаили откри дека бил подготвен да го урне светскиот рекорд за највреден договор во спортот само за да го доведе Лионел Меси.Според првиот човек на Ал-Итихад, клубот му понудил на капитенот на Аргентина фантастични 1,5 милијарди евра по заминувањето од ПСЖ, за трансвер во Саудиска Арабија, но Лео без двоумење ја одбил понудата и се решил кариерата да ја продолжи во Интер Мајами. „Му понудивме 1,5 милијарди евра, но тој ја одби понудата затоа што неговото семејство сакаше да живее во Мајами“, изјави Ал Хаили. Еден од најдобрите светски фудбалери во историјата без многу размислување ја одбил фанстатичната понуда бидејќи сакал да остана доследен на своите лични приоритети и изборот во иднина да продолжи да живее во САД иако саудискиот клуб бил подготвен да понуди историски договор. 39 годишниот Меси по заминувањето од Париз, од 2023 живее во Мајами во САД, каде го носи дресот на Интер Мајами.Тагови: Лионел Меси Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на работен состанок за реформската агенда: Остануваме посветени на спроведување на реформитеПремиерот Мицкоски денеска одржал работен состанок посветен на реформската агенда, на кој преку онлајн обраќање учествувал директорот на Генералниот директорат на европската комисија за проширување и источно соседство, Герт Јан Копман.На состанокот се зборувало за досегашниот напредок, следните чекори и координацијата меѓу институциите, со цел реформските процеси да продолжат ефикасно, навремено и во согласност со утврдените приоритети. На состанокот на кој учествувал и заменик министерот за јавна администрација Лазе Јаќимовски, во фокусот биле и реформите во јавната администрација, информираа од ресорното министерство Остануваме посветени на спроведување на реформите што ќе придонесат за поефикасни институции, подобри услуги за граѓаните и забрзан напредок на државата, изјави денеска Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33Забраната за вода во Гостивар останува во сила до добивање три последователни исправни анализи08:55Паѓа цената на нафтата на светските берзи: Барел Брент се стабилизира на околу 85 долари15:00